Е вака, ептен сум да аплицирам годинава ама се мислам прво за агенцијата и тоа се мислам меѓу америквест и викинг, после се мислам на што позиција да одам и во опција влагаат оператор на атракции во забавен парк, спасител, собарка или на крај краева busser, а може и две од овие не ми е ич проблем. И третото што ме мачи е што сум 4та година на ветерина(факултетот ми е 11 семестри или 5 ипол години) ама проблемот е што ќе ми останат бајаги предмети неположени зашто нели е крај на година тој период или годината кога аплицираш не се рачуна и тоа изборните што ми се заостанати дали морам да ги исчистам?
Знаеш точно за кој понуди би аплицирала? Со 5 години ако ти е факултет не би требало да имаш проблем за визата, освен ако имаш многу неположени предмети. А ако мислиш на предметите од летниот семестар- 8 ми семестар, не ги гледаат тие оценки во амбасада, нормално е дека ги полагаш сеуште или дека ќе имаш сесија пред да заминеш за Америка.
Здраво. Имам 20 години и сум 2 година на економски факултет. Бидејќи лани не се чувстував ,,спремна", оваа година сакам да аплицирам за работа во Америка. Не знам ништо, буквално ништо од кај да почнам. Колку пари ми требаат за уплата,колку за таму за џепарлак, дали некој до сега земал од студентските кредити, дали ќе заработам доволно за да го вратам после? Секој совет ми е добредојден. Ви благодарам однапред.
Дали има некој од вас искуство со земање на студентска виза а да сте запишани на постдипломски студии на приватен факултет во Македонија? Моментално студирам на универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Имам работено три лета по ред во Америка, и една година имам направено пауза. Имам 23 години и дипломирав на државниот факултет. Помош?
Сигурно ќе те прашаат зошто ја направи таа пауза оти одма ќе го поврзат со тоа дека се запиша сега со цел само да одиш америка и плус приватен, треба да имаш добра причина и да му дадеш до знаење дека нема да останеш таму.
sakam da apliciram preku intrax ama dali moze sama da odam ili mora so drustvo radi smestaj tamu sto kako i ako nekoj planira da ide preku intrax saka li zaedno da ideme?
Не мораш да одиш со друштво во Америка, можеш и сама. За смештај мислам дека од агенција може да ти помогнат да најдеш луѓе што ќе одат на тоа место за да се договорите.
Заинтересиран сум за кејп код, ваше мислење за местово, колку е сигурно? И за смештајот не сфаќам каде се престојува во дом во стан каде?
На кое место на Кејп код сакаш да одиш? Сместувањето е обично во апартмани или во склоп на хотелот зависи од работното место што ќе го одбериш.
Некој бил во Lake Harmony во Pennsylvania? И какви искуства имате, ако сте биле овде? И нешто околу интревјуто преку скајп со работодавецот како поминавте,што ве прашуваа?
Кaкo oди пoстaпкaтa зa кредит oд бaнкa и дaли некoј рaбoтел дo сегa вo Сaн Фрaнцискo или Лoс Анџелес? Кaкo се зaрaбoтувa тaму, кaкo сте зaдoвoлни oд рaбoтaтa и плaтaтa?
За кредит не знам, но имаш на Тутунска мислам на страната инфо баш за W&T кредит. А како што ми кажувале за Калифорнија, работата е исто дали западен или источен брег, само сместувањето и живеачката биле многу поскапи на западот. Со тие пари што ќе ги дадеш за сместување таму, боље на крај да се изнашеташ. http://www.nlbtb.com.mk/default.aspx?mId=325&lId=1 (јас само за овој знам, може има и други)
Прoчитaв некoи пoстoви нaнaзaд декa нaјмнoгу се зaрaбoтувaлo вo Севернa Дaкoтa, aмa немaлo ништo интереснo, декa билo дoсaднo. А и твoјaвa идеa не е лoшa - зaрaбoти пa шетaј. Имaш ли искуствo сo oвa? Или некoј твoј близoк? Спoдели нештo.