Римелот, пудрата и тушот, бидејќи се течност, треба да бидат сите посебно помалку од 100мл (верувам дека се), и ставени во зип кесичка од 1 литар. Вака нема да имаш никаков проблем. Сенките и четките смееш исто така
Со кој пасош да се чекирам? Македонски или Бугарски? Некои ми викаат со Македонскиот, а што ако со него излезам од Македонија и не се вратам за 3 месеци и ми се бројат деновите за престој во ЕУ земја?
Онлајн, а на шалтер? И како се бројат деновите во ЕУ, кога на излез имаш Македонски пасош? Веќе си излезен и имаш 90 дена.
Како може да се дојде до достап на Discount Club? Барам инфо на страната и никако да најдам. Можеби треба да се регистрирам па да покаже. Има некаква врска со тоа колку пати си летал со нив, да собираш некакви поени од тие летови или не? Уште поевтино излегува.
Дезодоранс и храна не, апарат да - со тоа што ќе мора да го извадиш од торба на скенер горе. Исто како и за лаптоп, мобилен телефон или било каков друг електронски уред.
Discount картичка можеш да купиш само доколку купуваш и карти во истиот момент, самостојно не можеш. Поени не се собираат, ама минимум 5-10 евра попуст од лет имаш. Зависи каква храна, можеш да си носиш чипс, сендвич, чоколадо, без проблем. Според правила таа храна не смееш да ја јадеш во авион, затоа што не е купена од нив, ама можеш додека чекаш или после. Тегли ајвар - храна, тогаш не. Дезодоранс не ако е поголем од 150 мл, мини пакување до 100 мл можеш.
Јас секако ќе треба да купам билети, вака барем ќе испадне една третина од сумата помалку. Но треба да ја селектирам сумата за дискаунт клубот кога ги купувам билетите пред да ја нарачам картичката, или плаќаш нормално и после за наредните билети важи дискаунт опцијата?
За алкохолот бев 100% сигурна, ете за храната не бев, супер штом така, си имам чоколатца јадено @Snow-Star не се сеќавам најдобро, но мислам дека си ги селектираш нормалните цени и во некој момент пред да платиш, излегува понудата за Wizz Discount Club и ти кажува дека доколку ја купиш, на овој лет ќе заштедиш ХХХ пари. И во тој момент селектираш дали ќе ја купиш или не. Ако ја купиш, ти се одзема попустот, а додава сумата за картичката
Сакам да земам карта за будимпешта 31 јули и 3 агуст назад пишува дека има летови, сигурни се дативе да не е можно да ги сменат?
Би требало. Но, на пример, рутата до Ларнака од Скопје, требаше да започне на 4 јули (ако не грешам), но започна на 3-4 август (ако не грешам). Картите за оваа рута беа на продажба од 14 јануари, за прв пат. *Сепак е доста рано. За Будимпешта па речиси секогаш се ефтини, така да, гледај барем кон фебруари март, или 1-2 месеци пред лет. Сепак, сам си знаеш.
Сега и картите се скапи, не брзај, барем во март 2020 резервирај си. Гледам на Визз до август ставиле цени на карти, ама сите се иста цена. За Будимпешта вообичаено се 599 денари во еден правец, не брзај имаш време.
Сега баш отворив, не се нешто екстремно скапи картите, може и ке паднат, ама со оглед на тоа што и тие се свесни дека ке има побарувачка, може и да рипнат картите. Во право си, резервирај, плати си ги и чекај. Ама мој совет (има пишано и неколку страни наназад, види-прочитај) денот кога ке се тргнува прв да си нацртан на гејтот, зашто има случаеви на 230 места во авионот да има продадено 240 карти (се плашат да не им е празен летот) па 10 луѓе извисуваат.Тие ќе ти платат за се, ама што фајде кога ќе ги пропуштиш трките....а каде е сместувањето кое си го платил ?....
http://wizzpricehistory.com/flight/SKP/BUD/2019-08-02 тука ако гледам добро за оваа година за време на ф1 се поскапи... карти за ф1 купив, сместување уште не сум, пиши ако имаш предлог. фала