Имам девојка од јатрва која работи како стјуардеса и често знае да каже дека таква била политиката на Визз - продаваат повеќе карти за едно исто седиште. мене искрено, страв ме фаќа, зашто обично имам платено и сместување кое нормално-ке пропадне.
Девојки, дали знаете како е процедурата за купување ваучер и во рок од колку време треба да се искористи? Какви податоци (лк, пасош?) треба да имам од тој што планирам да му купам?
4.2. Во текот на купувањето ваучер за подарок Wizz, клиентот не треба да ги даде имињата на патниците. Ваучерите за подарок Wizz не се поврзани со одреден патник 5.1. Ваучерите за подарок на WIZZ мора да се искористат во текот на 12 (дванаесет) месеци од датумот на купување. Патувањето мора да заврши во период од 12 месеци од купувањето на ваучерот. По тој период, ваучерот станува неважечки. Рокот на важење на ваучерите за подарок на WIZZ не може да се продолжи. Ваучерите за подарок на WIZZ не може да се рефундираат или заменат со кредит на сметката на WIZZ. 5.2. Ако ваучер за подарок Wizz не се искористи целосно за време на резервација,останатата вредност не се рефундира. Вредноста на неискористените ваучери за подарок Wizz и неискористените билети платени (целосно или делумно) со ваучер за подарок Wizz не се рефундираат. Еве одговор на твоите прашања
Ти ептен рано некако не се секирај, ниту ќе се продадат, ниту драстично поскапи ќе се ако ги земаш пример 2-3 месеци пред летање. Па и за смештајот имаш време. Јас оваа година баш планирав тој викенд дури беше Ф1 да сум во Будимпешта, ама ради промена во планот, испаднав во друга држава скроз Картите ги пратев во мај и јуни, цената стандард, отприлика ~ 2000 денари повратна. На крај краева и до Братислава можеш да леташ, па за нецели 10 евра и 2-2ипол часа пат со воз/бус ќе стигнеш во Будимпешта.
Нема да ти дозволат, треба да ти го собира во рачниот и апаратот.. Битно е каков пасош имаш на влез а не на излез.. следствено на тоа ќе излезеш со македонскиот а ќе влезеш во еу со су пасош.. На излез од еу ќе излезеш до бг пасош а во мк ќе влезеш во мк пасош.. државјаните на мк секогаш на влез и излез треба да го покажат нашиот пасош за да не се водат како странци.. тогаш е друга и политиката за престој во МК.. Купи најкасно до крај на годинава, 1528 денари ми ги дава повратно односно 2768 без виз ер членство. Не очекувај да се намалат со оглед на тоа што има настан за тој период.. Ако го сменат датумот имаш право на повраток на средствата т.е ти дава опција да избереш нов лет или да ти ги вратат парите на виз ер сметката.. Во сите овие години не ми се случило вакво нешто ниту пак се случило на летовите кај што сум летата.. Кога се чекираш онлајн ти си добиваш број на седиште и крај на приказната.. не може да нема место за тебе. А на нив секако им е продадено седиштето и парите си ги земале..не се во загуба. На гејтот последна одам т.е седам во чекалната и меѓу последните поминувам низ тунелчето.. на шалтер одам во предвидениот рок.. нема никаква потреба кога имаш бординг пас во рака кај што ти пишува број на седиште, да стоиш и да се туркаш за прв да минеш на гејт..и последен да си, истото седиште те чека
И мене не ми се случило, ама на некои кои не купуват седиште, туку само карти- да. Јас еве никогаш не купувам седиште зашто не ми е важно, плус тоа ми ја накачува цената на картата (300 ден од седиште е мислам)
Нема врска ова, не ги плаши луѓето со рекла казала. Штом се чекира картата онлајн, ти се доделува број на седиште (кое не си го платила), и со тоа нема шанса да те те врати некој , или да стоиш за време на летот. и мене никогаш не ми се случило ова, ниту на некој што го знам. Седишта никогаш не купуваме.
Wizzair не продаваат повеќе карти од седишта. Тоа се случува кај американски локални компании (кратки дестинации), ама пак не е пред да се качиш или да ти кажат "еј, авионот е полн не може да влезеш" туку тргнат и бараат волонтери кои ќе го поместат летот, им даваат надградби во прва класа, попусти, не знам што. Визер што ќе даде? Тие само пари гледаат како повеќе да извлечат
Од кога тоа? Картите што ги купив за на 16ти октомври уште се без пасоши внесени И ми дава да ги чекирам а и последните 2 пати што летав од Скопје, дури и boarding pass си вадев и се качував веднаш оти немав багаж. Не се противам, само сакам да помогнам ама не ја сфаќам ситуацијата. На веќе чекирана карта е погрешен/променет пасошот?
Можеш, само некогаш мораш да чекаш до последните 24 или 48 часа ако не сакаш да селектираш седиште, туку автоматски да ти се додели. Инаку регуларно си се чекираш и внесуваш пасош за време на чекирање. Да не има уште многу време до летот? Да не не е отворено чекирањето уште?
За германија со МК пасош ако си не можеш да ја чекираш онлајн, во право е @Gosh Инаку пасош внесуваш кога се чекираш..до тогаш не ти треба број на пасош. Ако си се чекирала 30 дена пред лет а меѓувремено имаш нов пасош, стариот и новиот заедно ќе си го носиш и немаш проблем. За тоа што ти дава да ги чекираш а не е 48 часа пред лет е затоа што ќе те натера да избереш седишта за да се чекираш сега.. чекирањето се отвара технички 30 дена пред летот и ако си доплатиш за седишта, можеш да се чекираш и тогаш.. @DAngel @nightingale
Знам тоа, знам, за триесетте дена. Значи 48 часа пред летот кога ќе дојдат ако внесам македонски пасош нема да ми го прифати Оф... тоа не сум знаела Инаку, и мене ми е летот за Германија