можи малку ке биди глупаво прашањето ама сепак да си прашам кога одите во амбасада се поздравувате со амбасадорот кој го држи интервјуто и со рака или само кога ке влезете добарден како сте и почнувате со интервју?
значи влегуваш во голема сала има столчиња каде што се чека одма отспротива се шалтерите и целите се со стакло нема никаков допир помеѓу тебе и конзулот кој е те интервјуира. откако ќе те викнат си застануваш на шалтер креваш слушалка и зборуваш секако го поздравуцвас на почеток добар ден како сте итн и си почнува со интервјуто
неколку другари што беа до сега на интервју сите зеле виза едниот од нив имал поќе испити неположени, другиот без 4 положени испити бил а за третиот не знам...знам само на некое дете што имал запишано квадрат не му дале виза
а навистина кинезот веќе не бил таму? јас разбрав ќе се женел со струмичанка некоја и ке си одел во америка хаха
Зависи. Може да трае од 1 минута до 25 мин. Никој неможе тоа да ти го каже. Обично траат до 5 минути најмногу, но секогаш има исклучоци. Мене лани ми треаше 1 мин. Ме праша само каде ќе работам, зошто сакам да одам и на крај ми рече имај убаво лето. Со среќа па пиши како си поминала
и мене исто ми траеше околу минута ме праша само каде ќе одам, што ќе работам, што учам и која година сум на факултет и ми рече убо да си поминиш летото
И јас годинава се паднав кај кинезот. Околу 1-2 минути ми траеше интервјуто. Ме праша само што студирам, што ќе работам, каде сум била лани, која година сум на факултет и уште колку години имам останато. На крај ми рече имај убаво лето и брзо ми ги даде документите
Кога е најдобро да се аплицира за Work and travel по агенцииве? Знам дека треба порано, ама кога? Декември, јануари?
Апликациите само што започнаа, па официјално веќе може да се пријавува но сепак е рано. Јас пак планирам да идам годинава, во план ми е да аплицирам некаде ноември, декември најдоцна. Сакам да си фатам убава понуда а и попустот да го фатам, дека даваат минимален попуст ако аплицираш до одреден датум, па кога веќе идам секако и 5евра да е попустот зашто да не. Ќе иде ли некој друг, или барем има ли во план ? Јас досега преку ЗИП имам одено и задоволна сум, кога слушам како си поминале некои други и како се однесувале од агенција кон нив, јас сум презадоволна. Некој да бил преку друга агенција да сподели искуство?
Јас планирам да идам и мислев некаде у јануари да аплицирам. За коузон слушав и читав многу лоши работи, така да остануваат Зип, Наром или Вајкинг. За Наром ми се свиѓа што организирале и 3 ноќевања у Њујорк на идење. Сеуште не знам, уште ќе се распрашувам, мислам дека имам време.
А за Германија? Постапки, Искуства доколку сте биле вие или некој ваш близок, споделете ве молам. Фала однапред, позз.
Здраво Дали некој бил во USA преку агенцијата Intrax, конкретно ме интересира за програмите што ги нудат за Hard Rock cafe?? Нека сподели некој искуство Фала однапред
Јас ќе си аплицирам преко Вајкинг, цимерот таму ми работи па ќе видиме што како ќе биде али се надевам дека ќе зеам виза и фајронтт проклета је америкаааааа и сунца што сјааааааа ( хахаххахаха не ја знам песнава ) али ме држи тоа еуфоријата, а и сама ќе си аплицирам пошо никој не сака ми е гајле и такаа џенцкии..
Има некој искуство со Аурора да пише како поминал? Јас сакам да одам со нив. Им ги гледав понудите добри им се и поефтини се од другите.
дали во амбасадата го приложуваш индексот или само уверение за положени предмети заверено од факултетот ? затоа што имам во индексот напишано дека имам забрана за полагање, која што веќе ми помина, па дали може да ми прават проблем и заради тоа да не ми дадат виза ? и дали разговорот за виза е на англиски или на македонски ?