Здраво, дали некој знае дали ЗИП ТРАВЕЛ ќе ги врати парите што ни ги должат од пред 2 години бидејќи се распадна агенцијата и парите ни останаа заглавени. Ако некоја феминка знае нешто повеќе нека ме контактира во пп.
Сакав да слушнам искуство од некој што бил...дали вреди да се аплицира, дали се заштедува...какви се условите, цените за храна? Или не замина ти?
Bev, izvini izumiv da ti vratam. Bev na rabota so marulki. Se isplajca ako si domajcin coek ce zarabotis prilicna visoka suma na pari. Uslovite na ziveemje se vo bungalovi ili kamp po 3, sekoj poseba soba ama e premala, kujna i wc delite.
Здраво, дали некој досега бил на Work&Travel преку Viking, бидејќи имаат добри поволности како што е плаќањето откако ќе се вратиш и цела рефундација на сретствата доколку не ви одобрат за виза, ме интересираат ваши искуства и предлози?
Има ли некој искуство со Intrax и дали студенти од 4та година со се’ уредно запишувани години и положени предмети имаат шанса за виза?
Здраво. Трета година сум на економски и сакам да аплицирам за Work&Travel USA за летово(2023). Сите испити до сега ми се исчистени, а имам и солиден просек. Имам неколку прашања: 1.Која агенција би ја препорачале? Деновиве ги гледав понудите на Kontex, ама како што гледам во разговоров има многу кои биле и преку други агенции(Викинг,Каузон,Амерквест). 2. Тетка ми,Тетин ми живеат во Чикаго Илиноис и се американски државјани. Се одселија пред околу 12 години со зелена карта. Дали ова би пречело за да ми дадат виза во амбасадата? 3.Дали би можел да изберам да работам во Чикаго Илиноис и да престојувам кај тетка ми, со што би заштедил многу пари кои инаку би ги потрошил за сместување?
Не би требало да имаш проблем за визата поради твоите роднини. Кога прашуваат во амбасада дали имаш таму роднини, се мисли на потесен круг, мајка, татко, брат или сестра. Во врска со третото прашање, Чикаго е многу голем град и не знам дали ќе најдеш работа во близина каде што живеат твоите роднини. Доколку сакаш да престојуваш кај нив, разгледај ги сите понуди што ги нудат агенцииве и избери ја таа што најмногу ти одговара и ти е најблиску до живеалиштето. Најчесто се оди на помали туристички места на западен или источен брег или евентуално Тексас, Колорадо.
Здраво има ли некој искуство со работа како студент во Геманија преку Контекст или Eurofaces? разликата во цената за посредување е огромна... Затоа ме интересира
Здраво. Годинава за прв пат ќе аплицирам за Work&Travel USA, па имам неколку прашања. Мајка ми е самохран родител и е примател на социјална помош. Дали јас можам да работам во странство, бидејќи како зематели на социјална помош јас и мајка ми не смееме да имаме месечни приходи над минималната плата во Македонија, а нормално акo работам во Америка ќе заработам многу повеќе од таа сума. Дали има некоj друг кој е дете на приамтел на социјална помош кој бил на Work&Travel? Исто така сакам да прашам како се префрлаат парите кои ќе ги заработам таму во Македонија? Дали можам да ги извадам од американската сметката и да ги донесам во кеш или треба да ги префрлам на сметка во македонска банка? Ви благодарам.
Зависи колку пари ќе заработиш, знаеш дека има лимити. Има апликации и програми преку кои можеш да префрлаш пари, без преголеми такси. Јас лично имам искуство со Трансфер Уаис, и тоа таксата беш ептен смешна. А можеш и през самите банки, ама ќе загубиш повеќе пари така. И ќе треба да си отвориш сметка во долари мислам.
Здраво. Ова лето прв пат ќе одат на Work&Travel. Треба да заминам околу 15-20 јуни и да се вратам крајот на септември/почетокот на октомври. Студент сум на економски(УКИМ), па сакам да прашам доколку некој друг од економски бил на Work&Travel да ми каже дали можам да заверам и запишам семестар кога ќе се вратам или мора некој во мое име да оди на факултетот во предвидените рокови. Исто така кога од прилика се роковите за пријавување дипломска(бидејќи од октомври 2023 почнувам четврта година)?
Отвори сметка во PNC или Capital One, ова се 2 од многуте банки кои соработуваат со Македонските банки. Трансферот на билокоја сума ќе те кошта 15 до 20 USD. Со оглед на тоа што ќе имаш минимум 2 лета до Македонија, не е безбедно да носиш голема сума на пари во ќеш. Мој совет, работи што ќе работиш, на крај пред поаѓање испрати се што заработил преку банка. САД е супер за студенти и заработувачка ако си вреден. За заверка, нека ме поправат ако грешам, но мислам дека може некој друг во твое име да те упише, ти само спреми документи.
sakam da odam na work and travel narednovo leto, moze nekoj da mi objasni kakvi se uslovite, sto dokumenti mi trebaat, koi agencii da gi imam vo predvid?