Не знам ама претпоставувам.Рече дека ке е поврзано со сонце,дека е македонска песна и е од 90тите.Тоа ни го кажа во фан клубот.Така да останува само Сонце за три светови.А и плус на х патрола видов во компјутерот на Жељко не сум сигурна ама ова беше http://www.youtube.com/watch?v=4T1CWI62tpQ Не сум 100% сигурна
Јас пак слушнав дека ќе ја пее Кажи ми од Драган Мијалковски. И таа е македонски евергрин така да можно е да е или таа или Сонце за три светови, додека пак не верувам дека ќе пее песна од Лозано.
Може да е таа зашто и на сликата од пробите имаше зраци од сонце,иако мене нешто таа песна не ме воодушевува можеби затоа што на Џафер гласот не ми прија за слушање незнам ,можеби сега оваа верзија на Даниел со неговиот глас оваа песна ке ја засакам
Луѓе од која пуста страна сте виделе која песна ќе ја пее значи официјалниот пејџ кој го води Даниел е тој со скоро 200.000 лајкови.Не смее да се каже кои песни ќе се пејат.
Икс Фактор анализа: Даниел освојува 60 отсто од вкупните гласови (Вчера прочитав на српска страна, ама неможам да го најдам тоа, така што би требало да е вистина) Значи морам јас негде да кажам, јас се заљубив! Не само во пеењето, има убавина, стил, изглед, значи му го сакам секој потег! Знам дека се однесувам како некоја мала тинејџерка, но верувале или не сериозно е ова. И да искочи во следниов лајф, и да не победи, тој е новата ѕвезда во Македонија, сигурно.
Речиси сигурна сум дека Даниел ќе ја пее Соце за три светови, затоа што на неговиот фан пејџ објавил дека вечерва ќе пее песна за сите сонциња. А еве најдов еден линк на кој пишува кои песни ќе ги пеат дел од натпреварувачите. http://www.kurir-info.rs/kraljevski-tre ... ak-1188525
Ејјјј баш се израдував кога слушнав дека ќе пејат домашна музика, не дека сум премногу фан на македонската и српската музика, туку дека ќе го чујам Даниел со некој македонски евергрин.Ако ја пее Сонце за три светови супер!Исто така би му стоела некоја од старите песни на Владо Јаневски од типот на Црно тиквешко или И тогаш некоја будала.Ахххх знам дека ќе уживам вечерва, онака баш ќе ме релаксира ден пред испит
Припремајте си ги прстите за куцање, ни следува нова вечер. Работава: Кај и да си, за Х фактор дома си. Грисини, литро чај и чоколадо спремно. :geek:
Не ми се верува! Пак оваа ја ставиле за водител? Немам коментар.. Мислам можеби на некого му се допаѓа ( да не се разбереме погрешно ), ама дефинитивно ептен ми е антипатична, шоуто ми се одгледа од нејзе.