и може да ми прават проблем поради тоа ? напишано е со црвено ама тие предмети сега ќе ги полагам во јануари и ќе ми бидат и на тој лист пишани оценките, иначе просек до сега околу 8 имам
Не знам, се е релативно. Има многу фактори кои одлучуваат. Ако си ги полагала истите предмети, не би било фатален проблем. Има многу побитни работи од тоа.
До 1 април може да се аплицира. Ама да знаеш дека и во март ти е касно бидејќи добрите понуди ќе бидат земени и тогаш е најскапо. Јас на пример за следното лето аплицирав во октомври. Со среќа
Јас сум била преку ameriquest и исто и сестра ми беше два пати Супер се како агенција мислам дека програмата е најефтина и видов оваа година има ептен избор на позиции ама ептен и се се добри Нема да згрешиш ако одиш преку нив Иначе јас бев во OCEAN CITY и беше топ...забава колку сакаш, дружење стварно екстра...плажа, дискотеки како да бев на одмор 4 месеци. Имав втора работа во хотел а првата ми беше во ресторан. Сестра ми беше во Северна Дакота и за разлика од мене направи многу повеќе пари, значи од Дакота нема човек кој се вратил со помалку од 12.000$$$$$ е сега малку е досадно за разлика од Ocean City нема плажа нема дискотеки ама има $ Дупло повеќе пари се прави во Дакота од било кое друго место. Само нели кој за што иде, јас сакав да се издувам и ми беше топ, ги вратив парите дома, шетав малку до Њујорк, Филаделфија, Вашингтон, Атлантик Сити и така.. Сестра ми си беше на пример на Хаваи А тоа тестот тоа ти е стандардно во сите агенции ако немаат тест имаат интервју на англиски значи мора агенцијата да ти го утврди нивото на јазикот за да ти предложи позиција. Пример неможе да ти предложи да бидеш сервер ако си тапа англиски. А после тоа си имаш интервју со работодавачот на саем или на скајп Плус подобро агенцијата да ти каже за каква позиција може да се квалификуваш отколку да аплицираш за нешто и после работодавачот да ти откаже зошто ти е слаб англискиот Беше една колешка минатата година во Myrtle Beach како хостеса и не е задоволна Многу малку саати даваат значи буквално и по 20 часа неделно ако немаш 2 работа подобро обеси се. Плус мислам дека најголем дел од понудите немаат сместување Супер се локациите ама се многу скапи за сместување Распрашајте се колку би ве чинело сместувањето и колку ќе биде одалечено од работата, дали има јавен превоз или ќе треба пешки 2 саати да идете Хард Рок е звично многу како име иначе дека ќе бидеш нешто посебно задоволна нема подобро одбери нешто друго и индекс и уверение за положени испити И не само на денот на интервјуто него документите ти седат во амбасада 10 дена
може, но од 1 семестар сега треба да положиш барем 2-3 предмета некои искуства за West Yarmouth Cape Cod и за Lodging, Gardiner MT
Женски ај некое искуство од летово со агенции, со саем? Пошто јас планирам работа да си најдам работа за летово, а прв пат ми е. Секој одговор би ми бил добредојден. Знам дека не сите агенции се веродостојни, така да..
има работни понуди кој што не обезбедуваат сместување сакам да одам за прв пат па сакам да прашам како барате таму сместување, лесно е да најдеш ? и искуства за тука: ORLEANS(CAPE COD), MA
Абе проблемот е што мислам дека сега останаа понеубавите работи, и помалку платените, јас имам уште од Ноември најдено работа и до сега платив фул сума. Али не е е така црно, јас ти ги препорачувам или Интракс или Зип, ма да мислам дека Интракс нудат најдобри работи на многу убави места, како што ми имаат кажувано многу луѓе до сега. Мислам дека уште не е толку касно, може да најдат уште добри работички, само го немаат оној промотивен попуст од -5% ако уплатиш до 31 Декември. Гледај многу каде ќе одиш, во која држава и на кое место ќе работиш. Само не иди сама, гледај барем еден да имаш со тебе. Среќно!
Има ли некој искуство со позиција сервер, дали навистина е обавезно да оставаат гостите бакшиш? Јас аплицирав за тоа работно место па здравје ако имам среќа во амбасада Јуни месец да појдам. Имаме ли некоја ферминка што аплицирала за Северна Дакота?
