Јас мислам од онаа недела ќе им служи на памет па ќе се оправат сега ќе видиме а иначе исто мислам дека оваа водителка е дааалеку подобра од оној Славко ли како беше
Одличен почеток, значи шала на страна за нејзиниот изглед но гласот и е толку зрел и убав, навистина за девојче од 13 години е нешто wow Следни се Доктори
За тие што гледаат на компјутер еве линк http://www.navidiku.rs/tv-uzivo/tv-pink јас на пинк најдов,зашто ми доцни сликата од сител
Илма си е Илма, па како шо рече Кристина, колку и да и бараш маани, тоа е исто како да бараш игла во сено. За стајлингот можеби, не знам, ама уште е рано да се каже. Сепак треба да го видиме стајлингот и на другите кандидати.
Нека ми објасни некој што е со аплаузов ,дали е до тонов од кај нив?!!!Ептен вештачки некако изгледа.
Wow! Браво Илма, значи каков глас има ова чупе, на толку години, прекрасно! Ме ежеше цело време додека ја пееше песната А и многу од нив имаат убави гласови, само не треба да се напнуваат кога пеат, а се осеќа кога е така. И Даниел си е супер, со колку леснотија тој си ги пее песните, ете тоа најмногу ми се допаѓа Едноставно веќе си сфатил како треба и знае како да пее, си има и глас и стас, се е супер, знам дека и вечерва ќе е супер И јас за едниот аплауз така си помислив Се осеќа кога е само од публиката
Оооо душичи, еее баш би ми било криво ако не им дадат шанса на крај да ја испејат уште еднаш песната Етеее ме послушаааа
Мене пак Илма ми е крајно досадна, не негирам дека има гласиште ама некако монотоно ми пее и воопшто не ми е харизматична. Инаку овој Армин ми е најдобар од Докториве, и фер од нивна страна што им дадоа уште една шанса, сепак ова второто многу подобро звучи иако овој Урош според мене потфрли малце вечерва.
Душички. Фала Богу овие од продукција си ја поправија грешката, мислев дека нема да ги пуштат па да пеат. Мене па ептен ми се беднисаа како испејаа.
Значи ако Кристина не знае да им ги усклади гласовите на една група, тогаш што воопшто целта на групата. Само еден двајца пеат а другите придружни вокали. Безвеза...