Морам да признаам дека Лукијан беше ѕвезда на вечерта. Не го засени Даниел од аспект на настап, ама пеењето дефинитивно беше врв. Му легна песната. Тамара да си оди дома, кое рикање го даде вечерва, ма не беше бре тоа пеење, беше катастрофално да се слуша. Не ги погледнав убаво настапите, баш сега ќе ги ѕирнам како што треба, па ќе искоментирам дополнително. Знам дека Лукијан ми го фати вниманието дури и во гужва, затоа и ми остави впечаток.
Илма си има глас девојчето, ама повеќе би се пробила за 3-4 години, Доктори единствено замерка би било тоа што само на двајца им се чу глас.. иначе добри се , Маид незнам дали би му лежела странска песна... ама со српскиве растура , Тамара не пее лошо ама како што рече Жељко си е малце во некој свој свет, Харис подобро му лежат српскиве отколку странските дефинитивно, Александра.С убава е, ја бива за на сцена, ама најлош глас има од останативе, Даниел ај што е наш (прво заради тоа треба да ја има нашата подршка), па и добро пее, знае да се снајде на сцена, само пофалби , H2O не дека нешто многу ги обожавав, ама Фифи значи 100 пати подобар глас има од Маринела... Алекса убаво пее, симпатичен е, најголем впечаток остави на првиот настап со шпанската , 4U не е фер што некој пее, а некој стои само за украс , Александра.Б многу јак глас, а и вечерва и се имаше погодено песната, Лукијан најдобар негов настап досега, многу добра верзија на песната
Стајлингот вечерва кај сите напредувал освен кај Илма...Боже мили па ја облекле како мајка на родителски, а не како тинејџерка од 14години. Стилистот е очаен за сите. Тон мајсторите мора да се на некоја дрога. Лудница.
Само за првово човеков се гледаше дека се збуни и културно се извини милион пати, а ова беше тенденциозно и звучеше така... не баш океј. Барем да се избацеа со такво нешто за другиве шо се полни со тенденциозни избацувања. Еднаш му се испуштило на Жељко и одма напад, а другиве констатни коментари не ги приметуваме. Бај д веј, изгледа рецептивните вештини од македонскиот јазик и` се развиле повеќе на Емина вечерва. Очигледно фино го разбра Даниел. Шуќур. Најс.
Беше многу јасно кој ке си оди кога дојде ред на крај да одлучува гласот на Жељко . Тој толку го замрзе Фифи од почеток што мислам дека ниеднаш не му кажа “да“ во време на изборот за финале и ниеднаш не му рече како другите во “женски род“, дури секогаш се обраќаше “види овамо Филипе“ за разлика од другиве тројца што викаа за Н2О “ данас сте добро певале“.......
Mислам дека со оглед на вечерашниов настап, Жељко беше сосема објективен, реално Александра беше подобра. Кој труд само го вложи. Динамична кореографија усогласена со пеење и тоа со добро пеење... Баш мислам дека ги стави личните предрасуди настрана и ги фалеше нон стоп Х2О низ live-овиве... Btw Жељко се` попријатно ме изненадува со однесувањето.
Мислам дека крајно време е да ја повлечат Снеже од појавувања на вакви шоуа од забавен карактер, нема ни спонтаност, ни духовитост, џабе е и на македонски да зборува и на српски да пробува (неуспешно), а ова денес со Јоксимовски и беше врвот. Кој ја форсира толку не можам да сфатам Покрај Даниел, денес најпозитивно ме изненади Лукијан, до сега го немав заприметено искрено, а и другите општо не беа лоши како претходниот пат. Членовите на жирито ми се многу суетни и нереални со некои изјави за кандидатите- еднаш се најлошо, другиот пат се најдобро, а и продукцијата не е за фалење, посебно не вечерва многу грешки имаше (ама добро до крај можи ќе се поправат ). Уште колку вечери ќе испаѓаат по еден, дали знае некој кога е финалето?