Зависи од ресторанот ама во принцип оставаат 20% од вкупната сметка како бакшиш Колку си пофина со нив толку поголем бакшиш ќе добиеш... И добро е ако е некој синџир на ресторани познат затоа што ќе има доста гости С.Дакота ти е одличен избор Кој е ресторанот? И преку која агенција аплицираше?
Најпрво за Myrtle Beach, симпатично место со голем број ворк енд травел студенти од целиот свет, особено Европа. Има од Бугари, Украинци, Руси, Македонци па се до Филипинци и сличните нивни. Јас не работев таму ама го посетив, а другарки мои беа таму и сум запознаена многу добро со се и сите погодности и мани. Местото е туристичко, имаш шанси за втора работа, многу продавници, хотели ова она. Има доста туристи летото, имаш плажа каде може да го поминуваш времето ако си слободен. Дискотеки има добри, ако ти е за журка, ама сепак сметам дека и тоа треба да го искусиш, цело лето си таму. Е сега малце е потешко од друга страна па , што има многу вакви студенти па имаш многу конкуренција, ама се наоѓа работа зашто во тек на сезона е многу кнап. Ако сакаш и да ти е интересно и да направиш многу познанства ти е кул местото. Особено е раздвижено, ама кога ќе дојде крај на септември почеток на октомври завршува сезона и готово, преку зима умира. Ама сепак ти преку лето си таму така да е во ред, освен ако немаш намери да остануваш во Америка. А за сервер јас сум работела тоа, сите Американци оставаат типс, може да се деси еден во 50 да не даде типс, таква им е културата нив, 20% од сметката плус минус, тие оставаат. Некој може помалце, некој намрсен може многу повеќе да ти остави. Но не е се така бајковито кога станува збор за сервер, сервер се исплаќа да бидеш во елитен ресторан каде цените се големи, се јаде од предјадења до главни јадења до десерти, па прават сметки над сто долари, а со тоа и ти имаш минимум 20 долари типс. Да имаш три маси во саат и по околу 15 долари типс од трите не мора 20, ти правиш многу повеќе пари на час од другите во ресторантот, како басери, фуд ранери, хостеси и.т.н. Затоа сите се тепаат за сервер и повеќето сервери се Американци, ама има и наши, чист пример сум јас и другарка ми што работевме таа позиција. Арно ама ако си сервер во некој ефтин ресторан, пицерија, пекара, може да се деси да е ефтино и да служиш пример пица од 7-8 долари, па да имаш максимум по 3-4 долари типс. Тогаш слабо ќе правиш пари и не се исплаќа баш да си сервер. Исто друг случај може да е непосетен ресторан и да се дешава во цел саат да имаш само една маса, па дури и да немаш, зашто сте повеќе сервери и секој има свој секшн па може да си дремеш, а со оглед на тоа што правиш пари од типс ќе си стоиш за украс. Друг случај може да ти ги дадат најзабутаните маси кај што ретко кој сака да седи , па иако хостесата ги мести во твој секшн кога ти е ред тебе, они ќе се преместат. Има многу фактори, но ако си сервер во скап ресторан или на базен кај што се пие алкохол цел ден и се прават големи сметки ќе правиш ептен добри пари. Јас работев во многу елитен ресторан, имав огромен типс дневно. Ама се ти е среќа, воглавно кога аплицираш за сервер погледни го менито и се ќе ти стане јасно. Но ако одиш првпат овие работи и не ти се баш јасни, па и нема да ти помогнам многу додека не искусиш и не видиш како функционира. И најбитно барем знам за изминативе две години многу луѓе се заебале тргнуваат од тука со позиција сервер, а таму ги стават друго да работат, а они уствари го одбрале местото само заради таа позиција да ја работат. Тука агенциите се криви, па пазете преку кој одите и на интервјуто со работодавецот убаво прашувајте си околу сите услуви околу позицијата која ви се нуди. А за Северна Дакота може да ви кажам дека тоа е еден од стејтовите каде има највисока саатнина, но од друга страна е доста свежо времето, да не кажам ладно. Таму повеќе идат студенти што заработката им е на прво место и сакаат само да направат пари. Нема ништо особено, за забава објекти никакви, ниту за шопинг па, ништо да се види и посети особено, единствено само работа и меѓусебно дружење, но ете некој се жртвува за таа саатнина. Има и други стејтови каде се наоѓа добра саатнина, еве јас оваа година идам на место каде платата ми е 12 долари од саат плус можност за типс, а баш е на плажа местото и топло и прекрасно, а не како Дакота, но сепак кој како си сака.