Немај гајле , прво за мајки со деца сите авиокомпании се потолерантни, никако нема да те вратат заради тоа , најлошо сценарио е да ти ја фрлат водата , но можеш после безбедносната проверка да си купиш повторно, исто и во авион само цената е малку повисока +/- 2 ЕУ. П.с . Во авион мислам дека бесплатно можеш топла вода да им побараш да ти дадат за бебето. Се надевам дека ти помогнав
fala vi na site ama mene mi bese strav deka poradi ova sto se sluci vo paris mi kazaa bile sega po strogi kontrolite i deka im gi vadele na nekoj samponite gel tusevi i dr raboti e sega imam uste ova prasanje jas denes si kupiv fen i masinka za sisanje za brat mi treba da gi prijavam
Па нормално дека ке им ги фрлат , се што е над 100мл го фрлаат , правилата се со големи букви испишани плус и слики , јас незнам зошто упорно се прават луѓево сосила глупи и ставаат се и сешто во рачен багаж( јас лично имам видено маџи и ајвари во пластично), каде и да одиш се можеш да купиш дури и поефтино од кај нас нема потреба да се влечка од тука ( џабе простор и тежина зафаќа) , ако имаш куфер плус стави внатре и мирна глава. Да ти одговорам на прашањето машинка за бричење и фенот не треба да ги пријавивиш САМО ако се по едно парче .Во рачен багаж немој никако течности над 100 мл пакување ( вода , гелови, шампони, кафе, сокови итн.)како и креми , дезодоранси , марципан и ако се мислиш Да или Не поарно Не Сепак исклучоци постојат за деца и болни луѓе .
Фала на одговорот Само, не станува збор за вода која би можела да ја купам, туку за АД млеко, 200мл. Не знам тоа како би го пренела, и дали би дозволиле да внесам во авион. Знам дека се потолерантни спрема бебиња и деца, ама скептик сум по природа, морам некако да бидам сигурна пред да се нафатам да резервирам карти.
Ќе ти дозволат да внесеш вода и млеко за бебето, без гајле. Или пак ти земи го ад млекото, ќе ти дадат врела вода во авионот да го направиш. Не прават проблем за храна и вода/млеко за бебиња.
За да ти биде попријатно патувањето мој совет , испланирај да го нахраниш детето пред да поминеш Пасошка контрола, Млекото нека ти биде нерастворено ( најдобро во оргинално пакување доколку е можно) додека да поминеш Безбедносна контрола, потоа во Авион ке ти дадат топла вода за повторно да го нахраниш. Нема да имаш никаков проблем , јас патувам многу често и знам што поминува што не Храна за детето МОРААТ да ти дозволат без разлика на сите нормативи единствено доколку им е сомнително можат да те натераат да пробаш од храната да се уверат и толку Не паничи , на секое патување има барем по 3-4 бебиња во авионот
@livert , знам, многу пати сум патувала до сега и со Визер и со бебиња во авион ама дека првпат со мое бебе и малку ме фаќа паника што и како ќе биде Има и други работи во меѓувреме кои треба да се средат за малиот, ова ќе се реши Фала на одговорите
Имам картичка за плаќање преку интернет, но не можам да платам со неа, ми бара некој код, а мене на мобилен ништо не ми стига. Стиснав да платам со банковен налог. Во која банка утре да одам и што да им речам, дали сами ќе пополнат уплатница? Колку е провизијата преку банка, а колку преку дебитна картичка?Инаку од Стопанска банка имам картичка
колку што знам со банковен налог се плаќа во централа на комеерциална банка. тоа не е ист банковен налог како и овие за останативе за плаќање. провизија зема 150 ден. и треба да носиш испечатен емаил дека си купила билет. плаќањето треба да го направиш во рок од 24 сати од резервацијата. тие таму сами ќе си потполнат и ќе средат што треба. преку дебитна и друга картичка колку што знам неможе од лани и била поскапа провизијата. а на прашањето дали стопанска врши ваков вид на плаќање нз..за комерциална е 100% дека треба во централна да се прави за останатите банки нз
Dali nekoj plakas skoro preku bankoven nalog , pa da mi kaze dali e se vo red i za kolku dena (od prilika) se dobiva potvrda od wizzair ?? Dali pokraj kartata sto mora da se cekira online, mora i bagazot ?
Луѓе направив грешка, наместо на 07, купив карта за 04 јули за Барселона . Картите чинат исто пари. Не можам да најдам која е процедурата за промена на летот. Колку се доплаќа?
Јави им се на контакт телефонот за да ги информираш за грешката. Ако е истата цена и на 7ми мислам дека е можно да ти ја променат картата без никаква доплата ама сепак најдобро би било да ги контактираш за да ти дадат понатамошни инструкции.
Мене ми се случи , но јас дестинацијата ја утнав им се јавив и ми рекоа дека само доколку се јавиш во рок од 15 мин имаат можност да реагираат , јас реагирав брзо, се јавив 5 мин по грешката и ми ја заменија дестинацијата без проблем, таа дури и се насмевна и рече дека е очигледна грешка (гледајќи ја листата на моите летови и дестинации) Во спротивно мислам дека ке мораш да си купиш нова карта .
Sakam da gi pofalam Wizz Air ,definitivno najdobri.Carter letovi do mn.destinacii i toa po povolni ceni.Dobro za cenata golema uloga igra i periodot koga sakame da patuvame,i koga kupuvame karta,no sepak cenite im se mnogu povolni.Personalot mn.prijaten i usluzen. Samo mala zamerka imam vo vrska so bagazot.Ako ne sakame da doplatime + morame da se drzime do predvidenoto.A i sega koga patuvav na dvodnevna ekskurzija da kazam ,so niv i so sebe si go zemav siseto tecnost za leki sto mi e i pola mi go isturija pred da se kacam vo avion zatoa sto bilo poveke tecnost od dozvolenoto vo tasnata koja bese so mene.Istoto mi se sluci koga patuvav i so Austrian airlines ,no pametot seuste ne mi dojde vo vrska so ova . A so drugite aviokompanii koga sum patuvala nesum imala takov problem,so ogled na toa sto sekade si ja nosam tecnosta so mene.
Здраво, да ве прашам колку време пред летот треба да се биде на аеродром, ако имате рачен багаж и веќе чекиран билет? И дали може да се носи барем мала женска ташна за пасош и телефон да ставам таму..?
Mozes sekako. Jas obicno sekogas odam 40-45 min.pred letot,i sosem e dovolno.Porano nema potreba,a i sekako ne 10-15 min.pred letot,bidejki tie na salter pocnuvaat da gi proveruvaat biletite i pasosite barem pola saat pred letot.
Дозволено ли е во авионот да се носи грицки, јадење, пиење? Иначе за куфер со димензии 42-32-25 се снајдов. Само незнам дали би ми правела проблем за 2-3 см повеќе?