А чекајте, нели на секој Х Фактор имаше сите си ги кажуваат жалопојките... Пример кој е сираче,кој имал тешко детство....... на кој му фалел прст... А Тамара која прича ја имаше, нели ја опејаа низ порталиве, мада не се позамарав нешто посебно со нејзе, дирекно скокам на гласовни способности, не го гледам цело видео... Оваа Александра Клои Кардашијан 2
^Барби, да победи и не е толку важно (уствари и воопшто не е важно), туку публиката да продолжи да го поддржува и по завршувањето на ова шоу. Да остане ваков каков што е, посебен, позитивен, човек. Александар пример, никогаш не ми оставил впечаток. Никогаш...Харизма јок. И да победеше, истата судбина ќе го снајдеше кога човек не остава впечаток, кога не ти лупа срцето кога ќе запее џабе е се. И Даниел не сакам да го споредувам со Тоше бидејќи не ќе се роди човек што може да се спореди, но исто како и Тоше така и него го сакаат заради скромноста, позитивната енергија, љубовта која ја шири, вербата во Бог и харизмата. Дај Боже да блеска исто вака и после шоуто
^ Е да. Во право си. Јас на пример, ни тогаш, а ни сега не го обожавав Белов, ама навивав за него, бидејќи нели е Македонец. Во споредба со Даниел, на Белов му фалеа и сеуште му фалат многу работи со кои Даниел ја привлекува публиката. Се надевам и сигурна сум дека публиката ќе продолжи да го сака, почитува и бодри дури и да не победи на ова шоу, и дека нема да избледи и да се изгуби после шоуво, бидејќи навистина има талент и поседува се` што еден пејач би требало да поседува и вреди да се инвестира во него и да продолжи со оваа работа. Победата и не е толку важна. Џабе и да си прв, ако не си оставил никаков впечаток кај публиката и ако не те сакаат. Лудо, со жалопојките демек берат поени плус. Или барем така си мислат.
Не коментирав вчера, зашто не гледав дома па денес накратко да си кажам впечаток. Лукијан прекрасен, од почеток ми е фаворит, уште All of me кога заледи како ја испеа. Вчера конечно беше на свој терен со песната и одлично ја изнесе. Тој има неверојатна емоција и треба да пее такви песни со кои ќе успее да допре до публиката. Мене ми се допаѓа што е скромен и освојува со глас, а не со изглед, намигање и сл. Алекса после шпанската песна ми е просечен, можда зашто таа ептен му легна и сега не е на тоа истото ниво. Харис ми беше подобар од претходниот лајв, со оглед на тоа колку лошо му легна Јастин Бибер, сега беше во ред.Од женскиот бенд ја чекав Катарина да гукне, мислев дека после толку коментари ќе земе соло дел и ќе докаже дека и таа е член на групава, а не придружен вокал, а оно како за инат пак само устата ја мрда. Абе и како пее микрофонот одалечен пет метри, не знае ни да го држи, јас мислам дека воопшто не пушта глас или евентуално со исклучен микрофон пее Илма одлична како и секогаш, исто и Даниел. Они се најстабилни и нема кај нив просечно, само неверојатно. Тамара подобра од претходните две вечери, ама сепак ништо посебно и воодушевувачки. Нема да се надмине од таа аудиција или барем исто ниво да дојде мислам како што тргнала. Бркович ми беше онака, има глас, нема харизма. Доктори ми се симпатични, сум видела далеку подобри машки бендови, ама не се толку лоши. Секулич атеншн хор, многу ме нервира со тие гримасите, каков текст и да пее она има фаца а ла- доџи да ме креснеш Добра беше, за разлика од претходниот пат, ама сепак не е за тука и точка. Евентуално можеше да ја стават уште на почеток неа во групите, во групи би се снашла добра, зашто е енергична, ќе ја подигне енергијата во 4u како што се сите млитави, а и не мора да се истакнува гласновно толку. Вања заслужи да биде соло зашто се издвојува од тие девојки, не е фер што ја ставија во таа категорија гласови, каде очигледно дели многу. Она пее во група, Секулич си рипа сама Фифи сакав да остане, а Секулич да си отиде, ама веднаш знаев дека Емина ќе гласа за Секулич - зашто се привлекуваат атеншн хорс една со друга, тоа е взаемна поддршка.. А Жељко знаев дека не може да го смисли Фифи и секако ќе рече тие да си заминат. Менторите се знае веќе секој за својот, па така си остана оваа кобилата.
