Може ли подетална информација за подигање на парите од вратениот данок откако ќе се земе чекот? Знам дека има 3 опции: преку познаник од Америка, преку Србија и преку зум травел. Ме интересира што е потребно за некој од Америка да ги подигни парите од чекот и дали може преку било која банка во Америка? Исто во Србија дали е подигањето во банка во Врање или Лесковац?
Здраво, сакам да прашам што се случува со програмата и дали парите ќе ги рефундираат на тие што уплатиле во агенциите?
Зип Травел се единствени , одселени и без никако известување. Дали планираат парите да ги вратат или како?
Таман е, да почнеш да гледаш понуди и во ноември да задејствуваш понуда па и попуст да фатиш. Не знам кои агенции се во Македонија, ама погледни им го сајтот и контактирај ги.
Сето тоа во ред, но разбрав дека има привремен застој во издавање на визи од амбасада поради памдемијава. Пред се во таа конотација ми беше прашањето…
Издава визи амбасадата од мое искуство, не сум сигурна за Ј1 можеш да ги контактираш ќе ти одговорат сигурно. Има добри агенции во мкд, викинг, америквест, интракс, коузон и наром ти се сосема солидни. Ако ти треба дополнително инфо слободно контактирајте ме.
Јас сум заинтересирана за следново лето 2022. Која е процедурата,има некој линк каде што можеме да се информираме подетално. Која агенција е солидна? Дали сами бираме локација и работа или пак агенцијата има понуди?
Јас бев преку зип лани, оваа година никаде ги нема ми ги заглавија парите.Солидна агенција Наром Травел доста позитивни искуства имаат моите пријатели што беа преку неа, Коузон оваа година ги вратија парите минатата година им задржаа пола не ти ја препорачувам таа. Дефинитивно Наром,.
Инаку дали има некој UPDATE што се случи со ЗИП ТРАВЕЛ се одселија, не одговараат на фб,емаил ги снема? Дали ќе ги вратат парите или капут све отидено?
Некој што има разгледувано прекѕ Викинг? Има некоја понуда да платиш сега 1000 евра а кога ќе се вратиш од работа остатокот. Се имате распрашано?
Дали некој бил на INTERNSHIP, ме интересира генерално за остануање во Америка дали е лесно да се снајдеш бидејќи има мн позици работни или?
Дали некој од вас има искуство или е заинтересиран за следново лето за аплицирање на Work&Travel во Германија преку Контекст ?