Ај и јас да прашам нешто, што ме буни бидејќи јас прв пат сама си купувам билет. Ја купив картата и си ја отпечатив. Летот ми е утре. Денес на мејл ми стигна нешто check in да кликнам, ама само на смартфонот, на компјутер не ја гледам таа порака. Кликнав check in и ме пренасочува на сајтот на wizz air subscribe нешто да сум кликнала и на англиската верзија на сајтот. Нели со отпечатувањето на картата е готово или треба да се чекирам? За Ајхдховен станува збор.
Ова значи дека ако летот е во 6часот, до 5 мора да завршам со сите контроли? Околу 4 да одам на шалтер итн итн?
Треба да се чекираш 48 часа пред летот (ако имаш обична, од најевтините карти), или еден месец ако имаш од поскапите. Со самото чекирање добиваш Boarding pass со кој треба да отидеш на шалтер Да, чекирање започнува 2 часа пред летот дури и да доцни авионот, чекирањето си започнува во планираното време.
Благодарам многу за одговорот. Јас 5 дена пред да патувам ја купив картата и веднаш сум ја чекирала веројатно, бидејќи тогаш право ја отпечатив. Со тоа денес нема што да правам check in, така ли?
И уште нешто. Како е за Холандија, Ајндховен со чекирањето, можам ли online да се чекирам од таму за Скопје?
Здраво, Прв пат ќе патувам со авион и многу работи не ми се јасни. Ве молам некој да ми објасни.. ПРВО, ја погрешив картата- "This is not a boarding pass" и наместо бројот на пасош јас го напишав бројот на личната карта и датумот на истекување на истата. Сите информации што беа дадени ги внесов и не знам зошто вака ми испадна.. И ВТоро сега кога сакав да си проверам информации на страната која се најавив на пс ми даде дека сум родена 2020 година.. Го сменив дури сега датумот.. Ве молам за било каква помош, искуство и насока.. Не знам што да правам.. Ќе патувам до Германија ако има некаква врска тоа..
Јас ке одам во сабота со авион и сакам да прашам нешто за куферите. Имам пријавено багаж до 20 кила и торба со тркалца во кабината со одредени димензии (55х40х23). Мора ли таа торба да е со тие димензии и што смеам да ставам во неа (ми кажаа парфемите ги земале) ?
Парфеми можеш до 100мл ако се.. не ти ги земаат, само треба да ги спакуваш до ќесенце.. Смееш се, освен течности над 100мл (1литар вкупно), оружје, ножеви и слични работи... Торбата може да е со тие димензии ИЛИ помала. Поголема НЕ.
Можам денес да резервирам карта на апликацијата WizzAir, а дури во понеделник да го внесам бројот на пасош?
Купив карта повратна Љубљана-Скопје но не ги внесов личните податоци, сега само да ја испечатам картата што ми е пратена на маил или морам пред да патувам да ги внесам тие податоци на интернет?И уште едно прашање,имам македонски и бугарски пасош.Тука сум пријавена со бугарскиот поради работа,а во мк несмеам да го покажам тој.Со кој пасош да се чекирам и потоа за назад на аеродромот во Мк морам со македонскиот,но дали подоцна нема да имам проблеми тука за престој што ќе бидам повеќе од 3 месеци?
И јас се бунам околу пасошите бидејќи ќе патувам прв пат со авион летово и не ми се баш јасни. А во врска со чекирањето мислам дека не е морално и кога ќе отидеш директ на шалтер ти ги пополнуваат и ти даваат Boarding pass, бидејќи јас додека ги резервирав картите ми излезе опција ако сакам да ги внесам или да прескокнам. Сепак некој поупатен ќе каже пак за точно.
Мм патува со Мк пасош а има и Бг, во Мк на аеродром го покажува Мк пасош а кога влегува во Германија го покажува Бг пасош. До сега немал никакви проблеми.
Ако не се чекираш онлајн а не си одбрал седиште дали автоматски ти дава седиште или како? И дали мора 48 саати пррд лет да се чекираш онлајн или може и помалку?
Автоматски ќе ти даде рандом седиште кога ќе се чекираш. Чекирањето започнува 48 часа пред летот, значи може и дента кога ќе леташ да се чекираш, и 5 саати пред летот исто