Да де, не е муабетот кога имаш и седиште купено туку кога немаш, и дека продаваат повеќе од што имаат седишта секако
Мене ова ми се случи во време кога не постоеше онлајн чекирање, да, јас сум си искуството од Луфтханза. Редовен патник, не стенд бај, не екстра. Си одиш на шалтер и ти викаат нема место. Ова го прават многу големи авиокомпании, Луфтханза, Austrian Airlines, Swiss Airlines итн. зошто да не и Виз. Сосема легално е, со цел максимизација на профит и со секогаш искалкулиран ризик. (гуглав пред да го напишам, is overbooking legal). Сум била и на другата страна на ситуацијата, сум имала карти и не сум се појавила на лет. Win-win за компанијата
Здраво, мала помош ако може. Имам ваучер од Виз Ер маратонот. Дали може да се искористи за двајца или треба само за мене да купам карта за да ми важи ваучерот?
Доколку ги купуваш картите за двајца во исто време, од ист account, ваучерот односно попустот, влијае на вкупната сума
Дали некој ја користел опцијата да букира автобуски трансфер до аеродром преку страната на виз ер? Размислувам да одам со автобус до аеродром меѓутоа не знам како тоа сето функционира и така малце ми е шубе да не закаснам на крај
Aко не се лажам, едно време превозот на Виз Ер беше всушност Вардар Експрес аеродромската линија, за која можеш да купиш карти и директно на Меѓуградска Автобуска. Ако некој има друго инфо, нека сподели
Во Џамбо земав една торба, околу 400-500 ден. Не ми личи на многу квалитетна, ама за цената, неколку пати ќе заврши работа. Инаку димензиите и се малку поголеми од наведените на Wizz, но не ми правеа проблем, не ја полнев многу, и торба е, може да се стутка.
Фала ви девојки на одговорот. Ќе видиме како ќе испадне. Преку апликацијата има да се впише и во колку саат да те земат од автобуска а од друга страна знам дека редовната линија си има одредени термини кога оди. Се надевам да се снајдам со сопствен превоз, работен ден летам претпладне.
Има ли некој проблем со wizzair. Ја чекирав картата, се беше во ред (48 часа пред лет) но не можам да ја симнам. И на апликацијата не ми ја дава, само outbound летот стои, а пишув дека сум чекирана. И седишта и се. 100ти пат чекирам карти на wizz, никогаш ова не ми се случило. Се мислам да не е системски проблем, ама еве и денес не сака. А вечер летам. Без карта
Едно прашање.Ќе патувам со wizz air со повратна карта.Ме интересира во случај да сакам порано од датата да се вратам дали се заменува картата ?
Само ако имаш флекси доплатено ти е бесплатно колку сакаш можеш да менуваш датуми иначе се доплаќа такса за менување плус разликата во цена на картите
Видов дека е 40 евра од карта.А викаш и плус разликата во цената , а ако може ги начекам поевтини Фала Дасти
Нема да има проблем за чекирање на шалтер? Не стигнува на емаил карта никаква...За Германија е летот...