Сo Wizz е дозволена една штека колку што јас знам. (Со рачен багаж) Јас носев една, и немав никаков проблем.
1 само. Јас читав по групите почнале да вадат се живо и диво од куферите, и ако цигарите се повеќе од 1 штека ем што ќе ти фрлат, ај ќе платиш и казна.
Дали тркалцата на куферот се вклучени во димензиите? Имам куфер од Дуки Дасо, од малите. Продавачката вика соодветни се тие за 10кг, но прв пат ќе патувам, со priority (55х40х23) и ме буни тоа со тркалцата.
Дали сте знаеле дека можат да не те пуштат во авион на компанијава со изговор дека сте стендбај патник и дека нема место за вас?? На другарка ми која требаше денес да се врати во Минхен и која мораше итно да се врати, која уби пат и пари за такси до аеродром од друг град и рекле извини ама немаме место за тебе. WTF? Како ова автобус за до село е па ајде нема место, јас никаде не сум го прочитал ова во нивните правила и прописи, не ни знаев дека може да се деси, а картата и е купена пред цели два месеци.
Мене ми се има случено во Виена со Луфтханза. Имаа продадено повеќе карти отколку што имаа патници, затоа што си има секогаш процент на луѓе кои не доаѓаат на летот, па им е искалкулиран ризик. Не ми рекоа дека не може да летам, туку ми кажаа дека нема место во авион и ако сакам да се пријавам доброволно да летам со следниот. Хотел и пари - платено од нив. На Визер не им ја знам политиката. Можеби @Herrera знае точно
На аеродром во Франција ни рекоа дека по ново ако сакам сама да летам со детето мора дозвола од таткото. Некој скоро прашуваше мислам па ете по ново требало.
Искрено, не добив никаква нотификација дека сум тагирана, ја отворив темата оти беше во новокоментирани теми на форумот. Да, во право си, се има случено патникот да дојде да си чекира багаж, а летот да е преполн, па мора тој патник да чека кај излезите додека сите патници се качат. Во овакви ситуации најчесто ги замолуваме пилотите за дозвола да седне тој екстра патник на некое од седиштата каде што седат стјуардесите. Има разни фактори за да се донесе одлука и дозвола, оти за ефикасен лет се ставаат толкав број на стјуардеси колку што има патници. Од обуката ни е кажано 1 стјуардеса на 50 патници, па ако е букирано 200 патници, по логика се ставаат 4 стјуардеси на летот. Е сега , ако е мал авионот , тип А320 , тука има место за максимално 4 стјуардеси, а во нашиот случај 1 екстра патник, во тој случај една од стјуардесите за време на полетување и слетување ќе седи во пилотската кабина, а тој екстра патник ќе седи на нејзиното седиште. Во случај на 2 екстра патници, приоритет ќе има патникот кој порано дошол да си чекира багаж. Знам дека некогаш не е фер оти се има случено се жали човек кој често летал зошто он да нема приоритет. Во тој случај ќе мора да се жали директно во WizzAir. Значи конечен одговор - ДА - , може да се случи при преполнет лет , да нема место за екстра патници и да мораат да бидат исклучени од летот.
Дали ова важи и може да се случи доколку си имаш избрано и чекирано седиште , но немаш приоритет и багаж?
Не. Ова важи само за оние патници кои не се чекирале онлајн. Само да се дообјаснам : (пример ги земаме македонските патници ) Значи кога одговарам на темата пишувам како е тука во Берлин кога си чекираат куфери македонците кои полетуваат за Скопје. За нив важи, МОРААТ да се чекираат онлајн иначе ќе си имаат додатни стресови, 35 евра за чекирање на шалтер , значи додатни трошоци, плус нервози нема да можат да седат заедно еден до друг оти најчесто онлајн се веќе чекирани тие што си купиле карта и во цената си имаат и резервација на седитште, или стресови од типот да нема место во авионот и да биде неизвесно до крајот на летот. Е сега, во Скопје како што знам кога одите на аеродромот, таму директно ви ја чекираат картата и ви доделуваат седиште. Е тука без проблем поминуваат само оние кои си имаат резервирано седиште при купување на авио билетот. Тоа место никој не може да им го земе. А оние кои немаат резервирано седишта, мораат да дојдат порано за да си зафатат место и да не се стресуваат дали ќе добијат седиште при полн лет. Морам да бидам максимално искрена.....има примери кога си имаш врски во скопскиот аеродром. Ситуација : свесен си дека покасно ќе стигнеш на аеродромот, а не си ја чекирал картата онлајн , ако имаш врски , вртиш телефон кај тој и тој и он ќе им каже на тие долу на шалтер да ти резервираат седиште на твое име. Ти ко ќе стигнеш на аеродромот бааги касно за да си го чекираш куферот , фино лепо ќе ти ја испринтаат картата и никој околу тебе не знае дали ти со врски си или пред тоа си резервирал седиште онлајн. Знам дека некои работи треба да траам, ама не можам, немам мирна совест ако не кажам како реално стојат работите.
Нели со он -лајн чекирањето 48 часа пред лет ти се доделуваат рандом седишта? И тие може некој да ти ги земе ако дојде попрво од тебе ?
Вајда ДА. Иначе мислам дека само за Германија кога се лета мора на аеродром во Скопје да се прави чекирање нема за онлајн опција, ја до сега на маж кога му чекирав такви карти 48 саати пред летот онлајн од Гер-Мкд гледав стално на саатот да му фатам ред во почетокот на тие 48 саати.