И за крај асоцијација на вечерашниот лајв ми е Harlem shake. Ќато кленѕа, тон мајсторите полуделе, аплаузи се пуштаа онака од ракав кога не треба, не се слушаат едни со други...хахахах ке си пукнам, се изнасмејав посебно на твитовите, доста беше за вечер
Мои фаворити се: Даниел, Илма, Александра Брковиќ и Лукијан од вечерва, ако не се врати на старо на следниот настап. Александра Брковиќ има страшна енергија и боја и висина на гласот, нешто ептен несекојдневно и убаво. Лукија мирно дете без посебен талент според мене, или пак не знае да го покаже. Александра Секулиќ ја обожавам, таков став на сцена, сценски настап, движење, поглед и за крај изглед и сексипил.... ретко кој има. Ама за пеење мислам дека не е, треба самата да си сфати на време за да не се разочара понатаму. Сега помина ама мислам дека се држи на стаклени нозе, можеби грешам ама мислам дека изгледот многу ѝ помогна да помине вечерва.... подобрена е многу, да, меѓутоа иако сум алергична на Фифи со огромно А, вечерва прекрасно ја испеа Чувам Те, исто и Маринела, а и песната на спасот не беше лошо испеана. И јас мислам дека на гласовите на Жељко многу влијаат неговите предрасуди, што до некаде и го оправдувам бидејќи има став и принципи човекот, искрено колку и да е македонец Фифи и колку и да пее убаво мене ми се лоши од него и никогаш не би гласала за него. Не само затоа што сака да биде женско, туку и поради неготово одвратно однесување. Илма, ја обожавам Илма! Кој и да победи на Икс Фактор, таа за мене секогаш ќе биде победник. Таков глас, таква емоција на само 13-14 години, како да проживеала низ се тоа што го пее.... луѓе со богато животно искуство не можат да изразат таква емоција. Браво, секоја чест за девојчето! Тамара.... простете на израз, ама јас би ја нарекла мртво пувало. Ништо привлечно нема на нејзе, никакво однесување, никаква емоција, никаков шарм..... И да има глас без никакво држење, однесување и сценски настап џабе ѝ е, ама според мене ни глас нема. Се однесува како мало срамежливо девојченце кое сеуште мисли дека светот се врти околу нејзе и нејзините хирови. Фор Ју ме разочараа досега неколку пати, дефинитивно го сменив мислењето што го имав за нив.... Поготово што плавата ми стана одбивна поради нејзиното дигнато однесување, дистанцирано, а искрено таа и Лана воопшто не вложуваат во бендот и во пеењето. Од страна изгледа како само црвенокосата и смеѓата (не се сеќавам на имињата), да се притресуваат околу настапот и да испеат што подобро, а другиве две излегуваат на сцена, застануваат и го заземаат ставот лукинг прити и толку им е обврската, мува не ги лази. За Харис имав погрешен впечаток и ич не го сакав, сега сфатив дека може нема некој глас ама коректно пее и е баш спротивно од што мислев, скромен и приземен. Даниел зборови немам.... се гледа дека го туркаат, ама има и зошто. Искрено, мене многу ме потсеќа на Тоше, бидејќи има нешто посебно во него освен гласот, однесувањето, скромноста, искреноста.... не можам точно да опишам. Има некој сексипил во него, останав со подотворена уста кога со танчерката изгледаше како за малце да ќе се бацат, тој сексипил не се глуми, или имаш или немаш. Ама танчерката, навистина можеле да најдат многу поубава. Инаку вечерва сите беа подобрени во секој смисол и сите расположени и ведри, од судии до натпреварувачи што дури и ме зачудија. Прошлиот пат беа напнати ептенннн. Снеже нашана ич не ја сакам, па уште ова ЈоксимовСКИ ѝ фалеше.... зашто сме такви бе одма да се напаѓало, Жељко многу ги сака македонците и не пропушта прилика да го каже тоа, го кажува презимето на Даниел без чудниот изговор што му го додаваат србите, или пак Кајмаковског, колку пати ќе каже нешто на македонски.... па и да рекол така бог да чува, зар не сме едно, некој ако ти бил вчера брат денес може да не ти е? Сакал да каже не е странска, на нашки си е. Одма се се користи како причина за напад. Ова беше од прилика што ми лежи на душичката.
