Конечно правда, иако кога ги видов 3те на сцена на крајот ми беше се едно кој ќе излазе, сепак сакав Александра да остане. Прво зошто бендовине- се катастрофа. Конечно Катарина призна дека и нема време кога да стигне да исфалшира-нели зошто не пее. Си се откри самата. Ајде се потешко и потешко станува. Сега сакам прво 4You да испаднат, па Александра С., па Тамара, Доктори, Алекса, Лукијан, Харис и секако за финале Маид, Александра, Илма и Даниел.
Значи не знам дали и вие сте приметиле ама онаа плавата од 4U Кристина абе 3 лајвови по ред не бекна цело време е придружен вокал мн ме нервира се влечка на нивен грб цццц
Се согласувам.Еднаш барем два збора сама да испееше.Останативе ајде,имаат испеено по неколку реда,а оваа само како придружен вокал се јавува. Ми се чини дека ако пее таа малце дека ќе заминат надвор. Малце ми е жал шо испадна Фифи,а и оваа Маринела(ако се викаше така)и руши песни. Не си одговараат во дует.
Lila Vanila Filipovska. Se moli Emina da ne place i da ne glumata na pesnata na nejziniot pulen...nema potreba fala...!!! Нација за пример сме нема што,после цацко ни е крив..па нема да не сакаат. И малце треба да се запази кои се се медиумски личности. Лукијан испеа одлично,толку емотивно што дури и јас заплакав. За Снеже нема што да се коментира,едноставно иритира. Навиваме за Даниел си го сакаме сепак е наш но не значи дека и другите(поединци) немаат квалитети,па ајде се негативно.Инаку Даниел освен со неговиот глас освојува и со нековата скромност,шарм,харизма едноставно знае како за разлика од некои. Од другите кандидати фаворити ми се и Александра Бркович девојката растура на сцена.Алекса Перович едноставно има харизма и Лукијан..не дека ми е толку омилен ама вчера преубаво испеа. И неможам да разберам што имате толку против Александра Секулич девојката има мила ѕвезда,прекрасна е во секоја смисла знае и како да се однесува и се.Сега пеењето не и било јака страна па јбг никој не е совшен иако и не е толку лоша колку што ја правите прифаќа критика се труди да биде подобра..па навивам и за неа за остане. И околу излегувањето на H2O,еднаш правилно донесена одлука и пак не се согласувам со некои од вашите коментари дека тоа било намерно од страна на Жељко,тоа беше само реално Александра беше подобра.
Она не пее затоа што вокално е послаба од нив и затоа е придружен вокал,како што во бендот Доктори е Марко Балабановиќ.
Моето мислење.. Даниел без коментар Илма пее фантастично,има глас како на возрасна..малце ми е дебелка ама тоа е,и многу лошо ја облакаа Доктори млади и убави се,не пеат лошо,нормално дека ќе гласаат за нив девојчињата 4U само црвената им пее добро,за неа ќе ми биде жал ако испаднат.катарина плавата ич не пее,ама ич. Лукијан глас-перфектен,ама за изведба и не го бива.. Харис чуден ми е многу во фаца,прво го сакав,ама сеа...а за пеење не е лош Алекса зашто е убав гласаат,за пеење само шпанската ми се допадна Маид па најискрено,не ми се свиѓаше многу вчера Бркович многу ми се допаѓа како пее девојкава Секулич алал да и е бе,полна со енергија..пеењето не и е баш нај нај ама тоа ее Тамара турка од првата аудиција..мене ама ич не ми се свиѓа како пее.и вчера конечно убаво се дотерала Х2О Фифи добро пееше,Маринела лигуш.Фифица,повеќе среќа следен пат,и да не ти го утнат партерот ако пак те стават во група
Цело време го гледам синоќешниот настап на Лукијан најдобар беше синоќа http://www.youtube.com/watch?v=xujQjHq2bao
Па, инаку како успеа да остане, кога очигледно H2O имаат подобри гласовни способности, не дека ми се фаворити H2O, и самата таа си кажа дека вокално не може да се мери со останатите, туку има друго да понуди. Ова не е мис балкана, туку x фактор.
Александра С. одлично пее и имаше вчера одличен настап. H2O вчера не ми се допаднаа воопшто. Фифи подобро да пееше соло. Со Маринела воопшто не им се совпаѓаат гласовите. Александра можеби нема гласовни способности како Илма но има дефинитивно има х фактор.
Јас Х Факторов почнав прв пат да го гледам од првиот live настап и тоа сосема случајно го фатив, ме бендиса и го загледав, нашиот не дека е наш ама одлично пее и ми има некоја мила фаца, дефинитивно ми е фаворит, другиве уште не им ги знам баш имињата ама за секој имам добиено впечаток. Синоќа некако цела емисија ми беше млака во избор на песни се додека не запеа нашиот и додека не згрме последниот Лукијан, песната прв пат ја слушнав ама одлична изведба, ја прогуглав и повеќе ми се допадна од оригиналот.
Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=2MEnGR28Sy4 Овде ми беше најдобра Александра С., не знам зошто има толку негативни коментари за нејзиното пеење, мене ми е најмалце 5 пати подобра од Маринела на пример или од некои од девојките од женската група. И плус е преубава, има харизма и појава, а и знае да се однесува пред камера. Да беше друга некоја на претходниот live ќе се расплачеше гарант после коментарите на жирито, а таа се си прифати најнормално без лутење и овој пат беше многу подобра.
На replay ми е денеска,ептен ми се допадна,сигурно ја преслушав над 50 пати .И дефинитивно поубаво звучи од оригиналот.
Во право е, дечкото е под константна лупа на публиката која е ко темпирана бомба за секој негов потег/реакција. Годи внимание, ама кога е тој во прашање се граничи со опседнатост и преокупираност и изгледа почнал на своја кожа да го осеќа товарот. Посебно што ние македонците сме народ сончоглед, кај што плукаме - таму лижеме, нека повеќе се секира за настапот, а не за коментарите на фб.