Work and Travel??? Па за Америка некаде кон февруари-март мислам завршува аплицирањето. Зависи во која агенција
Work and Travel??? Мене ми рекоа што порано се аплицира тоа поубаво, оти поубава работа ќе си најдеш и во кој град сакаш ти, ако чекаш до пред тргнување тогаш може нема да има слободно места за таму каде што ќе сакаш, така да за тие што се сигурни дека ќе одат од сега да аплицираат најдобро е.
Work and Travel??? Да и јас така знам. Затоа и се мислам ако аплицирам да гледам да завршам со тоа барем пред нова година . Сепак и се си е до среќа, не мора да значи ако аплицираш порано дека работата ќе ти биде погодена. Може и пак да не ти се допадне нешто, па таму сам да си бараш, ама тоа е. Во секој случај мислам дека е убаво да се посети Америка, ќе прошетаме, а и ќе спечалиме нешто
Work and Travel??? Ќе се распрашам деновиве. Морам да заминам ова лето некаде надвор од Македонија за да заработам нешто.
Work and Travel??? Па гледајте до крајот на Јануари, за да зафатите поубаво работно место а и нема мн гужви по амбасадите, за виза (немој да се згужваат во мај онаму, па да не ви дадат виза )
Јас не сум била, но по разговорите со сите, донесов заклучок дека се си е до среќата и агенцијата не игра некоја битна улога, но сепак ако има некои кои имаат искуство може да го споделат со нас
И јас многу сакам да одам, ама немам со кој А сама не ми се оди. Да се договориме ние тука на форумот и заминуваме
Леле butterfly19, дали знаеш колку многу студенти од мк одат секоја година во Америка? Нема шанси сама да си.. јас одев пред три години со наром агенцијата, тргнавме околу 60 студенти заедно... Дури да стигниш до Њујорк ќе се запознаеш со сите, а голема е веројатноста да имаш некој колега или пријател од твојот град, така да ич да не му ја мислиш и одма да се пријавиш за програмата. Верувај нема да се покаеш... Плус, таму кај што ќе работиш, ќе има и други студенти од различни земји, сигурно нема да си сама.
Има многу студенти што одат ама сите се организирани од тука по тројца-четворица. Таму за запознавање ќе се запознаеш ама друго е чувството кога од тука ќе тргнеш со некој познат, некако посигурен си. Сепак Америка не блиску и толкав пат да поминеш сам не е сеедно.
А зошто да не една година од средно образование таму? Јас имам уште многу време но сепак би сакала 4-та година да одам, а за факултет да се вратам во мк.. Сестра ми има еден другар кој отиде во Америка со неговата сестра.. Во едно семејство.. па решив малку да побарам и ја најдов оваа страна http://ucivoamerika.com/-___.html што мислите за тоа?
Work and travel USA Во последно време се повеќе студенти за време на летниот период заминуваат во Америка, за да работат а воедно и да прошетаат. Многу агенции нудат разновидни понуди, различни пакети и слично.. Ме интересира дали некој од вас бил, има искуство па да го сподели и да ги информира и другите што сакаат да одат. Јас искрено размислувам годинава да одам и тоа преку ЗИП затоа што другарки беа минатава година и ептен се задоволни, заработија доста а исто и се изнашетаа последниот месец. Мислам дека ова важи само за редовни студенти, ако не се лажам за вонредните не важи
Јас бев и сум загреана да одам преку Интракс. Има некој слушнато за неа или знае некој што бил преку неа ? 850 долари се плаќа на агенцијата, башка визата и патот си ги плаќаш сам. Читкав низ претходниве страници во темава и гледам имало и други агенции. Па сега се двоумам која да ја одберам. Да не се зафркнам па да излезам минус, наместо плус со парите
Ми се иде ми се плаче и планирам да идам, од дома не ми прават проблем само што тешко ми иде да си најдам друштво дригарките не ги пуштаат ..тешко, кој од финансиски, кој од други причини битно тешко во прва година да ги пуштат па зезаат не се сигурни и тие што им се иде дали ќе идат. А сама некако не ми се иде, штознам ќе се снајдам таму брзо ама не е тоа тоа барем еден свој човек да си имам за друштво ..
Јас пак ќе одам во Мичиген, со ланската компанија Убаво да се распрашате, немој да се зезнете не знаете како ми беше мене првата година
Aј некоја нека раскаже убаво искуство и нека подели некој совет... Ма да, веќе се мислам никого да не слушам... Али ај, пишете нешто убаво
Доста се изнаслуша лошо од мене, па нешто убаво за охрабрување Извини ако те исплашив Луѓенца, ни случајно да не сте ги избрале овие понуди ако одите преку Викинг !!! http://vikingtravel.mk/?page=job-top-of ... RSEY&id=85 - Било што во Вернон и воопшто во Њу Џерси !! Од искуство ви кажувам (лошо) И тука, местово да ама работата не ! http://vikingtravel.mk/?page=job-top-of ... GAN&id=325