Е сега и јас малку да искоментирам. Не знам што очекуваме сите ама мислам дека после 2 месеци не можеме да очекуваме чуда. Стајлингот? Стајлингот е лош но сметам дека и не толку. Да речеме Фифи беше необична и префинета во костимот. Секако дека натпреварувачите и не го сакаат стајлингот. Ќе посочам дека Илма премногу ,,возрасно,, ја облекуваат. Што знам според мене девојчето треба онака да биде тинеџерски нешто облечена далеку од теткински стил. Е сега ќе посочам и на годините. Навистина X-фактор не ми е логички да биде некое си дете ма не знам колук гласовни способности имало зошто прво ќе го уништи детството, потоа расте преку ноќ и веќе со 30 ќе има за многу кратко време се иживеано. Не дека ние не израснавме прерано но барем тргнувам од себе ги имав оние детски денови. Илма уште сега некако ја мава славата во глава. Не разликува вредности, нарцисоидна е... Друго замислете сега девојче од 13 години пее 2 часа после 1 часот по полноќ во некоја дискотека? И повторно да си се навратам на нашиот Даниел. Малку ми смета тоа што не знае да зборува, мислам сепак прошетал малку повеќе европски човек е. Но со текот на времето ќе научи, сите тие девојки кои сега му праќаат брачни понуди ќе допрат до него и ќе го размрдаат. НАПРЕД ДАНИЕЛ. СИ ГЛАСАМ СЕКОЈ ЛАЈФ СО 4 ПОРАЧИЊА ЗА ТЕБЕ. И САКАМ БРЕ НЕКОЈ ОД МАКЕДОНИЈАВА НИ НАСА МАЛЕЧКА ДА НЕ ПРЕТСТАВИ ДЕКА И НИЕ ИМАМЕ КВАЛИТЕТИ НЕ САМО СПОМЕНИЦИ.
Пак да промрчам нешто... За Фифи,многу ми е жал што испадна,ама ете се случи.Е сега како ќе продолжи понатаму зависи од неа. Инаку има ,за две три нијанси подобро однесување пред камера од Даниел.Значи знае да се снајде.А Даниел мора да си најде советник за односи со јавноста.Инаку ќе го уништат.Ако добро се сеќавам и Белов беше таков несигурен,и тоа му одзема многу од гласовите.Настрана тоа дали нешто беше наместено или не. Навивам за Даниел да победи,заслужува но мора да сфати дека секојдневно мора да учи.Иако има 30 години.Намерно или не ,пропуштил многу во образованието. Боже почнав да психоанализирам
Зошто не ми се допаѓа Александра С.? Се гледа дека има самодоверба, пргава е, машки ги издржува критиките, знае да се носи на сцена, да приреди шоу....тоа е неоспорно. Но ! Потребен е тој Х фактор, а најглавното тука е пеење. Таа пее многу просечно, ништо посебно воодушевувачки. За девојки кои умеат да танцуваат и да се занесуваат, ама да немаат глас, ги има премногу. Не е само Александра. Мене ми е интересна како појава, мое мислење е дека не и е местото во шоуво, а она особено што е, многу иритира !!! Има личности кои такви се по природа, иритираат, одбивни се, делуваат како многу да се занесуваат и ретко кој сака такви. Оваа ми е баш таква. Со самата појава, занесување, правење надмени фаци и гестови, филмање, и слично, иритантна ми е и одбивна.
Емина се гледа дека е најпосветена на кандидатите, целосно се дава во подготовките, се внесува максимално, за од таа страна не можам да зборам за инат. Гостувале со нејзините момци во Ами Џ шоуто, ептен работи на нивна промоција, поддршка, избор на песни. Еве ги од шоуто, сите пееле со неа, секој посебен дует. Симпатични се Башка и Емина не е лоша во живо, јас мислев дека е ужасна, ама ќе си го повлечам зборот. https://www.youtube.com/watch?v=xNprfIoVf58 https://www.youtube.com/watch?v=3VYnCwefQck https://www.youtube.com/watch?v=AapV8cv ... ata_player
Вие пишувате на форумов или гледате X Factor? Еден саат после завршувањето се уклучив на темава и што да видам. Од 9 часот до завршување на шоуто вие сте давале коментари за секој што се појавил на сцена. Почнувајќи од водителката како е облечена, па најавување на сите натпреварувачи, па грешката со Доктори итн. Мислам ок, шала на страна, пишувајте си кога сакате и кај сакате ама интересно ми дојде па морав да си кажам јас. Искрено, Фифи ми падна жал кога испадна. Што си беа најслаби, си беа, тука нема дискусија, ама па некако како најубаво да испеа Фифи со песната за спас и за момент посакав да не испаднат. Ама кога поубаво ќе размислам подобро тие две отколку некој со навистина голем талент како што беше случајот со Младен. Така што, се знаеше дека ќе испаднат и беше прашање на време само. А со оглед на тоа што вчера скоро сите се покажаа во најдобро