X Фактор Адриа (Сител)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Primadonna, 5 јули 2013.

?

Кој е вашиот фаворит за победа?

  1. Даниел

    532 глас(а)
    74,1%
  2. Доктори

    30 глас(а)
    4,2%
  3. Лукијан

    26 глас(а)
    3,6%
  4. Маид

    110 глас(а)
    15,3%
  5. Тамара

    20 глас(а)
    2,8%
  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Што е тука за фалење ? |(

    Жељко се извина, а таа сега провоцира. Глупости. Водителкава наша еден асален збор или коментар не кажа. Нема речник бе женава. :puke:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.804
    Пол:
    Женски
    ^^ Далеку е од единствена што отиде предалеку. Според мене, ни 4U ни Тамара веќе нема што да бараат тука.

    А Лукијан па? Убаво пее, ама гледање во камера...држење микрофон... не е се` до гласот.

    И Алекса ми е некако префорсиран за човек кој може да привлече само одреден таргет на публика.

    Ако е за убаво пеење, Перчоли беше меѓу најдобрите ако не и најдобар во boot кампот на Емина па не продолжи понатаму. Нема некое правило, а за Александра С. се надевам дека ќе остане, барем не го крева носот кога ќе и` упатиш критика ко Тамара на пример.

    Македонче... кога ќе осетиме понизност и култура, тогаш покажуваме храброст да нападнеме. Нема врска шо другите ни` се спрдачат за јазикот, они су се само мало шалOВАли, Жељко је проблемAT.
     
    На Gioia и Play им се допаѓа ова.
  3. Play

    Play Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    69
    Да за ова апсолутно се согласувам. 4U имаат еден силен вокал,а другите ми се само како вокална придружба,а и не само тоа туку не знам не ги гледам како сложен бенд не гледам некоја поврзаност меѓу нив, мислев дека по емисија секоја по свој пат ќе тргне.

    За Тамара исто така се согласувам се влече на првата аудиција и никако веќе да ѝ ја погодат таа песна. |(

    За Лукијан сметав дека премногу се подобрува и Емина стварно се докажа како добар ментор и со енергичните песни, настапите во последно време сметам дека му стануваат предобри,а и тој се навикнува на сцената, на рефлекторите, се опушта полека, еве и на форумите има само пофалби за него,а до пред некој настап неговото присуство беше незабележително.

    Алекса искрено мислам дека изгледот му одмага (иако мене не ми е нешто посебно како што го прават) бидејќи навистина има добар вокал и може да се снајде во различни песни (еве пример таа шпанската никогаш не би очекувала некој како него да ја отпее толку добро) ,но повеќе му се цени изгледот и мислам и да направи договор со издавачка куќа повеќе ќе го насочуваат на тинејџерски песни со цел на девојките,а не некои кои вистински ќе му го истакнат вокалот.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Даниел беше повторно прекрасен, повторно најдобар нема тука што да се коментира повеќе.
    Илма мене ми е многу мило девојчето, а и пеее растура повторно го докажа тоа.
    Доктори ме освоија со последниот настап, Урош посебно. :wasntme:
    Маид беше баш добар дечково, убаво испеа, енергија на сцена, скокање, рипање. :D
    Тамара незнам што толку ја форсираат мене повторно ништо не ми се допадна кај неа.
    Жутото Пиленце мене детево воопшто не ми се допаѓа ни како пеее, ни како изгледа. Емина направи голема грешка кога го одбра него, Милош и Перчоли се далеку подобри од него али шта је ту је.
    Лукијан позитивно ме изненади многу добро испеа.
    Алекса детево е симпатично и многу тинејџерки го гласаат поради тоа. Инаку за пеење е сосема просечен,синоќа беше досаден не внесе емоција во песната.
    Александра С дефинитивно треба да ја стават танчерка да им игра на настапите така тие што си ја гласат за убавината и сексипилот ќе можат слободно да си ја гледаат.


    http://www.devojka.mk/lila-ja-ponizhi-emina-jahovik/ :D
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.804
    Пол:
    Женски
    Да бе, па ради неа да си добијат гласови. Н`цки, не може. :rofl:

    Добро бре толку ли ви пречи убавината на девојката? Ццц и глас има коректен и се`, не е најдобра, но е подобра од некои реално, али од што е толку убава мислам дека толку отпор се ствара. Да беше просечна навистина како вокал немаше ни да ја приметиме и немаше да заслужи толкав простор за коментирање. Сешто.
     
