да не има некој работено во биг кахунас во Дестин Флорида или пак бил таму па да ми каже искуства поврзани со тоа. сакам да аплицирам за таму да одам
Јас аплицирав за во Бизмарк Северна Дакота преку Америквест. Но кога аплицирав останати слободни позиции имаше само за Wendy's, во Arby's веќе се беше пополнето и во меѓувреме им беше покачена саатницата за половина долар, но што е тука е. Ме интересира дали некоја од вас феминки била во Дакота поточно Бизмарк, како е за снаоѓање за втора работа и сл, дали е доволно рано да е стигне на 25 мај таму за полесно да се најде втора работа.Од тоа што истражував по нет таму и нема нешто многу забавно да се прави, во глобала делува доста досадно градот што и ми одговара ќе си чувам пари за шетање после тоа. Исто така и искуства со виза, англискиот го владеам доста добро, но затоа пак некако со факсов не ми иде од лани имам презапишано предмети и сега од зимски немам положено се,трета година сум. Секоја информација е добредојдена)
дали некој има одено во северна каролина планирам таму да одам ова лето па дали некој имал некое искуство
Другарка беше лани по втор пат на истото работно место, бидејќи беше задоволна првата година. Но затоа пак лани се врати многу разочарана, целиот град бил зафатен од кризата, работеле за помалку пари, немале прекувремени саати,со договорот биле обврзани да работат само таму, не смееле да бараат втора работа.Конкретно она работеше во дуќан за накит и морале да стојат надвор и да повикуваат муштерии. Заработи далеку помалку пари од претходната година и со оглед на тоа што не сакала да си ги ускрати задоволствата дома не врати пари.
А вие сами си ги покривате трошоците за патувањето? Авионските карти колку се? Негде поназад прочитав дека требаат 2000 евра за да отидеш. Ако навистина е толку толку тогаш која е поентата, за 3 месеци едвај можеш да ги вратиш парите кои си ги вложил, ќе се утепаш од работа а ништо нема да ти остане, само колку да си ги вратиш долговите и да прошеташ.
Околу 2000 долари се трошоците пред да отидеш, во зависност од агенцијата со која ќе одиш. Тука спаѓаат трошоци за агенцијата, авионски билет и за виза. Од искуство на колешки и другарки кои биле преку Work&Travel, ниту една не се вратила со минусно салдо. Не само што ги враќаат парите кои ги вложиле претходно, туку и доаѓаат со добра заработка. Се зависи од тоа какво работно место ќе избереш, најмногу заработуваат оние што добиваат бакшиш. Две колешки што беа лани се вратија со по 9000 евра. Ако ти се погоди местото, и ако не се расфрлаш многу, можеш убави пари да заработиш. А според она што го кажуваат оние кои веќе биле - на бакшиш повеќе се заработува во локали каде оди онаа средна класа, отколку онаму каде што оди високата класа. Богаташите биле скржави
Денеска беа првите интервјуа во амбасада. Сите гласини дека кинезот повеќе не е тука, дека оваа година полесно ќе се земе виза, дека можат да аплицираат и апсолвенти, со презапишани семестри паднаа во вода. Интервјуата кај некоја бабичка траело подолго од обично. Се поставувале конкретни прашања за правата и обврските во САД од законот на Вилијам и се барало конкретен одговор. Со лесно и со среќа на сите со желба за посета на Америка, мојата некако исчезна пред некое време.
И јас чув дека тешко давале виза. Ама другар денес зема. И мене ми е стра. јас и дрѕгарка ми сме апсолвентки па ќе видиме дали ќе ни дадат виза. А тоа дека ќе даваат на апсолвенти се надевам е точно. А може и агенцииве не исполажаа!
Другар ми ми рече дека имало две апсолвентки кои ги имале положено сите испити, а им останала само дипломската и нив ги одбиле.Е сега имало некој со неколку оставено него му дале.На еден му дале со пишано квадрат додека на друго девојче истата ситуација не и дале. Јас се уште мислам дека се е до среќата и тоа колку ќе им се допаднеш на прв поглед на конзулите. Впрочем зар не е се така во нашава земја..
а дали некој од тие прашања ги знајш да ни ги кажиш за да се подспремиме оти од ова што го прочитав и мене ме фаќа страв и дали тешко се зема виза кај сите или само кај таја "бабичката"
Знам само дека другар ми го прашале што би направил доколку работодавецот му касни со исплата на платата, за останатите не знам.
овие работи за кои се твоите права ко ќе одиш во Америка го има во едно како брошурче што ти го даваат од агенцијата
за апсолвентките што не им дале логично е затоа што им останала само дипломската тие всушност го завршиле факултетот поентата е да ги убедиш дека ќе одиш таму кќе работиш ке се прошеташ и обавезно ќе се вратиш
по мое мислење а и други што кажуваат ти кога ги праќаш документите во амбасада и тие ги разгледуваат веќе знаат дали ке ти дадат виза или не. Интервјуто е само еден вид на протокол. Е сега доколку оценките ви се комплетни то ест не забушавате со факултетот тоа е супер. кога ќе се отиде на интервјуто опуштено расположено, внимавајте на дрес код нели малку покултурно облекување не ептен костум, затоа што тие ја гледаат целата ваша појава, културно поздравете го конзулот како сте денес лубезно со насмевка затоа што има многу отидат таму и само се тресат па и заборават како да зборуват англиски имајте информации за работодавцеот каде ке престојувате доколку имате смештај, разгледајте ги листата на можни прашања во амбасада во агенцииите сигурно ќе ви дадат се мислам дека зависи кој пат одите по ред нели доколку одите втор трет ке ве прасаат како ви е било лани каде сте отишле, доколку прашаат дали имате роднини во америка, знаете веќе немате роднини ни на црно ни на бело останати хахаха лани и оваа година оценките ги гледале повеќе дали се комплетни дали си учите редовно доколку сте апсолвенти кажете го завршувам факултетот планирам да одам на магистратура па може да ве праша каде точно што како дури и да не планирате спремајте се со одговори само не трајте коа ке ве прашаат секако веродостојни одговори сакате да си продолжите со образоиванието....