Сакам да одам во Америка лето 2020, студент сум, дали некој бил, која агенција е најдобра за тоа? Кое место, каква работа, искуства?
Ти ја препорачувам Интракс бидејќи бар за мене беа коректни и за се информираат. Викинг ти се добра опција за во случај ако не си сигурна дека ќе ти дадат виза па да си платиш осигурување. Ама сите викаат да гледаш работно место па после агенција, бидејќи секој агенција нуди различно. За другите агенции не знам бидејќи не сум била преку нив.
Дечки, дали влијае доколку се пријавам на лотарија за зелена карта, а сакам да одам и на w&t? Има поврзаност?
Не е препорачливо, затоа што ако се пријавиш за зелена карта значи дека сакаш трајно да се преселиш во САД. Кога аплицираш за виза за W&T постојано ги убедуваш дека нема да останеш, сакаш да се вратиш во Македонија, да го завршиш факсот и слично, па ако се пријавиш на лотаријата делуваш контрадикторно и те гледаат како потенцијален имигрант.
Здраво девојки! Дали има некој одено на work and travel на Hawaii? И ако може да сподели искуство. Која била рбаотната позиција, заработка, смештај и сл. Фала многу, убав ден
Ќе може ли да ми кажете колку пати може да се аплицира, односно колку години по ред? Би сакала да одам, но не знам дали оваа година ќе бидам во можност, а трета година сум. Студиите ми се 4+1, па дали летово од трета за четврта ми е последна шанса?
Planira nekoj da odi WAT USA 2020? Ja sum zainteresiran, kako shto vidov vo Viking mozam da platam otkako ke se vratam. ( nesmetajki gi tie 150e so treba da gi dadam za viza i tie raboti) Problemot mi e shto nemam drugari shto planiraat da odat . sepak i daleku e i ne e seedno dali ke otidam sam ili ne. a planiram da apliciram sega dodeka promocijata trae i dodeka e seuste rano za da mozam da najdam podobra rabota
Зачлени се на групата за Work and travel iskustva на фејсбук и прашај дали ќе иде некој на тоа место. Можеби ќе се најдат луѓе.
Zdravo na site Dali nekoj imal iskustvo so Work & Study programata za Canada? Nekolku agencii vo Skopje imaat dobri ponudi, I velat deka na ovoj nachin lesno moze da se dobie iselenichka viza. Ova e edna od ponudite http://ameriquest.com.mk/programi/work-study-canada/ dokolku nekoj imal iskustvo so ovaa agencija ve molam spodelete go. Fala na site
Некој да не знае дали можам да аплицирам за враќање на данок од 2018 година сега ? Аплицирав од VIKING агенцијата не се нормални имав некаде вкупно данок 2400 долари и сега ми кажаа ми стигнале чековите едниот во (-) минус а другиот ситно 80 долари, а бараат за подигање 65 долари
Се распрашував во агенција за работа и што понуди има за Америка. Дали е касно да аплицирам деновиве за интервју? Има рок нешто?
Сигурно се останати неколку ако интервјуата им се овој месец или Март евентуално. Ама останати се можеби некои бош работни позиции. Прашај по агенцииве.