    На Elennaa, mynameislove, sweet-star и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.193
    Допаѓања:
    23.270
    Пол:
    Женски
    Јас еден така подолг пост.
    Илма Девојчето ми е ок во пеење, но не толку колку шо ја форсираат, рано му е заа победа.
    Фаци ненормално неубај прај.
    Доктори.. Јес да можи се добри, ама мене воопшто не ме фасцинираат, и можат комотно да си одат дома, вчера јас искрено мислам дека го забораја тексто, ама ај можи цд-то не чинеше, Лол..
    Група не ми е за победник не ми е ама ичч.,
    Маид Знаев ама знаевв дека од Здравко ќе пеј песна :D , ама просто разбии, ненормално добро се претстави, единствен е кој има движење од сите на сцена, палче нагоре за сонцето најубо :D
    За финале си, одличен.
    Тамара ..На моменти одвратна, на моменти ок, нека си го фати пато за дома, катастрофа ми беше вчера. како и прошлиот пат не ми е за понатаму ама воопшто.
    Харис Единствен е откај Еминаа шо не ми прај кеф, убав глас има да, ама мало е бе, не ми е за понатаму, мада далеку ќе стигнат овие ооткај Емина, сите ги гласат.
    Александра Секулич ..Мене ми е многу згодна, и предобар настап имаше вчера за разлика од претходниот, гревчее :D Мило ми е што остана.
    Даниел ..Ах ах и само ахх, ПРЕКРАСЕН мило ми е шо настапи со македонска песна, на матерњом језику :rofl: Предобар, само ФИНАЛЕ!
    Х2О Фифи да Маринела не, жал ми е за Фифи, сам/сама не знам како да напишам :D појќе ќе поситигнеше, Маринела не знам како стигна доттука, хаос е чупето. Мило ми е шо испаднаја :)
    Алекса Јас одам и ќе го запросам ова дете :D ко напалена тинејџерка сум по него, абе кај и да дојди во Македониајва пешки би заминала, ама ептен ми е убав, иначе добар настап имаше.
    Шпанската предобра испеана, абе срце е.
    Далеки ќе оди, еве ние напалените тинејџерки ќе гласаме :D
    ..Квачки ми се мене искрена да бидам, дома под хитно, единствени добри Лана и Вања, Катарина кукла само за муцките мрдање на сцена, ужастија. Aјде другиот пат дома.
    Александра Бркович ..Една од подобрите вокали ми е на шоуво, баш ми е ок девојчето.
    Лукијан Еден од фаворитите ми е, значи сите 3 настапи му беа топ, одличен ми е дечково така нека продолжи.

    Правилен избор напраја судите шо ги пуштија групата дома, мене не ми се за понатаму бе и не ми се :worried: . Се знај наптревар се прај 1 на 1 нема смисла да се наптреваруват тие со некој сто пати подобар вокал од нив и се наптпреварува сам.
    Многу сум радосна еден правилен избор да се напрај конечно, фала богу редно беше.
    Жал ми е за Маја ептен ми беше добра со песната на Алиша Кис од квачките 4 али тоа е.

    Фала,Чао. Имајте убав Ден!
     
    На Lolo5, Desert.Rose, Ammy.Lee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681

    Да не беше толку убава немаше ни да стигне до овде. Мене лично девојката воопшто не ми се допаѓа како пее и овие сценски настапи ми се некако претерани. Секој со својот вкус. Неможе еден кандидат на сите да им се допаѓа. Тие што си ја сакате гласете си за неа.
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.804
    Пол:
    Женски
    Даниел, Маид и Лукијан од машките ми беа супер вчера. Маид малце претера со денсот, али нема врска, стил му е, го личит. Taква страст си има чоекот... :D очигледно е дека мнооогу го сака тоа што го прави. А тоа е многу битно.

    За 4U реков да не си расипувам закуска сега пак да почнам со нив и за А.С. си реков (кутрото, како не се родеше помалку убаво, помалку ќе ја мразеа).

    H2O беа полоши од Александра Секулиќ но дефинитивно не беа најлоши вечерта.

    Алекса, убаво пее детето, ама досаден ми е, вештачки у фацата и ко шо вика Плеј упорно го насочуваат кон тинејџ публика. Нема бре нешто со што ќе ме залепи пред телевизор. Ниту еден настап не сум му го издржала до крај. Маид бе колку и да ме нервира и Даниел исто, абе ме влече некоја инаетлива љубопитност, да видам како ќе го завршат настапот.

