Ауу чекaj, да не ви се појавува тоа "This is not a boarding pass. All non-EU citizens must proceed for VISA check"? За тоа имаше некој workaround. Или скроз ти го одбива пасошот на формата? Последно јас за Франкфурт кога летав, колку што се сеќавам имав чуден boarding pass без бар код. Ама имаше начин да се испечати генерираниот, нешто директ преку линкот од мејлот. Ама може е сменето, јас накај Германија не сум летала година дена најмалку.
@Dust, морам да дојдам во Февруари да земам нов пасош, ама сакам сега да ги купам картите оти се поевтини. За картата за назад, нема да можам да се чекирам се додека не ми ја издадат картата, значи можам да одам со новиот пасош?
Сега ќе си ги купиш картите за двата правци, за тоа не ти треба број на пасош. Кога ќе си одиш од мк, ќе го имаш веќе новиот пасош и кога ќе се чекираш (48 часа пред лет) ќе ти побара да го внесеш бројот на пасош и ќе си гп внесеш новиот..и толку. Појасно е? Што сакаш прави, бординг пас само на шалтер на аеродром ќе добиеш..
Ако се појавува вакво нешто на boarding pass, грешка е на модулот за печатење на системот нивен, што беше случај јас кога патував. Не значи дека треба да идеш на шалтер. Тоа мислев. Ако не ти прифаќа пасош воопшто, тогаш нешто е сменето во процесот.
Тоа ако ти се појави, значи дека немаш бординг пас и завршен муабет. Немаш код да скенираш кога ќе стигнеш на гејтот. Ако не одиш на шалтер како ќе поминеш на гејт?
Ама ме читаш ти дека bug им е на системот? И дека картата се печати поинаку? Дека нема врска со boarding pass-от и дека тој си постои изгенериран? Ама ако иди си ти на шалтер како добро учениче
Фала, ми требаше ко на идиот да ми објасниш. Сто пути го прочитав првиот одговор, па решив да си препрашам. Фала пуно.
Читам тоа што пишуваш ама одговор не пишуваш! Само вртиш од околу, баг бил .. и тоа само за германија им е баг а? Каква случајност .. Како ќе ја испечатиш кога ни на апликацијата ни на веб страната не ти ја дава?! Или ете пак ќе го скокнеш одговорот?
Па нагласив АКО се појавува нешто како screenshot-от што го пратив. Ама ти толку читаш. Проверив, Print as HTML треба да се направи АКО се појавува таков boarding pass. И олабај се малце де, не драми. Ако сакаш иди си на шалтер. Плус не им давај лажни информации на луѓево, нема врска со пасошот. Веб чек ин мора да се направи, ако не успееш да добиеш boarding pass, идеш на шалтер или контактираш support. P.S. Има баг само за Скопје-Базел. Две години веќе. Нема врска тоа шо е само за Германија. Нестабилен е сајтот.
Прво и основно ако ти си летала само за Базел па толку знаеш, еве да ти кажам, во последниве две години имам летано 4 пати за Хановер, 1 за Меминген, 2 пати за Берлин и еднаш за Хамбург и за сите дестинации е истото. Не е само за Базел Така да не ги доведувај ти во заблуда тие што ги интересира! Имам пробано и ти како што викаш print as html ама исто е. Исто е и од апликацијата. Од секаде е исто. Никаде не кажав дека веб чек ин НЕ ТРЕБА да се направи (дај цитирај каде пишав тоа) туку кажав дека бординг пас не добиваш, на шалтер ти даваат. Чилакс малку.. остави ги и тие што летале повеќе од тебе да кажат..
Пошо неам баш желба да ти цртам еве ти скриншот Чекирањето на аеродром е бесплатно и вклучено во цената. Последно ми се чини дека ми дозволи да внесам број на пасош и податоци ама сепак мораш да одиш на шалтер за бординг пасот..затоа е и бесплатно
Фала на одговорот Иначе пишав мејл директно до аеродромот, ми рекоа дека не би имало проблем, само батеријата да е внатре во фотоапаратот.
На нашиот аеродром нема да ти направат проблем што имаш 2 парчиња багаж, ама кога ќе се враќаш и те како можат да те натераат да си платиш.. затоа ти викам место да си имаш. Иначе нормално можеш скоро се што сакаш да пренесеш, имам и камера носено и лаптопи и уште поголем фото апарат од тој и немам проблеми.. дури најчесто ни батеријата не те тераат да ја извадиш, доволно им е целиот апарат да го извадиш од ташничето и да го ставиш во тие пластичните корпи да помине на скенер.. Истата постапка е и за лаптоп и други работи..извадени да се. Убаво да ди поминеш и спакувај една маица помалку за секој случај, да не ти речат да го ставиш во рачниот ташничето од апаратот
Повели,прочитај туѓи искуства и искуства на вработени во Визз. Имаше цела една дискусија за ова. Воедно препрашав девојка која работи во Визз ,истото ми го кажа Значи, не е баш рекла-казала
Продаваат, другарка ми пред месец дена ја вратија, ете пишав искуство тогаш. Исто и јетрвата со зетот пред две недели, на различни дестинации. И мене ми се нема случено, никогаш не купувам седиште само чекирам, ама сега веројатно ќе почнам особено ако патувам во периоди на празници и лето. Исто сакав да кажам дека на враќање од МК немавме седишта еден до друг со ми и девојката која работеше на шалтер не праша дали сакаме да не стави заедно, рековме да, не побаравме ние, потоа ни се насмевна и рече мала тајна, значи и тоа може. Многу беше фина.
^да не седите заедно се случува особено кога чекираме карти 48ч пред лет од тие што не се доплаќаат. Е сега девојките кажуваат кога веќе ја имаш картата на неа има број на седиште, многу е чудно истото седиште да го има и друг. Ама се е у игра со визер :/