светло претпоставував дека H2О ќе испаднат. Искрено после грешката што се случи со Доктори убедена сум дека организацијата е катастрофа. Не е битно само сцената да биде цела светкава, да има светла од сите страни и Емина да биде најубава. Туку организацијата се гледа во ситните детали. А тука целосно потфрлија. Ајде еднаш да се случи, добро може, ама секоја вечер има некаква грешка и тоа не е веќе шоу од светски размери. Друго што сакав да кажам е дека стилистите или кој и да ги облекувал кандидативе оваа вечер се видно подобрени. Личеа на себе. Шминката им беше не премногу изразена, облеката им беше ок, не најдобра ама за разлика од другите вечери ова беше супер, фризурите исто така нормални, а не тулумби. Можам само водителката да ја пофалам зашто мене ми е преубава и преубаво беше облечена, посебно ланчето што го носеше. Јас премногу ретко можам да кажам дека сум се заљубила во одредено парче накит ама ова беше што би рекла Емина "феноменално". И секако одлично си ја работи работата како водител. Мислам дека само за неа и Даниел не можам да најдам замерка. Горе-долу според мене сите добро се претставија и кај сите се виде некое подобрување. Доктори мислам дека не им лежеше песната и многу ми падна жал што им се случи грешката. Кристина треба на сите да им даде да пејат, зашто токму и за тоа се дојдени, исто и на девојките. Не е фер, не знам како не се бунат другите што се со нив во група. Нема смисла да се шлепаат така. За мене овие на Кристина се чиста просечност, јас не би отишла кај нив на концерт. Кики врска си нема сиротиот од ментор и уште стојам на тоа. Тамара ја уништи, нема спас за неа. Иако морам да кажам дека беше малку од малку подобрена последнава вечер ама пак ништо посебно. Веќе почнав да мислам дека девојкава нема некој посебен глас. Целата битна работа е што сите ја паметиме од првата аудиција каде што и се погодила песната и ја вежбала со месеци па се шлепа на тоа сега. Чиста просечност. Илма... уф... Илма е страшен талент. Нема збор за девојчето. Само се сложувам дека е премногу мала. Од причина што и да победи нема како да напредува понатака. Има 13 години и не знам со какви песни би ја освоила публиката. Премногу е мала. Александра Б. јас не ја сакам. Искрено, не ме привлекува ништо кај неа. Можеби има глас, не викам не ама го нема тој X Factor. После шоуво јас не би слушала нејзина песна ниту пак би отишла на концерт. На Емина не сакам ни да ги коментирам. Харис едноставно ми е одбивен. Дете е, греота е да така зборам ама луѓе јас не гледам ништо мило во него и не го сакам. Плус па и не е за вакво шоу. Тој си е за севдалинки и точка. Алекса стојам на тоа дека е просечен и дека само тинејџерки гласаат за него. Се' уште ми е криво за Милош, колку само добро ќе се вклопеше дечкото на овие вечери. Беше врв. Лукијан се претстави добро последниов пат ама и за него си стојам на тоа дека е просечен и како се' уште да не може да се пронајде себеси во музиката. Мислам дека сега само му се погоди песната инаку ништо посебно нема да биде и понатака, ќе видите. Искрено не очекував Даниел да ја пее таа песна и јас се разочарав кога ја слушнав. Имаме милион пати подобри песни од нашава земја што Даниел може да ги испее прекрасно. Иако не можам да кажам дека не беше пак најдобар. Ова е само доказ дека му лежат секакви песни, односно дека може да се снајде со секакви песни. Настапот му беше... оф мори мајко. Па и тоа белото како му стоеше, леле леле.. Дечкото е харизма што оди и тука му нема ра-мен. Роден е за сцена. Со Емина почнаа да вртат муабети и да си даваат комплименти. Знаев дека Емина кога ќе му дава коментар за настапот малку ќе проба да изглуми флерт. Не можеше да издржи. Ама и со право. Е сега, овие што се вратија нешто многу не ме воодушевија. Маид има талент тоа никој не може да го оспори. Ама му лежат само песни како таа што ја пееше. И толку. Ограничен е. Еве кога ќе пее странска песна ќе видите дека нема да се снајде. Тоа што е енергичен и слободен на сцена мене ми е ок и баш добро ја размрда публиката ама сето тоа е како што кажа Емина за на свадба. Тој е за кафански песни, за свадби итн. Не е за кариера во права смисла на зборот. Тоа неговото ќе помине само кај босанците. Александа Секулич искрено мене