Just for the record на вториот лајв, фор ју беа попровокативни во тие фустаните и појако нашминкани од Александра (да не зборам дека и песната аранжмански беше 500 степени сменета само за да заведуваат), па никоја од тие девојчињата нe можеше нејзе да ја засени. А и сега, воопшто не и` беше вулгарна облеката. Девојката е ПРЕубава сега, и во црна кеса за ѓубре и весник да ја облечат ќе биде и убава и секси и атрактивна. Мислам она горното на вториот лајв колку и` беше катастрофа, па го износи бре и како дама изгледаше во него ќе си речеш ко којзнае што да облекла. Е со ова за стриптизов не можам повеќе да НЕ СЕ СЛОЖАМ. Девојката кокетира и се` тоа, знае да се носи со изгледот, атрактивна е но НИКОГАШ не била вулгарна, така што НЕ, не очекувам стриптиз од неа, попрво го очекувам од оние што фураат имиџ на мирни, фини љубезни и мили. Дека пееше пак лошо вчера, НЕ ПЕЕШЕ ЛОШО. Со таа кореографија така да испееш...па супер е (со оглед на тоа што имаше и такви што го преседоа/престојаа пола до цел настап кој од оправдани причини како на пример Харис, respect , кој for no reason at all). И дека многу жени и` го памтат тој еден лош лајв како лута рана и сите настапи и` ги поистоветуваат со тој (мошне неправедно затоа што навистина се труди девојката) затоа што им е најубава од сите таму, реално така е. Сеа дали сакаат да си признаат или не, не менува ништо. Секоја чест на исклучоците кои не се водат по само еден впечаток. Мене и во бут кампот ми беше супер. МНОООООГУ подобра од Тамара. Додуша и самата си е свесна за некои работи. Самата си кажа дека убавината и` има одмогнато многу пати во животот. И во право е. И самата си призна за конкуренцијата која ја има во поглед на вокали што ја прави се` освен самобендисана, туку едноставно девојка свесна за своите квалитети и недостатоци. Убавината и` е најголем грев во шоуво, од сите фалшови поголем. И дека минатиот лајв помина на стара слава па и на изглед, помина на тоа. Но во овој лајв ја оправда довербата и судиите ќе беа крајно нефер да не го забележеа тоа само затоа што девојката е убава. Не е најдобра од сите, но од најлоша е милји и милји далеку. А јак ми беше коментарот погоре дека била спонзоруша. Зашто толкави предрасуди бре жени? Од кај на кај заклучоциве левел женине од филмот „Малена“? Дечковците прокоментирале дека е згодна и ви го скршиле волшебното огледало за вечерта. Ама гарант!
[СДК] Сакам да кажам... Би сакала од X factor adria да ги пофалам Даниел и Лукијан...прекрасно испеано. Мои фаворити . http://www.youtube.com/watch?v=xujQjHq2bao БРАВО !
Лукијан,според мене беше најдобар на синоќашниот лајв.Интерпретацијата му беше предобра,сценски настап супер(во согласност со песната),преубаво се носеше со песната.Браво за него Маид,има предобар глас,но не ми е фаворит.Има нешто во него,како иронија,што го прави одбивен.Инаку супер ја пренесе песната. Александра Секулиќ,изненади и тоа многу.И регуларната,и песната за спас ги испеа супер.За сценски настап,сувишно е да се коментира.Најдобар настап,енергичен.Можеби не пее најдобро,но самата нејзина појава привлекува внимание.Како мелем за очи е ,на пример во споредба со Тамара,која има убав глас,но е досадна.Никакви движења,никаква енергија нема,премногу пасивна.Она ми е само онака за слушање,од причина што не може да се виде и друго кај неа,стегната е премногу.Инаку стајлингот и беше супер,конечно. Х2О,сметам дека одамна и требаше да испаднат.Воопшто не ми е допаѓа спојот на нивните гласови(најверојатно дека не се разбирам баш од музика) 4 ју,убав сценски настап,убав стајлинг,и Теодора супер испеа.Онаа плавата,ме иритира многу.Некако премногу лигава ми е,а глас не и се слуша. Доктори,просечни.Воопшто не ме одушевија. Алекса,во ред беше тој.Белата боја убаво ми прилега Илма,стајлинг лош,како вообичаено,убава интерпретација. Другата Александра,според мене го носи епитетот најлош стајлинг.Катастрофа.Па и сенката на очите-чинам портокалова беше... Даниел,ми беше онака ок,ништо посебно.Воопшто не ми се допаѓа како пее на македонски јазик. Харис,искрено смачено ми е шо детето толку го форсираат.Најверојатно и поради тоа ми е одбивен. Ана,како и претходната емисија,преубава,спонтана и интересна. Снеже..зарем по интернет не чита коментари дека како појава иритира?Демотивација ми е за гледање на икс фактор.После Емина(drama queen),оваа ми е второ лигаво суштество по ред Жељко и Кристина,коректни со коментарите.Кики,едвај сврзува збор со збор.Некако како трема да има,збунет е,не може да се изразе. Во глобала,вчерашното шоу беше далеку подобро од минатата недела.
