Прашања на интервју за работа Утре т.е денеска сум на интервју со работодавци од Америка. Прв пат аплицирам за Work and Travel,и искрено,не бев испаничена се додека не прочитав негативни искуства на некои членови низ форумите. Туку,ако има некој од овде што е веќе бил на такво интервју,ќе можете да кажете какви прашања поставуват,на што најмногу обрнуваат внимание.. I'm soooooooooooooo scared
стварно какви прашања поставуваат на skype интервјуто за housekeeper и во амбасадата ? што да повторуваме
Значи интервјуто е обичен разговор помеѓу тебе и конзулот. Никогаш не се знае што точно ќе те прашаат. Јас кога бев на интервју ме прашаа која година сум на факултет, зошто сакам да одам во Америка, колку години учам англиски, каде работат моите и дали сакам таму да се запишам на мастер (последново ме прашаа затоа што бев апсолвентка). Е сега другарка ми пак, она веќе беше на мастер и неа ја прашаа дали има дечко таму, дали сака таму да ја заврши годината и зошто сака да оди во Америка? Она многу полесно од мене помина и интервјуто и траеше 2 минути. И за skype интервјуто ти е исто. Јас од дома го правев и ми рекоа ако може собата да ми ја видам , како е во Македонија животот, што студирам и колку години имам? Значи целта на интервјуто е да видат дали знаеш англиски и затоа јас сметам дека не ти треба спремање. Се надевам ви помогнав и со лесно на интервјуто!
Бидејки знам дека понудите честопати се повторуваат , може ли некој што бил претходните години и не планира да оди па или пак слушнал пофални зборови за некое место да ми пише во ЛП , сакам да се консултирам . Конкретно ме интересира за позициите како што се сервер и басер , па секаква конкретна информација за местата и искуства за истите се добродојдени . Благодарам
Леле ајде некој нека даде некој предлог каде да се оди, многу фактори влијаат на одлуката па без идеја сме со другарката, има ли некој што е посебно задоволен од некое место?
Ај некој ако има работено во Lake Placid, NY поточно за во Crowne Plaza Resort & Golf Club. Аплицирав за тука и гледав на интернет, интересно ми изгледа, ама посигурно ми е ако веќе некој бил тука, дури и друго да работел во Lake Placid ќе бидам благодарна за секоја информација (дали лесно се наоѓа втора работа, дали е скапо за јадење да се купи и слично)
Имате ли искуство со Коузон? Баш сега гледав имаат добри понуди. Ама она што ме интересира е колку пари вложувате се на се додека стигнете таму? Значи виза, авионска карта и други трошкови кои домашните мора да ни ги покријат. Се исплаќа ли, колку пари може да заработите, да ги вратите дома парите и плус да остане за вас? Да не биде цело да работам за 600 евра.
Јас немам ама пред да се решам да аплицирам , расчепкав све по интернет , има и на Кајгана форумот тема , поактивна е и има премногу негативни искуства за Коузон , дури се запрепастив , напиши си горе каде што има да пребаруваш Коузон и ке ти излезат сите што пишале во врска со тоа .
Можеш зошто и дипломската се смета како испит. Минатата година имаше такви ситуации и неколку студенти земаа виза.
Зависи, пример ако си во последна година од студии моментално и сега ќе го слушаш последниот семестар т.е не си правела пауза во студирање имаш големи шанси. Ако веќе ти е се ислушано и положено и останата ти е само дипломска малце потешко, ама пробај, никогаш не се знае сигурно. Пример јас сум апсолвент, ама сега почнувам со слушање на последен семестар а на интервју исто ќе идам на крај од месецов, така да ќе имам цел семестар неположен пред мене. Ама ти ми изгледа имаш завршено само уште дипломска немаш работено, така да имаш помали шанси.
Значи ти не си апсолвент, ти си уште студент. Апсолвент ќе бидеш во септември (секако ако не дипломираш до тогаШ) откако ќе ги ислушаш сите предавања.
^^ Јас аплицирам за виза од месец Јуни па натака, така да тоа е за периодот кога веќе ќе бидам апсолвент зашто ќе ми биде ислушано се, затоа и они ме гледаат мене како апсолвент, бидејќи во периодот кога ќе заминам ќе бидам апсолвент. За ворк енд травел програмата те гледаат како апсолвент ако си последна година, затоа што ти одиш дури летото иако сега е интервјуто за виза и ако си последна година, тогаш кога ќе заминеш ќе бидеш апсолвент, па има повеќе шанси да останеш во Америка.
А кои агенции би ми ги препорачале?За Коузон веќе имам чуено негативни коментари па ме интересира за Зип Травел? Благодарам
OCEAN CITY MD дефинитивно..Сезоната трае повеќе, поголемо е местото има повеќе забава и има многу можност за 2 работa Тука сум работела во Wildwood бев само на поминување кога шетав во Атлантик Сити зошто имав пријатели во Wildwood Се е индивидуално ама ако мене ме прашуваш многу е подобро Ocean City Плус одма ти е Delawere и ако имаш пријатели таму можеш се да нарачуваш на нивна адреса нели ако купуваш онлајн а сигурно ќе купуваш и нема да плаќаш такси
Има некој искуство со 6 Flags забавниот парк? јас и другарка ми оваа година сакаме таму да одиме па дали некој има искуство да пише како е? фала ви