Споделете искуства од годинава И која агенција би ја препорачале како најдобра? Читав за Коузон, Викинг и Аурора.
Постојат агенции што имаат грејс период (одложено враќање на парите). Поточно тие 2000 или 2500 евра што треба да ги платиш, ќе ги платиш од кога ќе се вратиш од странство. Не сум точно упатена која агенција беше ова, ама знам дека пред факултетов делеа флаери со такви понуди. Мислам дека тоа е погодно за луѓе кои имаат 0 финансии. Како и да е ти ќе ги вратиш тие пари и пак ќе бидеш во плус.
И јас сум заинтересирана годинава за work and travel Имам "неколку" проблеми. Прво, сум дете единче па сум многу сум поврзана со мајка ми... Најдолг период што сум поминала а да не ја видам е 10 дена, кога сум била на одмор. Второ, имам исто и јас 0 денари, а моментално не можат ни кредит да земат. И трето, многу лесно се премислувам (инаку близнак во хороскоп) па ми е страв ако се случи се како што треба да не речам во последен момент не одам. Инаку ме интересира, дали сега кога бараш работа се плаќа нешто, колку пари ве кошташе се значи со се карта, виза, пат??? И најважно од се, како се справувате со носталгијата, доколку сте поврзани со членовите од потесното семејство како мене секако...Сега сум 3-та година на факултет, сите предмети ми се положени и оцените ми се солидни, дали и тоа игра некаква улога? Се надевам на одоговор, па кога ќе решам дали ќе одам, ќе побарам помош и околу прашањата што се паѓаат на интервју
2000 евра е се комплет само за агенцијата тука што ќе платиш за да ти обезбедат престој,работа,виза,пат,сместување во хотел привремено.И некои такси ( незнам што). Другото е што мораш најмалце 500 евра да имаш со себе за таму за секој случај. Кредити даваат некои агенции, со грејс период. Мада истите пари си ги враќаш после од таму, некој више, некој помалку. Се тоа зависи од работното место. Најважното е да знаеш дека ако те одбијат на интервјуто парите од визата не се враќаат. И да знаеш англиски јазик,пред се.
Девојки оваа година конечно и јас дочекав да можам да учествувам во оваа програма. Огромна желба ми е да ја видам Америка и сум цврсто решена да одам. Но имам еден мал проблем, од мое друштво никој не сака да ме дружи и некако ми е страв дали ќе успеам сама да се снајдам. Има ли некој што досега бил сам на програмава? Ако може да ми сподели искуство. Фала.
Здраво, дали некој што поминал на саемот за работодавци од work and travel програмиве, може да ми каже за што поточно станува збор?
planira li nekoj godinava da odi na work&travel za amerika preku narom? prva godina sakam da idam ama nemam so kogo i ne me pustaat sama ako ide nekoj neka mi pise kade so kako i da se dog. ako saka
Ova work and travel sto e? Agencija nekoja, fakultet? Neka mi objasni nekoj, poso nisto ne razbiram. I dali treba da imas zavrseno sredno za turizam I fakultet za turizam, zada odis u stranstvo??
Вака, втора година на факултет сум и имам многу висок просек (9.6), слушнав некои коментари дека виза не давале на оние кои го имаат многу запоставено факултетот но и они кои имаат многу висок успех. Се мислам дали да аплицирам и да ве замолам за совет. Дали некој друг бил во слична ситуација како мојава и што бил резултатот т.е дали го примиле?.. Исто така сакам да знам дали има добри шанси за да се вратат парите што ќе ги употребиш за да тргниш? Зошто моите дома не се во кој знае колку сјајна финансиска состојба за јас да им правам толку голем трошок, а после да не го вратам. Некој совет?
Доколку позицијата busser е со бакшиш, јас би одбрала busser. Почиста работа, треба само да ја исчистиш масата откако гостите ќе си заминат. Како room attendant треба да чистиш и кујни и вециња, што според мене е понапорно, а бакшишот е помал и се дели помеѓу сите room attendants (вообичаено се повеќе, додека bussers се еден или двајца во смена). Ако аплицираш на програмава, треба да бидеш самостојна и доста флексибилна. Јас лани аплицирав со уште тројца, едниот не го вработија во компанијата каде што аплициравме, другиот не доби виза, на крај останавме само јас и другарка. Плус, за каде и да аплицираш ќе има и други луѓе што ќе работат таму што неминовно ќе ги запознаеш уште пред да заминете. Јас лани подобро се сложував со новите отколку со другаркава. Зборот ми е, не значи дека ако, на пример, четири другарки аплицирате за на едно место дека сите задолжително ќе ја добиете таа работа или потоа виза. Биди отворена и храбра, тоа ќе се бара и понатаму од тебе во програмата, а искуството е незаменливо! Сите агенции си имаат различни саеми, повеќето се виртуелни (интервјуто оди преку Скајп), а некои во живо (работодавците од Америка доаѓаат тука). Интервјуата се едноставни, главната цел им е да видат како стоиш со англискиот, а за искуства од различни агенции прелистај ги претходниве 7-8 страни. Прочитај го првиот пост на темава. Тоа за просекот не е точно и јас не знам некој да го одбиле поради превисок просек. Колку ти е подобар успехот на факултет, толку е посигурно дека си го сакаш факултетот, се трудиш околу него, и откако ќе ја посетиш Америка ќе се вратиш дома за да го довршиш (што не секогаш е така ). Јас имам просек 9.9 и лани за неполни 5 минути ми дадоа виза, мислам дека моето интервју беше најкратко од сите. Ослободи се од тие мисли, виза сигурно добиваш, само најди си добра работна понуда
И јас деновиве аплицирав, за во Ocean sity, во понеделник сум на саемот за работодабци. Иначе се двоумам меѓу 2 позици: housekeeping (хотел Hilton) и хостеса (Paul Revere Smorgasbord). Па што имате да ме посоветувате за овие две позиции, аплицирам прв пат. Англискиот ми е добар кон мн добар. Иначе лани бев апсолвент, имам уште 7 испити од кои 4 ги запишав прв пат затоа што кога требаше регуларно на време да ги запишам, немав место во графата во индексот затоа што презапишани оредмети им го зафатија местото , а останатите 3 ми се презапишани. Колкави ми се шансите за виза? Ако се ептен мали, да не уплаќам прв депозит, пошто и онака сеуште немам уплатено, имам рок најдоцна до задутре.
Здраво девојки. Оваа година за прв пат аплицирав за работа во Америка, но проблемот е тоа што сум на Мастер студии, прв семестар, односно тукушто започнавме со учење и снабдувањесо материјали, а сесијата за полагање ми е во Април додека пак интервјуто за виза е во Март. И сега со ниту еден положен испит ќе имам шанса за виза или тешко?
Здраво девојки ..прв пат сакам да аплицирам за работа во Америка преку Наром па некој ако бара друштво слободно нека ми пише
Zdravo sakam da prasam dali nekoj pominal na intervju vo ambasada I bil apsolvent koi prasanja go prasale dali dobil viza me interesirat vaseto iskustvo pisete mi e molam
Со work n travel добивате ниско платени работи.Единствено може да ви се посреќи па да ве стават на рецепција..Секако и со тие ниско платени работи во Македонија би биле богови ама ако не се задоволувате со малце а имате потенцијал и сте интелигентни мое мислење е дека многу подобро е да се извади туристичка виза и на лице место да се најде работа