Ќе искоментирам само неколку... Александра дефинитивно имаше многу подобар настап од Фифи и Маринела. Се покажа во многу подобро светло од минатиот пат. 4U под итно да си одат дома!Ама под итно!Уште од почеток ми се антипатични ,сите четири.Очекувам нареден пат тие да испаднат ,иако требаше многу порано. Илма и Харис се одлични,ама сепак мислам дека за неколку емисии ќе испаднат и двајцата,имаат време за да се покажат на сцена. Добро што и беше на Снеже со коментарите ?
Искрено веќе напнавте со Александра С. на некој ако не му се допаѓа одма е љубоморна на неа на изгледот или на не знам ти што. Убава е, има убаво лице и тело,но колку што знам натпреваров требаше да биде за најдобар глас,а не за изглед. Да и изгледот е важен на поп сцената и харизмата,но не треба да бидат главна причина за некој да продолжува со настапи кои како да речам, не се знае што да се очекува или е катастрофално или е во ред. Бидејќи и на аудициите,а и во куќите на судиите имаше далеку подобри настапи од нејзиниот. Mислам дека кога шоуто е веќе до овој степен треба повеќе да се гледа за квалитет на гласот,не можат повеќе да се дозволат пропусти на лоши настапи само бидејќи е убава. Oвај настап и` беше просечен-во ред беше со оглед на фактот дека и танцуваше па и тоа уморува,но како што кажав не може кога шоуто е веќе на овој степен да бидеме во ред со „изненадувања“ еднаш во ред, друг пат ужасно. И не, не ѝ љубоморам девојката изгледа убаво тоа е факт,но мислам дека предалеку е стигната со нејзините ограничени вокални способности, и многу подобри натпреварувачи од неа испаднаа.
Немаше да се коментира, ако не се избацеа луѓе кои со цел памет и` го направија лош вчерашниов настап (што факт не беше), па некои дури и лепота и` негираат, на крај и спонзоруша ја направија. Ај за гласот и самата си признава, ама од другово, смрди труе на љубомора и завист. Мене ми беше подобра во бут кампот од Тамара едно сто пати, па сепак не влезе (реално таму Тамара и Христина беа дно). Ама се откри дека мнозинството народ ја сака и ја вратија. Тоа и е битно тука. Да те сака народот, барем широката маса. Џабе и ангелот да си го заборавил убавиот глас кај тебе ако си подвижна антипатичност.
Ќе запее некогаш плавата Катарина од 4ју ???? ************************************************************ Браво за Лукијан, преодлично !!! Детево е многу скромно, невпечатливо, ама еве почна да се докажува се повеќе и повеќе. ************************************************************* И ете се извина Жељко за матерњи јазик, за џабе 100 страни се исполнаа со тоа , и што е она 100 статуси читам ајде почнува Х Фактор...ајде уште малку еве....Досадни сте бре !!!!!
Вчерашниов настап за мене беше просечен, во ред беше секако треба во предвид да се земе и фактот дека танцуваше што никој друг не го правеше тоа, девојката се трудеше да направи шоу и со падот накрај, како што рече самата да ја крене публиката на нозе. Но пак ќе повторам, мислам дека предалеку е стигната со нејзините вокални способности. А за тоа дека публиката ја сака нешто многу со оглед на тоа дека имаше најмалку гласови вчера заедно со Н2О, не би се согласила. Да, беше вратена од испаднатите што искрено многу се изненадив бидејќи најмногу коментари имаше да се врати Маид (што се врати,но не се знаеше дека ќе се врати,а прва се врати таа) ,но како што реков и публиката веќе сфаќа дека предалеку е стигната-имаше најмалку гласови. Едит: И да навистина имаше доста глупави коментари дека премногу провокативно била облечена или дека била спонзоруша и не знам ти што, но имаше и некои кои што беа конструктивна критика и сопствено мислење,а веднаш одговорот беше дека се љубоморни.