ми има просечен глас. Тоа што е убава мене не ми претставува ништо во ова натпреварување. И Сандра Африка е убава и јака па не сакам да ја слушам како пее. И девојката што ја пееше Титаниум на првите аудиции беше преубава (мене дури и поубава ми е од Александра) ама не влезе понатака зашто не знаеше девојчето да кокетира со се живо што ќе и' се најде на патот. Имаше ок настап, не викам не, има ок, просечен глас ама не заслужи да се врати. Тука се гледа прво и основно пеењето, па после харизма, убавина, движење на сцена, говор, снаодливост итн. А Александра го нема првото, џабе и' е се останато. Имаме многу такви убави, харизматични и флертувачки настроени мисици на музичката естрада на Балканов. Така што, не е нешто што отскокнува па да бидеме сите воодушевени и да паднеме на коленици. Уште за менториве да си кажам. Жељко ми е прав ментор. Мислам дека он најмногу може да научи некој во врска со музиката. Кристина гледам според пресеците што ги даваат кога вежбаат дека глуми премногу строгост и тука тоа не поминува, Кики не се замара, Емина се труди ама толку може и знае, а Жељко уште стојам на тоа дека е најкомпетентен. Си стојам на тоа дека Даниел е најдобар, не дека е наш ама стварно е најдобар. Ќе видиме како ќе биде понатака ама јас искрено не очекувам да победи, а и не мора, доволно е што сите го знаат и што веќе има своја публика. Треба само да биде паметен и добро да го одбере тимот со кој ќе работи и добро да го одбере правецот на музика.
Mуабетите од Џогани ... да не беше Фифи ќерка му ќе испаднеше уште на првата гала вечер http://republika.mk/?p=191620
http://www.youtube.com/watch?v=xNprfIoVf58 ---> ПРЕКРАСНО! http://www.youtube.com/watch?v=3VYnCwefQck http://www.youtube.com/watch?v=AapV8cv12ZA
Немал доволно пари да ги плати гласовите на ќерка му,затоа сега се жали.Туку како може да зборува за кариерата на жирито,кога и он не е нешто посебно А незнам дали си ја слушнал Маринелчето како пее,гракало невидено,како што викаш се вадеа само заради фифи.Мора да се плука по некој,посилно е од нив
А што не и направи една песна на ќерка му место да ја праќа на вакви избори и да ја оценуваат луѓе што немаат направено концерт? Психолошко влијание имало тоа што го фаворизирале Кајмакоски. Лукијан кога пее со Емина пак не ми се свиѓа. Ја брка песната, ама не може да ја фати некако. Се изгуби покрај неа.
^Море треба овој да е среќен што и до ваму стигна ќерка му, нашол он да збори колку биле компетентни а на него песна со најдлабоко значење му е Ожени ме и схфатичу те озбиљно. Море уопште не треба ни да ги пуштаат децава на овие, фали другата година на Цеца ќерка и да се пријави. Инаку за Секулиќ, мене ми е сосем океј типката, во Judge's House и на песната за спас преубаво испеа (и тоа не и била ни пробана песната) и појава ипол ми е на сцена, со мерак да ја гледаш. Тамара ми е толку одвратна, досадна и за греота, поантипатично створење нема во шоуво. Маид ми е па многу интересен дека е таков занесотина , јас првпат го слушнав на лајвов, и многу подобро би прошол во Ѕвезде Гранда зашто е таков весељак за по кафани.
Хахахах така е абе сум ја слушала бее ми пее како ... нз иритирачки гла многу има граче едноставно Како некоја пуфла ,лигла така некако ја оценувам а последно со фустанот ми личеше на жената од Семејството адамс (моментално не ми текнува како се викаше )
Од сите тројца, Алекса беше најстабилен во пеењето и најубаво звучеше со Емина во дует и многу ме потсетува во гласотна некој друг српски пеач ама ич не ми текнува како се викаше. Другиве двајца беа ротално надпеани од Емина, посебно Харис. Детето има многу пискав глас
Дефинитивно изведбата со Алекса е најдобра! Иначе секоја чест на Емина и на Жељко за трудот што го вложуваат да ги истакнат своите натпреварувачи
Ги погледнав видеата погоре што сте ги постирале и морам да кажам дека Емина ме изненади, позитивно. Убава боја на гласот има. Е сега можеби не може да ја пее Whitney Houston ама многу подобро пее отколку што мислев и очекував. Сепак на видеава пее во живо и јас не почувствував никаква разлика од спотовите каде што е оригиналната верзија на песните. Одлично. Мене лично искрено ми се промени мислењето. И солидно добро звучат со Алекса. Му лежат такви песни на него.