Не ни отворив коментарите од Џогани да прочитам што кажал али од прочитаново тука донекаде ми е јасно. Греота за ќерка му, сега уште повеќе фанови ќе изгуби таа, додека пак тој си доби еден момент слава на таа сметка. Без коментар. Инаку ми се гади од негативните коментари за Жељко ради еден лапсус. На цела негова посветеност на Даниел и неговата кариера. Без коментар 2.
Ами кој губи има право да се лути, глупаво ми е од негова страна што удира по кариерите од Емина и Кристина,немале хитови немале концерти,а тој изгледа се мисли неговата кариера цвета и дека сите песни му се хит до хит никако да сфати дека цело време се шлепа покрај жени му,а и керка му благодарение на Фифи стигна до 3- от live Абе ѓупски работи
Не знам дали Џогани ги гледал британската и американската верзија на х фактор! Таму исто кога жирито е воодушевено од некого го фали, вели дека во него гледа потенцијален победник,дека му претстои одлична кариера и сл. Па одозгора со иронични коментари за кариерите на жирито и нивните вокални способности! За него сите се Павароти! И се дрзнал Даниел да го става во уста,да го вакла името негово по весници! А Даниел па, искрено почнувам да му замерувам што е толку фин со сите, речиси им го лиже гзот! Постојано на неговиот фан пејџ ги постира сите кандидати и вели да гласаме за нив! Ја никој од нив не сум чула да каже нешто такво за Даниел! Сега претстои вистинската борба и мора да научи дека треба малце да се бори за себе,да биде приземен и нормален ама малце повеќе да гледа за себе!!!
Јас вчера ги гледав на тв ко пееја, и можам да кажам дека стварно најдобар беше Алекса, најдобро звучеше од сите, му лежат него вакви песни, абе срцка е. Леле само како е стросан Не знам дали ја има цела емисија, би сакала отпочеток да ја гледам
Леле Ади, без навреда, ама го отупе веќе на темата со Алекса. