Истото го помислив и јас еднаш цена 50 е пример др 25 е а во рок од неколку минути. Еве баш сега чекам да чекирам карта зада ја спуштат цената.
Вака ми е кажано: Туристичките агенции откупуваат авион за (на пример Кипар), и тоа 150 седишта (од вкупно 230) На сајтот за тој датум летот во еден правец е 1199 денари. Туристичката агенција нема ,,кворум,, и го откажува патувањето (зашто не се пријавиле доволен број патници) и за тој датум на сајтот веднаш цената паѓа на 599 денари (за да им се продаде целиот лет).
Мислам дека е 10кг ама не сум.сихурна кај нас во Мк не ни правеа проблем а ранците ни беа малку поголеми од 40×30×20 и тука во Гермнија не ни правеа минатиот пат сега ќе видам оваа недела.
Vo nedela patuvam za Mk od Basel dali mozam da prenesam parfem 50 ml pudra korektor i prajmer Dali bi postoelo sansa da mi gi frlat ?
Парфем можеш и до 100 мл, било каква течност до 100 мл, а да не надмине вкупно 1 л. Ги ставаш во проѕирна зип ќесичка и ги вадиш на скенер.
Ако е во мали количини не чепкаат. Сум носела квики, кроасан или некоја ситна грицка, да ми се најде зашто ако летот е вечерен кога ќе стасаш некаде можеби и се ќе е затворено.
За чоколади нема да прават проблем. Се што е спакувана храна во тврда состојба (да не е течност) можеш без проблем да пренесеш. Течност само до 100 милилитри секое индивидуално и вкупно 1 литар. Исклучок е храна за бебиња и мали деца (каде се дозволува вода за млеко растворање или мало пакување млеко или тегличка со храна - овие одат на посебен скенер обично). За ова никаква улога нема авио компанијата, ова е поврзано со аеродромското обезбедување и безбедност при летање на светско ниво (такви се правилата секаде).
Минатиот пат летав со чекиран багаж од тука и таму беа чоколадите сега обични ранци затоа прашав за да се осигурам, нели доле кога одиш сите бараат германско чоколадо . Ви благодарам.
Првпат слушам дека Германското чоколадо е на цена овде. Обично Белгиско или Швајцарско е познато секаде во свет, иако на пример на Линдт една од фабриките им е во Германија. Ама ете може во некое место во Македонија се бара и Германско чоколадо. Како и да е можш да им носиш се што е спакувано и не е течност.
Не им е до чоколадото толку многу колку што им е да те буцкаат ,, - Донесе ли Германско чоколадо ". Не е битно.