    Брковиќ ми е секогаш интересна за слушање. Има што да покаже и не постои бре ни лоша песна, ни настинка што може да и` влијае на коректноста на настапот. Симнувам капа.

    Илма не ми е симпатична. Од оние е кои можеби би ги слушала на радио, но не и да ги гледам на ТВ или да следам интервјуа со нив. Ми делува надмено за нејзините години како да гласот кој го поседува е доволен сам по себе. Во бут кампот Скот поштено си рече, без паѓања у несвест дека е океј и дека треба да поработи на себе.

    Харис сосема коректно дете, без испади во однесување како што е сред пубертет, одговорен, со таква повреда така да доловиш песна на тие години, браво. Дури во однесувањето ми е посимпатичен отколку што паѓам во несвест од гласот.

    Маид и Даниел. Оној коментарот на Жељко за Маид што ми беше: „Знаеш ли зошто мислам дека ќе бидеш ѕвезда? - Затоа што веќе почна да ме нервираш.“ Истото ама истото ми се случи мене и со двајцава. :D Од старт ме нервираа, ама им немам настап пропуштено, од почеток до крај ќе останам пред телевизор. Растураат. Глас, стас, ги сакаат луѓе... гледам победници во нив искрено.

    Инаку Даниел кога ќе запне се` е можно. Не звучи лошо ни на македонски, дури и Емина го разбра. ;) Повлекувам зборовите во однос на каков е сега, а си држам до мислењето за неговите минати изведби.

    Исто така му благодарам на Маид шо си го врати стариот имиџ. Хвала лепо.

    Сепак оние стварчици кои ме нервираат кај нив 2ца се` уште постојат и се` уште си држам до нив.

    Докториве не ги фатив па не можам да коментирам. За нив, накнадно.
     
  9. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    Ми се допадна муабетот на tessie за синдромот "Малена" :)
    Далеку од тоа дека Секулиќ е најјаката пејачка што се појавила на сцена, ама ја бива за наСтап :lol:

    Другите не би ги коментирала, сепак прашање на вкус (нели..), и продуцентите се свесни дека најбројна (пресметана во број на пораки) публика се белиебери во транзит фаза од Ѕвездички накај 1Д..
    Ама затоа Тамара по синоќешното сквернавење на "Ми нисмо сами" би ја пратила дома на клоци..

    Сериозно, КОЈ УШТЕ ЈА ГЛАСА?!?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.804
    Пол:
    Женски
    ^ И ја истото се прашувам. Вчера кога и` го прочитаа името во поминати се збунив ептен.
     
  11. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Маринела е ќерка на Слаџана Делибашиќ и Џоле а не на Анабела и Гали
     
    На Westlife, lovemme и tessie им се допаѓа ова.
  12. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Еве ме и мене.
    Вака некако:
    Прво, H2O мило ми е што отпаднаа. Навистина не беа добри. Маринела како и обично, катастрофа. Но, и Филип беше полош овој пат. Така, нема да ми недостасуваат. :D
    Даниел - Одличен, како и обично. Се надевам дека ќе победи. :)
    Конечно, песна на македонски јазик.
    4U - Добри, но само две од нив пееја. Другите, така. И таа со црвената коса не се покажа овој пат.
    Сепак, забавни беа.
    Илма - Девојчето е супер. Би ја ставила веднаш после Даниел...Навистина е талентирана.
    Овој пат нема кожни хеланки. :lol:
    Харис - Подобар од минатиот пат.
    Александра С. - Исто, подобра од минатиот пат. Мило ми е што остана, иако ја мразев на почетокот.
    Доктори - Добри. не го менувам мислењето.
    Лукијан - Подобар од минатиот пат, но сепак ништо посебно.
    Алекса - Онака, не е лош.
    Маид - Мило ми е што се врати. Навистина беше добар.
    Тамара - Конечно, некакво подобрување. Овој пат барем не се губеше и немаше пердуви на вратот. :clap: |(
    Изгледа овој пат повеќе ја погодиле песната.
    Александра Б. - Добра е, но минатиот пат многу повеќе ми се допадна. Мислам дека е до песната. На минатиот настап повеќе и доаѓаше до израз гласот, а на оваа, онака. :)
     
