Да не испаднеше да не може со уплатница се уште немаше да откријам зошто не можам да платам со картичка, а од лани ми остана загатка. Да си одговарам на едно од прашањата можеби ќе му послужи на некој. Ги купив најефтините карти и после доплатив само 68 евра за седиште за тројцата во двата правци. Чекирањето пишува дека е бесплатно онлајн 2 дена пред летот.
Јас кога ги купував картите одбрав дека не сакам да одберам седиште. Тоа значи дека нема да ми наплатат дополнително коа ќе се чекирам така? Рандом ќе ми доделат од преостанатите седишта?
Ако одбереш дека несакаш да купиш седишта, 48 часа пред летот кога ќе чекираш карти на нет, пак ќе те праша и ако повторно несакаш, ќе ти додели рандом седишта.
А како иде купување карти преку уплатница? И јас сум во Герм, со обичната, дебитна не можам да купам, а и не ми се вади баш сеа кредитна картичка.
На крај те прашува со што сакаш да платиш, избираш со уплатница. Треба да платиш за 24 часа максимум. Летот да е за повеќе од 14 дена. На мејл ти стигаат податоци што да внесеш на уплатницата.
Пред лет за 48 саати ќе ти доделат седиште. @gjoker4e пробај во банката да ти направат кредитна картичка (visa) ние така направивме за да можеме да си ги плаќаме картите на Визаир , Инаку седишта можеш и одма да си купиш, а за отпосле можеш да си докупиш седиште,приорити,куфери. Се што ти е потребно. За кога резервиравте?
Некако подобро ми е со уплатница да немам во глава уште една картичка за мислење. Вака чиста работа платиш и готово. Мислев во лп да ти пишам кога (демек големата тајна ) ама затворен ти е профилот. Ќе ми пишеш? Куфер може директно на аеродром да доплатам?
Mozes da doplatis kufer ama nema da bide po niska cena, bogami i nekoja astronomska ne bi me cudelo. E sega za sediste jas vcera se cekirav 24h pred let, a koga sakav 48h pred let ne mi davase. Kojznae sto frka bilo. Ama dodeluvaat random.
Мошеш да но ќе те изгорат со пари. Пролиот месец кога летав од Ск сите ги вратиа што не им беше точна димензијата на куферот или ако е на граница со тоа што чекирсле да си доллатат мислам деја е 650ден по килограм на аеродром но не сум сигурна.
Одиш по ред до крај со чекорите и на крајот избираш дека сакаш да платиш со уплатница. На мејл ти стига како треба да ја потполниш. Одиш во банка на шалтер или на апаратите ако има. Треба да ја платиш во рок од 24 часа. На мејл добиваш потврда дека е платено и ќе ти одбијат од сметка. И за да можеш да платиш на овој начин летот треба да ти е покасно од 14 дена.
Резервирав карта на визаир ја платив се. Но го имам згрешено датумот на враќање. Како да го променам и што можам да направам?? Фала
Смееш да носиш секакви лекарства за лична употреба. За секој случај оди кај матичниот да ти издаде потврда дека ги користиш лекарствата и нема да имаш проблем. Единствено со доплата можеш да го смениш.. и разликата во картите да си ја платиш
Ќе одиш на Променете го летот ама не знам како одат понатаму чекорите. Променете го летот е кога одиш на летот и горе десно на трите вертикално подредени точки, четврто по ред. Ако е поефтина картата за тој датум нема да добиеш пари назад, ако е поскапа ќе доплатиш.
И ќе го доплати надоместокот за промена на лет..покрај разликата на цената на картата Некогаш повеќе се исплати нова да си купиш