дефинитивно Александра беше подобра од Х2О.Но,сепак жал ми е за Фифи,али тоа е што e !!Важно Даниел помина btw мене Александра страшно ме потсеќа на Клои Кардашијан
Редно беше да се донесе исправна одлука околу испадањето. Фифи пее, но Маринела има неподнослив пискав глас, болно е за слушање. Мислам дека оваа им беше и многу требаше одамна да испаднат.Да беше сама Фифи можеби и ке продолжеше но со Маринела нема шанси. Александра се труди, има добар сценски настап, убава девојка е, убаво пее, во секој случај многу подобра од Х2О и заслужено продолжи понатаму.
Не требаше да го остаат Жељко да гласа на крај,т.е да одлучи.Ја сум сигурна дека ги прати Х20 дома само затоа што не го сака Фифи(нели првичните негови рекации),а не затоа што Александра убаво испеа.
Сеедно ми беше кој ќе отпадне од овие, ама Александра овојпат беше подобра, овој ѝ беше најдобар настап досега според мене. На Х20 доста им беше. И оваа Ана дај порано нека го кажува Даниел бе.
Amelia по што процени дека е спонзоруша? Ако е убава, секси, атркативна и опуштена на сцена значи дека е спонзоруша?
Балабановиќ има повеќе креон на очи отколку јас што ставам за ноќно излегување. Па ај да пееа некој рок/метал, за Цесарица ли?
Точно дека Фифи пее убаво, но не и Маринела, а тие настапуваат како група, така да...Не е фер да се провлекува Маринела кога девојката стварно нема појма од пеење, ради Фифи.
Згреши Жељко Јоксимовски овој пат! Сепак од Александра не можеш никаков вокален настап да добиеш само изглед за на сцена стварно не можам понекад да го сфатам жирито но добро што е тука е... Харис Чато ака Фејк Бибер коа уште опстојува...пуштете го детето дома ете го боли прстот бе!
Абе луѓе зошто толку негативно сте настроени спрема Александра? Океј, има други што многу подобро пеат од неа, ама човече девојкава е родена за на сцена!! Нема шанса да остане неприметена, а тоа е нешто што се бара во x фактор покрај глас. Знае и да збори, и да се држи и пред камера да се понаша... Незнам, мене ми е океј. Дури мислам кога она би остварила музичка кариера и некој друг кој има подобар глас ама на сцена е досаден, она ќе има и повеќе публика и ќе собира луѓе на концерти, така да според мене добро што помина Инаку ве читам викате Босанците кога ќе се заинатат да гласаат одат до крај па затоа Маид му е конкуренција на Даниел, па нели и Илма е од Босна, ако така гледаме гласовите ќе се поделат, не? Друго што сакав.. А да, Алекса - луѓе не зезајте дечкото стварно пее, и има харизма, незнам некако како досадниве да ги сакате повеќе . Јас имам впечаток дека он кога би победил или еве немора да победи ама кога би почнал да пее, ќе биде како Џастин Бибер, пубертетлики ќе се палат на него, ( а ние поголемите на Даниел - се шалам), ама стварно незнам зошто го хејтате. Дури мислам дека он не е лигав туку Емина го лигуши и затоа така изгледа..
Баш така супер беа Н20, nikiiii скроз те поддржувам за Х20 и имаа преубав настам и поубо испеаја од А.С, иначе А.С. воопшто не ме бендиса како пее....
Единствено ми е жал за Фифи, а Маринела и онака не пееше добро. Мислам дека мачка да пуштеа на Х фактор поубаво ќе звучеше, отколку гласов на Маринела. Како што имаше погоре наведено, Фифи подобро ќе поминеше ако ја пуштеа соло во емисијава, ама тоа е.