    На Lolo5, cresa-jagoda и tessie им се допаѓа ова.
  13. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.646
    Не го следам многу, конкетно имам да прокоментирам само за H20. :)

    Сите велеа дека Фифи е таа што поминува прокај Маринела Џогани, но јас мислам дека Маринела е таа што поминуваше покрај Фифи. Знам, знам кои се родители на Маринела, но тоа мислење не го делат сите.
    Во таа група Фифи беше водач, има неверојатен глас и само заради неа поминуваше групата. Маринела ми е само една лигушка, нема ни глас, ни сценски настап, џабе се родителите ако тоа не е вродено, однесувањето.
    Што сакате кажете, колку сакате напаѓајте ја, никој неможе да и го одземе она што го поседува, а тоа е способноста да привлече внимание. Таква каква што е, мене ми е неверојатна, мислам дека таа е нешто што му требаше на Х Факторов. Таа е нешто ново, својствено и оригинално.
    Комбинациите на групава на ниту еден настап не ми се допаѓаа. Нивните стилисти се дефинитивно за никаде. Незнам само од каде таа инспирација. Криво ми е многу што ги споија нив две, сметам дека Фифи требаше сама да настапува, а доколку беше така сигурно би стасала многу подалеку.

    Фаворит од шоуто од момците ми е Алекса, а од женските Александра (со кафената коса).
    Алекса има многу шарм во него, има и глас и држење, а и го има целото женско внимание, така да мислам дека и да не стаса далеку со својот глас, ќе стаса со својот изглед. Нешто ми е како Христијан Тодороски од нашиот идол, само овој многу подобро пее.
     
    На Lolo5, tinka-mace, Adi888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.320
    Допаѓања:
    68.110
    Пол:
    Женски
    За мене вчера дефинитивно најдобар беше Лукијан. Се пронајде кончено дечкото по првите две лоши гали.
    Одлично испеа, цело време имаше контрола над песната. Не сум ја слушнала порано песната, ама неговава верзија си ја симнав и си ја слушам цело време. Ќе почнат некои веќе да излегуваат од школките. Се надевам барем.
    Илма исто убаво испеа, си има глас девојчето, никој не може да го оспори тоа. Млада е, има време да се пробие и да си изгради кариера.
    Александра С. не пееше лошо, имаше подобрување и кај неа.
    Харис и Тамара мислам дека ми се најодвратни, упс, да го ставам тука и Маид. Дечкото ми е неподнослив, не знам зашто, ама не сакам ни да го гледам ни да го слушам како пее. Така што нема ни да го коментирам повеќе, може само да не му го слушам настапот.
    Н20 лоши си беа, не можат да се согласат со гласовите и тоа е тоа. Мислам дека огромна утка им беше што ги споија нив две.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    623
    Пол:
    Женски
    Се е тоа фино што го коментирате овој пеел добро,изгледал вака или онака...
    Впрочем и вкусови се во прашање а за нив не се дискутира нели!? :)
    Сепак ќе кажам дека има на такмичењево деца што добро пејат, имаат јак глас ама пак ми го немаат х факторот!!! Еве на пример Илма и Лукијан ми се фантастични вокално,па и А.Бркович еве, ама коа ќе застанат на сцена стојат како трупови, не знаат да "кокетираат со камера", како да се фокусирани само на тоа како ќе испејат! Лукијан да, пее преубаво и со емоции, се покажа тоа вчера ама ете според мене му фали тоа нешто, тоа шмекерско движење поглед у камера...не знам како да го објаснам тоа исто као што не се дефинира и објаснува поимот х фактор!
    Маид вчера некако како да прегоре од желбата да се покаже за прв пат! Не знам зашто ама имам некое претчувство дека ќе се кршат копјата меѓу Даниел,Илма,Маид и Алекса...
     
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.648
    Допаѓања:
    262.399
    Не ја сакам песната која ја пееше Даниел, ама синоќа ми се допадна во негова изведба, а и самиот настап му беше одличен. Има некоја харизма човекот и најлошата песна ја прави поднослива за слушање.
    Дефинитивно Лукијан синоќа блесна. Неговиот најдобар настап.
    Останатите беа просечни.
    Песните ги знае некој? Јас прв пат ги слушав, како изгубен германец се осеќав :geek: .
    Мило ми е што испаднаа Водата, Фифи и Маринела. Ма не беа они за шоуво, јас немам предрасуди, ама Фифи неможев да ја сварам.

