Здраво девојки, утре ке резервирам карти за Будимпешта, ама пасош ке вадам наредна недела, зошто ми истекува за месец дена, ме интересира дали ке треба да внесувам број на пасош сега или може и подоцна? И дали би било проблем ако резервирам со стариот пасош, а отидам со новиот? До сега се некој друг резервира, прв пат сама резервирам и не сум баш најупатена..
Број на пасош се внесува кога се чекираат картите Можеш сега само да си ги купиш, а да ги чекираш можеш и на денот на летот.
Јас да ви кажам една случка. Имав виз приорити плус чекиран багаж. И двата ги пуштав доле и кога мереше едниот испадна 13кг, а другиот 8кг и мислев ќе ми наплатат, но ништо не ми наплатија. Дали дека бев приорити па едниот можеше и горе, а јас го пуштив долу. Или пак е прашање на среќа.
Чекираниот багаш колку кила ти беше? Можда и затоа не ти наплатиле мене обичниот ранец сега кога дојдпв ми тежеше 15кг ама никој не ми го мереше дека со малиот бевме сами и само гледаа да не откачат .
Сигурна си дека 13? Дека откако ќе го пипне и лепи лепенка покажува повеќе. Да не си видела за секунда покасно?
Тоа е . Како на кого ќе му се посреќи а накои дури знаат наводно и да им кажат нема место во авионот иако имаат карти купено. Секој со својата среќа.
Ја само не знам зошто ги ставаат тие за мерење куфери горе на гејт кога се живо и диво пуштаат. Количките детски пример идат до влез и после ги превземаат.
Количката иде до влез веројатно затоа што е и повеќе од потребна. Уште да немаш количка до влез со бебе/ мало дете и скршен си. Ако заспие треба во раце да го држиш.
За количките ако сакаш може и доле да ги пуштиш ви багаж дирекно, горе нема за те пуштат ако немаш она лепенка на нејзе закачено . Инаку јас еве до сега што патував неколку пати со авион на прсти се бројат искрено подобро поминав без количка отколку со количка двапти носев количка пукнав со нејзе и сега кога одев со малиот одев без количка и за мерак си поминав. Додека си со мало бебе треба и те како количка ама за деца од 3г нагоре нема потреба за до влез количка според мене ама сепак се си зависи до детето. Моето е од тие деца што не сакаат да спијат никаде освен дома и во кревет па колку и да е касно и колку и да е уморен.
Не знам јас кога ќе имам дете ќе кажам. Муабетот ми беше дека за џабе им стојат сталазите за куфер на гејт кога не мерат. Хаос.
А баш овој пат имаше повеќе деца и не знам зошто со мал авион летавме со многу мал простор за нозе и сега со децава беше хаос, само ги преместуваа од едно седиште на друго.
Со wizz секогаш патувам само со ранец или со Priority и секогаш ми се во тие димензии. Кај нас на аеродром воопшто не ни ги мерат, нит проверуваат дали багажот е во димензии и најчесто и за назад не проверуваат. И многу се лажат луѓето така. Пример кога бев за Германија на враќање за Скопје на сите им го мереа багажот и секој втор(без преувеличување) плати по 25 или 50 евра, буквално за 2 3 цм. што им штрчеше. Така да препорачувам да се следат правила а не на среќа.
da ne znae nekoj koja cena e na aerodrom neznam kako se vika tocno go mota kuferot so folija za zastita ?
Направив резервација на две карти до Берлин пред 7 дена но имав проблем со плаќањето и уште не ми е платено.Кога ќе го отворам меил уште пишува дека се чека плаќање.Дали да ги платам овие резервации(нели пишува во рок од 24 часа или да резервирам нови.