X Фактор - Србија (Сител) Немам зборови да опишам колку е само погрешен и кратковид твојов коментар. И после се правиме некои „современи“.... пф. Икс фактор -адриа абе остај ги нека рокаат звезде гранда таму секако не излегуваат едни од „овие“. Излегуваат саде нормални луѓе. Да не се повторувам со тоа што го кажаа некои членки претходно, според мене Фифи има глас барем за понатаму да продолжи, па дали е таа/дали е тој, тоа е друга работа...
X Фактор - Србија (Сител) Искрено, не верував дека некад ќе го кажам ова, ама мене Фифи ми беше феноменален. Имав некое друго мислење за него, не заради неговата сексуална ориентација или начинот на облекување туку поради тоа што мислев дека е само уште еден во низата уана би Боки 13. Ама сум се прелажала очигледно. Мене неговиот настап баш ми се допадна, пофалби и за тоа што си зборуваше македонски. Исто се изненадив што баш солидно се претстави во интервјуто, без да глуми лудило туку баш беше нормален. И покрај тоа што Жељко му даде НЕ кое беше незаслужено, достојно го прифати тоа, мислам дека треба уште малку да поработи на својот глас па може и да ми стане еден од главните фаворити. Што се однесува до оваа епизода, освен Фифи и Тамара никој друг не ми остави некој поголем впечаток. За жирито не сменив мислење туку баш напротив, се повеќе се уверувам дека Жељко е едно неизживеано суштество полно со предрасуди, Емина глуми лудило, Кики постојано се согласува со нечие мислење ко да нема свое, а Кристина ми е најдобра и најреална.
X Фактор - Србија (Сител) Јас се заљубив .. Колку е само преубав, башка мене ми испеа поубаво и од Сергеј .. http://www.youtube.com/watch?v=yJOZY4jFg4o
X Фактор - Србија (Сител) Што се однесува до жирито, па и не се толку лоши. Нивното однесување е слично со Сајмон, Никол и другите зошто концептот на Х фактор е таков, ист. Не ми се нешто претерано лоши, имаат испади како испадот на Жељко за Фифи. Дефинитивно е хомофоб човекот и тоа го спречува реално да ја види работата и да го забележи талентот на Фифи. Не е фер да му се даде не затоа што е таков каков што е. Ама нели, негово право си е тоа.
X Фактор - Србија (Сител) Штета што не можам да го гледам редовно, но уживам во некои преубави гласови. Се наежив на неколку пејачи, но не ги запамтив имињата. Во првата епизода малце се испровоцирав што македонците ги поминаа туку така набрзина како да не се битни, демек еве ги покажавме... А за Фифи убаво испеа, но искрено јас не можам да го гледам, ми се згрози. Судиите... Жељко претерува со самото тоа што бара "домаче" песни, баш и на една македонка и рече да пее нешто домаче и многу ми напрај ќеф таа што пееше на македонски Емина не сум знаела дека е онаква, како тинејџерка што ја удрила славата во глава. Другите два члена не ги знам, но подобро ми се однесуваат од овие претходниве.
X Фактор - Србија (Сител) Зошто ја срами Македонија ??? Па зарем треба да судиме ние сите за неговата определеност ??? Х Фактор е шоу кое се оценува пеењето а не да судиме ние зошто е ваков ,ја срами Македонија бла бла ... Колку познати музичари има во светот како што е Фифи знаеш ??? Значи многу сум против ваквите мислења !!! Фифи пее прекрасно, и јас му се восхитувам на неговата издржливост ззатоа што тој има многу негативни коментари од сите ! Оставете да го наметнувате вашето мислење на други , нека остане само за вас едноставно само кажете го и готово. Извини што го коментирам баш твоето мислење но оваа мое мислење е за сите кои што имаат сличен како твојот коментар. Сепак секој има право да каже што мисли , но барем малку да цениме тоа што го имаме !
X Фактор - Србија (Сител) Meне па многу повеќе ми се допаѓа однесувањето на овие што се позади сцена отколку на овие од жирито. Баш ми се искулирани и супер, не се арогантни, ни дечково ни Снеже, си праат муабет, ист третман за сите.
X Фактор - Србија (Сител) http://www.youtube.com/watch?v=NWOQqolIaz0 Човече како флертува со публика, јас би му се фрлила пред нозе Го сакам.
X Фактор - Србија (Сител) а што песна беше оваа последнава шо ја пееше,од Florence and the machine беше песната али насловот? Тих како не ми текнува.
X Фактор - Србија (Сител) Последнава епизода ПРЕдобри ми беа Македонката, девојчето од Богданци и Армин докторот алал да им е пеачишта!
X Фактор - Србија (Сител) Можеби сте напишале а можеби и не,да не ги вртам страните наназад ке сака некој да ми каже кои денови има x-фактор со нови кандидати? фала
X Фактор - Србија (Сител) Секој вторник се аудициите, а другите денови ги претставуваат кандидатите кои се појавиле на аудициите таа недела.
X Фактор - Србија (Сител) Просто не можам да поверувам на какви антиталенти судииве викаат ДА. Јас на ниеден од овие што беа вечерва не би рекла "да", освен на 17-годишното девојче што беше со дечкото и нашава. Не го сакам тој тип на музика, ама имаше феноменален глас за тој тип на музика, кој воопшто не е лесен за пеење.
X Фактор - Србија (Сител) Не ми се верува колку просечни гласови ги воодушевија судиите. И колку само неталентирани или просечно талентирани луѓе се пријавиле. Мене лично во оваа епизода ми се допадна само ќерката на Луис и оваа нашава, иако не дека ме воодушевија нешто многу ама кога би морала да бирам кои се најдобри би ги избрала нив двете, и тој дечкото од Босна мислам дека беше, е и он беше добар. Ќерката на Џогани според мене беше чиста утка и ја пуштија само затоа што е дете на познати ропдители, погрешен избор на песна, се клатеше на сцена, и гласот нејзин воопшто не ми се допадна. Ова е прв впечаток, за понатаму ќе видиме. И зошто пративме македонска водителка кога и таа зборува на српски ? Ќе ни треба превод и за неа.
X Фактор - Србија (Сител) Тапа, тапа. Подпросечно. Па немаат на што да се воодушеват луѓето, а мора да прават шоу. И оваа Соња од Операција триумф се пријавила, па нели и песна имаше извадено? И ме нервира што ги даваат како пејат, а овие во исто време ги коментираат, па не е тоа тоа. И Фифи кога беше сите викаа сам се претставува, не ја претставува Македонија, а сега со последнава сите сме горди Македонци. Хех, Македонштината наша.
X Фактор - Србија (Сител) Истото си го помислив за ќерката на Џогани, истото што не можам да го кажам и за ќерката на Луис. Девојката предобро испеа, исто и нашата
X Фактор - Србија (Сител) А нели по правилата не треба да се пријавуваат оние со издадени песни, албуми и какви-такви кариери позади себе? Затоа што слушнав дека и Иван Раденов се пријавил на Х фактор а и Мики Секуловски. А со оглед на тоа дека Иван беше победник веќе на едно вакво слично шоу навистина ми нема логика пак да се натпреварува.