Спојлер: Една тајна Во програмата на компјутерот кога идеш да си го чекираш куферот, има опција за преместување седишта , но кажано ни е да не ја користиме таа опција, значи да се избегнува. Има ситуации кога ќе дојде некој накурчен маж спремен за тепање кој онлајн веќе си чекирал карти со жена му, ама не им се паднало седиште до прозорот а заедно седат, па со судни маки се преместува патник кој веќе си резервирал да се помести. Пример ; парот сакаат да седат на седишта 8А, 8Б , а им се паднало 8Б, 8Ц ......и ескалира ситуацијата скроз, се преместува патникот од 8А на 8Ц и му се издава нова карта со седиште 8Ц , а овој на негово место. Еднаш коментирав у темата сакам да кажам , ама после мене некои членки коментираа дека сум немала култура ако не им попуштам на нашите. Верувај дека и мене ме фаќа жал и одма се трудам да им предложам било што друго само да влезат во авионот, па после ако сакаат они во авионот сами нека се разместат. А се што си чекирала онлајн и си добила рандом седиште, тоа си останува за тебе и не смее никој да ти го земе. Само оние кои не се чекирани онлајн, тие мораат порано да дојдат на шалтер за да им се доделат седишта.
Во случај на стендбај патници луфтханза секогаш нудеше ваучери од неколку стотини евра за оние кои ќе го откажат летот. Обично одеа и до гејт, па на лице место после чекорење на патниците со претовар се гледаше какво е стањето, па ако треба во последен момент да се вратат назад. Не беше лоша работа. По фамилија и до 1000 евра ќар испаѓаат. Доброволци се јавуваа упатените.
Не ми пречи разделеното седење, бар еден од нас двајцата се паѓа до Рефче, не е којзнае колку долга ,,вожња,, па да припаѓаме во несвест. Не е пријатно да седиш до рандом лик, ама тоа е тоа-кој сака нека си палти 300 денари и нека си седи каде ќе си одреди сам. Впрочем и стјуардесите секогаш излегуваат во пресрет па штом ќе се заседнат сите, прават замена да седиме заедно. Иначе, ВИЗЗ многу ниско паднал со критериумите за стјуардеси. Некултурни, несредени, невоспитани... Секоја чест на девојките кои си ја заслужуваат ,,тутулата,, стјуардеса, ама исклучоците го расипуваат филмот за убавина на небото.
Ти како обичен патник , тоа си приметила. Јас ко се возам нон стоп наоѓам замерки во securing the cabin before take off. Мене ми се случи последниот пат, си имав резервирано да седам до прозор кај exit doors и ми доаѓа една стјуардеса ми вика, оваа бабата со штаки да седне на прозор, јас да сум се поместила на седиште Ц. На обуката во правила стојат дека на седиштата кај exit doors НИКАКО НЕ СМЕЕ ДА СЕДАТ БРЕМЕНИ ЖЕНИ, СТАРИ ЛИЦА, ЛИЦА СО НЕКАКВИ ПРЕЧКИ, ЛИЦА ПОМАЛИ ОД 18 ГОД. , оти во случај на евакуација треба тоа лице да биде способно да помага. Кога ја критикував стјуардесата дека таа баба со штаки не смее да седе таму, она само арогантно ме погледна и ми рече ----абе ти не знаеш како треба. Добро ајде јас со 10 годишно искуство не знам, ајде така нека биде Во тој ред кај излезите треба да се стават тие ташни горе при полетување , ама им беше дозволено на една жена така во скут да седи оти била пријателка на мајка и на една од стјуардесите. Друга грешка , имаше албанска фамилија со бебе и треба да се даде појас на бебето при полетување и слетување, ама бебето плачеше па тој мажот и рече на стјуардесата они ќе го држеле, немало потреба од врзување со појас и се согласи стјуардесата. Значи треба тука сериозно да им се каже на патниците за нивна безбедност што треба да се прави при полетување и слетување, ама од тие врски кај нас во Мк немам желба повеќе да коментирам. Тоа е
Јас првиот пат кога летав требаше сама да седам, а дм на др седиште. Ама се сменивме и седевме заедно. За назад ми се падна седиште напред пред стјуардесите. Сега кога летав бев E ама се сменив со патникот, го замолив пошто страв ми беше и сакав низ прозор да гледам и ми дозволи. Се е прашање на договор.
Толку се кикотеа, што таа што беше ПР на летот (така мислам се вика) неможеше да каже кој лет е , кој вози и слични информации. Се довикуваат од еден крај на друг. Бидејќи седев меѓу првите седишта, ги чув како озборуваат патници. Отворено кокетирање со пилотот и копилотот, ама она вулгарно, со играње на музика. Па ако нешто побараш или ги замолиш прават фаци на негодување. Ако ги погледнеш подобро, извртени им се чорапите и неубаво и непедантно изгледа. Едната го носи елекот, другата го соблекла сакото,третата ставила марама.... Виделе ли некогаш како изгледаат стјуардеси на други компании ? Иначе, во врска со седиштата на сред авион (каде место три има на двете страни по две) мене ми кажаа дека таму седат исклучиво мали деца со родител Бидејќи неколку пати ми се паѓа таму да седам со малото, им поверував. Ама еве не било така
Каде наоѓате куферчиња или торбици со пристоен изглед и цена со димензии 40/30/20? Дома се што имам премерив, ништо немам под 50см.