    А Александра С. ми е добра. Си има своја ѕвезда девојката, блеска на сцена.
    Вокално може е послаба, ама затоа пак знае како треба на сцена. И воопшто не ми личи на спозоруша, или на девојка која и фали шипка.
    Од кај бре тоа го заклучивте, од што денсаше на сцена? :^)
    Али разбирливи ми се ваквите коментари, сигурно е бе, легнала со цела продукција за да се врати |( .Иако е стопати подобра од Тамара, ама е згодна и сигурно „дава“ на правите чичковици.
    Македонска работа, тоа е, за се имаме одговор.
     
    На Ilinaaa, Smilly, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  17. RIRIFENTY

    RIRIFENTY Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
  18. ilenaki

    ilenaki Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.302
    Пол:
    Женски
    Баш ми е криво што испадна Фифи, похаризматична беше од многу други таму, а и убаво си пее. Ке сакав да видам уште некој нивни настап. Сега си навивам само за Даниел.
    А коментарите по српските портали јак :puke: Како Македонците се разбирале како Холанѓаните од 24 Kitchen и како секој морал да зборува спрски на националната српска телевизија и впрочем таму се оддржувал настанот. Немој те молам ако оди Мадона ќе чекаат и од нејзе српски да збори? Па има титлови нека си преведат.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    165.771
    Какви глупости се изначитав во две страни, искрено ве скокнав. Баш сте биле досадни, кај ми се феминките од прошлата недела да се смееме? :(
    Сериозни глупости изнашкрабани, се гледа форумов дека го запоседнуваат тинејџерки...

    Нејсе...
    Александра Секулиќ е мачка и пол. Можеби нема фасцинантен глас, но е далеку од лош. Ама има фактор х. Има чувство за правење шоу од себе си, а тоа е потребно за на сцена. Ако сакате содржина онда да се задржиме на друг тип на музика и таму е ок да зборуваме за се друго, особено ако другите направија некаква разлика во настапите.
    Не знам како можете сценски настап да оцените како проститутка, стриптизерка и не знам што таму прочитав... смешно ми е. Што е најинтересно со тој нејзин просечен глас, издржа и да се движи и да пее, што не забележав некој друг да го направи истото,што можеби и не е така просечен, туку само нешколуван.
    Девојкава ми е по дефиниција алфа жена и точка. Таков тип што изгледа моќно, жените ја мразат, мажите ја сакаат, а неа и е сеедно, но си се забавува. Епа не може да ви се допаѓа девојка од која можете да се чувствувате загрозени, не? Не велам вие и во вашиот живот, ама чувството кое ви го предизвикува на одбивност, од таму доаѓа,веројатно ве потсетува на некоја слична која била присутна во вашиот живот,штознам...
    И на чисто е. Си кажува поштено и достоинствено се носи со се, за разлика од Тамара лигушот.


    Даниел...што да кажам, ко шипарица сум. Еве срам ми е да кажам нешто. :D
    Маид ми е весељак човекот. Не го почитувам тој негов стил и тоа што му лежи, ама не можам да негирам дека си владее и си може.

    Оние двајцана,малине, треба да си одат. Мене ми е језиво да слушам толку мали деца со сериозни текстови,како сакаат нека пејат.

    Тамара, Тамара...која антипатија ја чувствувам према тебе.Можам да се кладам дека девојчево си има некое растројство. Ако не почитувам одреден тип на девојки, тоа е овој. Лигаво, разгалено, самобендисано, а постојано во улога на жртва. Не знам како не е забележливо дека девојкава пее точно само во три високи тонови??? Останатото си нема поим од пеење! Треба да имаш цемент во ушите да не го увидиш тоа. И пак, ајде да речеме дека се е збир, ама она бре нема ни однос на сцена.
    Не бе, се кладам дека е биполарна.Праноична, на претставувањето - сепак се осеќам сама, гледачите не знаат што ние преживуваме помеѓу два лајфа?!?!?! Пффф... многу ми е гајле, ако ти не можеш да се средиш, онда не си за вакво нешто,не си за сцена и ајт.
     
    На tessie, Lolo5, mims-89 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.568
    Пол:
    Женски
    Блазеси и на таа девојката што играше со КАЈМАК на сцена. :inlove:

    Инаку Маид и не ми е нешто најнај според мене. :!:

    А фаворит освен Даниел ми е и Илма :)
     
    На Lolo5 и QueenElena им се допаѓа ова.