И јас дојдов да прашам за истото. Каде има торбици 40/30/20? Татко ми имаше купено од Зелен пазар, може таму да провериш.
Ќе патувам со визаир и имам куфер од 20кг, за во кабина ранец и куфер мал е сега наместо куфер дали можи торбица да носам и дали треба да биди во иста димензија како куферот или помала треба да биди 55x40x23 cm?
Можеш торбица со тие или помали димензии не е битно за големиот рачен багаж..за малиот димензиите од малиот, ги пишува таму. 2 парчиња рачен е само со приорити..
Прв пат ќе летам со оваа компанија па сакам а ве прашам не ми е јасно ова со цените со багажов, дали може само да ги резервирам картите за напред и назад без багаж, тоа да го средам пред да летам коа ќе се чекирам?? И дали осигурувањето исто така се плаќа во картата или ?
Може да си купиш само карти, а багаж подоцна За осигурување - си купувам од друго место, не ја знам процедурата.
Да, ако го собира во ранецот/торбата што ќе ја носиш го вадиш на скенер, а откако ќе поминеш бординг, можеш да си го извадиш и ставиш во торба за лаптоп, нема веќе проверки.
Здраво Прв пат ке патувам со авион и нз што е дозволено што не. Дали е дозволено креми за сончање , шампони .. пасти и таблети за бремени ?
Јас имам торбица со тие димензии од Локо Кроко ама прв пат ќе ја носам па ќе пишам дали ќе помине во рачен багаж. Го променив летов и картите се поефтини. Кога ќе се покажат преостанатите пари и каде? На Wizz сметката не покажува ништо. Сакам да ги искористам за нареден лет.
Да си одговорам сама. Ако цената на превоз на новиот лет е пониска од цената на превоз на првичниот лет, патникот не мора да доплати. Сепак, износот на разликата во цените на превоз нема да се рефундира. Ги враќале парите само при откажан лет. Значи подобро да го откажев па да резервирав пат. Ќе знам за друг пат. И не е фер ако е поскапа картата да се доплати, а ако е поефтина да не се вратат пари. Ќе пишам и на Wizz дека не е фер.
Гледам сте коментирале за стјуардесите на Виз. На лет со дечко ми пролетта, со платени седишта од х причини, прозорец и средина, стујардесата во Скопје доаѓа и ме прашува дали сме заедно? Зошто имало една жена сакала да седи до прозорец, а немало каде. На фул лет. Ако сакала да седи до прозорец има опција за 3/400денари. На фул лет не се бараат такви "услуги". Не знам како се воздржав ама вакво однесување не оправдувам, наместо да и објасни на госпоѓата дека задоволството се плаќа- т.е. таа зема плата од тоа, сметаше дека е во ред да прашува луѓе за разместување. Тотално бев разочарана од односот на целиот лет. Ја рушат сликата за професијата. Од распаднати пунџи до неиспеглани униформи. Сум летала повеќепати со Рајан Ер никогаш немало ни приближно непрофесионално однесување, а сум имала и бајаги подебелки и стујардеси со тетоважи на врат.
Имам едно прашање поврзано со седиштата, дали морам да ги купам или кога ќе ја чекирам картата во последните 48 часа ќе ми се доделат седишта без да ми наплатат?
Нрмора да ги купиш. Ама 48 ч пред лет кога ќе го потврдуваш летот, ќе ти доделат рандом седишта.Ако не ти е битно седењето и ако летот е краток, можеш и така да си седиш, а ако ти е важно, кога ќе седнат сите патници, на стјуардесата ќе и кажеш дека сакаш да се смениш и ќе направи напор да ве седне заедно.
И јас имам забелешки за стујардесите на Wizz air. Без манири, со лош англиски и никаков однос према патниците. Кога ги читаат инструкциите ама буквално ништо не се разбира ни на македонски. Пред некој месец до мене седеше жена што никогаш претходно не се возела во авион, и така загрижено ме прашуваше што кажале, затоа што не знае што треба да прави. Јас разбирам дека работат со наш народ, сите знаеме какви сме, ама сепак треба да разграничат што значи професионално однесување. Пролетва, при слетување стујардесата со рамен тон и прелош неразбирлив англиски кажува инструкции на разгласот (или како и да се вика). Една жена стана пред да се исклучи знакот за врзан појас. И кога грмна стујардесата со еден ироничен тон: госпоѓо, ај седнете ве молам, не ми се шетајте пред време! Значи можела и разбирливо да збори кога треба Ама тоа е, сакаме да се возиме за 19 евра повратна карта