Може ли чекираната ташна мала што следи у кабина да ја стават доле во багажот , заедно со куферот што ми е чекиран од 20кг. И уште нешто не ми е јасно пример да докупам куфер ос 32 кг дали ќе го имам веќе 20кг што ми е или како? Еве слика или да имам 32 кг багаж треба да доплатам уште 15е? Или па да си докупам приоритет за мене и за синко?што се повеќе исплати ?
Не е така. За доплата од 15 евра, тој од 20 кг ќе стане 32 кг. Еден куфер е, под самата слика што ја стави погоре, пишува 1 парче Затоа и на него се однесуваат цените што ги гледаш. Ако смениш во 2 парчиња, тогаш имаш од ново опција да избереш дополнителен куфер
Па затоа и ја не ми е верно дека за 15е ќе имам плус 32 кг . Фала сфатив како е сепак сеуште се мислам што да спакувам упм. Туку може ли ранецот доле да го пуштам? И може ли пример да вакумирам облека за во ранецот?
Јас вакумирана облека носев во куферот што оди доле. А во кабинскиот само мали зип ќеси. Инаку можеш пробај и мери вакумираната облека да не надминува 10кг. Кабинскиот обично го спуштаат долу ако нема место, ама тоа да прашаш на шалтер.
Резервирав Priority Pass ама сега кога го измерив пак куферот ми испадна 58x40x23 наместо 55x40x23... Дали ќе има проблем за 3см? А можеби и јас грешно мерам...
Здраво дечки.Прв пат летам со авион и прв пат со wizz i башка со бебе од 8 месеци.Некој да знае купив priority сеа тоа поголемото може да е куфер со таа димензија до 10 кила? И течности како смеам да носам вода бебешка и млеко во прав бебешко и шампон ?
Ако ги купам најефтините карти (најниската цена што е) што ќе доплатам отпосле? И колку отприлика. Годишното членство не беше едно време 60 евра? Сега е 80 евра.
40 евра ти е членството и попустите ти важат цела година за 2ца патници од кои едниот патник мораш да бидеш ти. 80 евра ти е членство за група до 6 луѓе од кои пак едниот од патниците мораш да бидеш ти.
Имам приорити багаж земрно ранец и мал куфер , ранецот ми е 3-4 цм поголем , може да направат проблем? И второ дали може во куферот да носам машинка за бричење и пегла за коса?
Јас пегла носев во ранецот, кој дефинитивно беше поголем од тоа што треба. Никаков проблем не ми правеа, не го ни мереа.
Е тоа не знам.. пред неколку години јас наместо ранец носев мало куферче, во димензии ама тркалцата плус беа.. плаќав казна за тоа. За ранец е поинаку, до сега не сум видела да мерат ранци и плус полесно се прилагодува пошто нема стриктна структура. Јас мислам да најдеш куфер со тие димензии, може да те репнат.. Мене 40 евра за 2-3cm ме казнија.
Како е во Ларнака?Уплатив за Нова Година па ме интетесира мислење..цени..места кои треба да се посетат
Убаво е. Питомо место со разновидно население, од Сиријци до Јапонци.Таму за НГ би требало да е топло. Иако не е сезона, сепак полно е со туристи. Каде ќе бидете сместени?