Не сум била ама знам луѓе што биле. Секој што бил не сака да чуе пак да оди. Саати не им даваат ич, ептен слабо. Ако имаш вишок пари и одиш само за забава и не ти се работи може, ама ако не е така не ти препорачувам. Најмалце се заработува во забавните паркови, овертајм нема шанси да имаш, оно регуларни саати не им даваат доволно, зашто има многу луѓе. Во околината на забавниот парк нема баш нешто за да најдеш таму втора работа, одалечени се од downtown, така да мој совет ти е да си избереш друга позиција, се освен забавен парк е подобра идеја. Види нешто фуд енд бевериџ позиции било што, најфино ти е
Ај некој нека сподели искуство од минатата година како поминал на интервју за виза, и колку се шансите да добиеш виза ако немаш положено 1 или 2 предмети. Благодарам однапред
Јас сакам да прашам некој што има искуства со работа во http://www.kouzoncorporation.com/web/po ... cape-code/ Брат ми се мислеше помеѓу работа во забавен парк во New Jersey и оваа работа и ja oдбра оваа работа. Сега треба да oднесе CV па не знае што е препорачливо да пише во него, зошто досега нема аплицирано и малку сме испаничени. Многу ќе ви бидам благодарна ако споделете искуства.
дали вреди да се биде сервер во ресторан за брза храна? бидејќи се мислам помеѓу сервер 4.86 и хост 9 долари на час.. дали се зема добар бакшиш дали вреди да се работи сервер или е подобро хост? ве молам за мислење.. инаку се работи за ресторанот Denny's и The Ground Round?
Незнам за The Ground Round ама Denny's не е ресторан за брза храна Ова е diner...Незнам дали си била во САД ама ова се баш оние класични американски ресторани Не нарачуваш пример како во KFC туку те служи келнер како секој останат нормален ресторан Отвори страната на ресторанот ќе си видиш Ова е баш синџир ресторани може поради тоа да си збинета и да мислиш дека е брза храна И едното и другото е ОК зошто добра е саатницата на хост а за сервер сигурно ќе правиш доста бакшиш
Што би одговориле на овие прашања во Амбасадата What are the reasons that will make you want come back ? How do you see yourself after 5 years ? What you think about the Americans ? What are your positive negative features? и има некој што ќе оди за WEST YARMOUTH, CAPE COD, MА, на 20ти јуни ??
Јас бев денес, меѓу првите завршив, да ви кажам џабе се трескав од земја толку ништо ама ништо посебно не ме прашуваше. Па и фина беше, ми посака убаво лето и убав престој, и ми кажа дека сум добила виза, на еден дечко ништо не му кажале и не знаеше дека ако ти го земат пасошот ти даваат виза а ако ти го вратат не си добил виза. Вајда е до среќа, дечкото пред мене 10 минути го прашуваше а јас со 4-5 прашања поминав. Само да си знаете дека тие со многу малку испити положено ги враќаат, денеска 3ца вратија само зади малку положени испити. Додуша по секоја логика и мене требаше да ме вратат со се живо диво положено на факултет, ама среќа магистерската е повредна и него 2-3 испита да имаш само останато. Без паника само, смирено и сигурно во себе, кратки и јасни одговори без филозофирања многу.
Е супер тогаш, ја сум 4 семестар, од прв и втор ми се сите испити положени, а од трет имам само еден неположен, најверојатно нема да ми прават проблем за 1 испит, нели?
Обично едни исти прашања се вртат уназад со години, горе доле тоа е тоа нема што друго да те прашуваат. Обично прашуваат зашто си за запишал баш на тој факултет, зашто се запишал на тој смер на факултет, што планираш понатака во животот(обично на тие што се последна година на факултет), што ќе работиш, зашто сакаш да одиш, кој ти дава пари за програмата, што ќе правиш таму кога нема да работиш, што ќе работиш, кои ќе ти бидат задолженијата на работата, каде ќе бидете сместани, колку ќе плаќате за смештај, како планираш да стигнеш до таму, кога точен датум планираш да тргнеш од Македонија, до кога ќе останеш, што работат твоите родители, дали имаш брат сестра, дали тие студираат/работат и што, за факултет прашувале кој ви е омилен предмет и зашто, колку испити имаш положено, колку имаш за полагање, тие што биле веќе во Америка, зашто сакаат да идат пак, каде биле лани, дали биле задоволни, како си поминеле лани што работеле и колку време биле, дали имаш роднини, пријатели во Америка и тоа е тоа отрилика сите прашања кои се вртат изминативе години. Мене ме праша само на кој факултет сум, зашто тој мастер сум го избарала и што планирам понатака у животот, за магистерската теза и објаснував 5 минути само за тоа зашто е малку комлицирано па сакаше да знам кога ќе ја бранам и слично и на крај што работат моите и дали имам браќа сестри и толку беше дури не ме ни дослуша кога и зборев само ми рече отсечно океј на сред реченица и ми кажа дека ми ја одобила визата и ми го даде малото розево леточе. Јас ќе се помочав од среќа тогаш
Јас искрено размислувам да аплицирам за ова. Единствено што ме кочи се парите. Моментално имам 0 денари. Како и моето семејство... Такви се времињата... Сакам да прашам колкави се се' на се' трошоците, и кои услови треба да ги исполнувам за да можам да аплицирам. Однапред ви благодарам
Дали кога се преместуваме, од еден во друг авион, ги зимаме и куферите или тие дирекно се префрлаат ?
Брат ми отиде за Америка пред 2 недели и тој рече дека директно му се префрлени и го чекале на крајна дестинација.Се претовараше во Истамбул со Туркиш патуваше, може зависи од компанијата.
Не е важно со која компанија одиш Секогаш куферите те чекаат на крајната дестинација. Постои веројатност и да ти го изгубат, но мали се шансите. Пу, пу