Емина многу добро ги брани своите кандидати,не се крие ко Кики и ке видите нејзините кандидати најдобро ке поминат!!!
Сите ја реметат Катарина па и сама си се ремети, не стигнала ни да фалшира пошто ни уста нема отворено. Тооооо!
Во темата коментари со брзина на сетлината. Ајде и јас да си кажам неколку збора во врска со вечерашните настапи. Многу добро ми почна емисијата за разлика од претходните вечери има доста позитивни промени и во стајлинг, избор на песни. Инаку мислам дека оваа водителка е подобра за разлика од Славко. А од жирито оваа Емина ке престане ли да вика само феноменално фантастичен си и да плаче само. Одвратна ми станува веќе. Жељко ми дава најреални коментари. Илма супер го започна вечерашниот лајф. Овој пат и беше погодена песната за разлика од претходно со Бруно Марс незнам што мислеше Кики, и испеа одлично како и секогаш. Стајлингот и беше погоден за нејзина возраст и немаше црвен кармин фала богу. Баш се зачудив ова што се случи со Доктори и ми падна криво посебно кога им ги видов изразите на лицето. Сепак гордо го поднесоа тоа и добро е што им дадоа уште една шанса бидејќи немаше да биде фер. Тамара имаше подобра нијанса кога се работи за песна, но сепак мене ми е некако просечна во однос на првата аудиција. Морам да ја пофалам за стајлингот и нема зелена шминка веќе фала богу. На Даниелчо наш се гледа дека повеќе му лежат странски песни, но сепак не испеа лошо. Си гласам редовно за него Александра С. многу е подобрена и во пеење и во сценски настап. Позитивно ме изненади овој пат. Харис Чато незнам ова дете не го можам. Некако ми е многу антипатичен и се надевам дека ке испадне што побрзо. Прочитав многу негативни коментари за Маид, а на мене баш ми зрачи со позитивна енергија и има неверојатен глас. А за сценскиот настап едно браво, ептен ја подигна атмосферата. Алекса ми е просечен глас, стајлингот му беше добар без патиките Александра Бркович - како повеќе ја гледам девојката така повеќе ми се допага. Не ја приметував многу на почетокот но сега навистина сум пријатно изненадена од неа и конечно не ги прави веќе тие фаци Лукијан се подобрил и убаво испеа вечерва. Ајде доста пишував сеа да видиме резултатите од гласањето. GO GO GO GO GO GO GO Даниел
Вечерва беа подобри во споредба со минатиот пат. Најдобар за вечерва дефинитивно Лукијан Од 4u стварно оваа Катерина глас и се нема слушнато. Само онака се појавува на сцена. Даниел задоволително иако имал и подобри настапи. Маринела од старт ја форсираат некако дека ќерка на Џогани....
Што сте напраиле бе луѓе, треба да се прогласи мерка за брзина: мислења во темава во 1 минута Гласано Идеме сега на навивање
Мене Даниел баш одлично ми испеа, ама со сценскиот настап ме освои, се стопив. Највеќе ми се свиѓаше Лукијан.. Од кај го извади тој глас, дефинитивно најдобар настап до сега. Најужасни ми беа Доктори. Не заради техничкиот проблем, него општо тука најубаво се виде дека Кристина најмногу го форсира Армин, се гледа дека најубаво пее од сите али мислам дека треба да им даде шанса и на другите, а и песната тотална утка.
Само да си кажам дека ми е криво што мислам дека и оваа вечер Тамара ќе се извлечи уште еднаш ,а не го заслужува тоа искрено.................сите супер пееја со исклучок на неа
Од кога завршија настапите можам прво да заклучам дека за разлика од минатата недела, денес не преовладуваа очајните настапи. Како згрме Илма алал да и е, може скоро сите кандидати да и подзавидат на таа контрола на глас, ама сепак немам срце ниту да гласам ниту да навивам за девојчето, премногу е мала за да се пушти по тие води, девојченце мало најмало, ни до средно не стигнала уште. Даниел е злато, зрачи, премногу е харизматичен, се топам кога го гледам. Овој пат немаше направено баш најдобар избор на песна, се гледаше дека не му одговара, особено на почетокот, ама потоа некако како да се снајде. Како и да е солиден настап, но не и најдоброто што сме го виделе од него. Лукијан исто ми се допадна, одлична изведба со многу емоција. Групите денес сите ми беа просечни накај лоши. Тамара беше подобра од минатиот пат и за промена не беше нападно прешминкана, ама не ја сакам ниту па гледам нешто посебно во неа. Александра С. имаше прилично провокативен настап, мене не ми пречи воопшто, а и не испеа ич лошо, за разлика од минатиот пат. Баш има добра енергија. Другата Александра не ја сакам, не ми се допаѓа тој стил на пеење што она го тера. Алекса беше ептен тра ла ла, баш ништо посебно. Маид ме иритира со тоа занесувањето, сељак ми е и точка. Пеењето ок, ништо спектакуларно, ама однесување НУЛА. Водителката мене ми се допадна, баш е слатка и природна. Снеже си е Снеже, глуперда белосветска, нема што друго да ја коментирам.
Значи цела вечер гледам Икс Фактор и вртам страниците на темата Да бидам во тек,ама пошто бев вклучена од телефонот ништо не пишав. Ке се вратиме после рекламите.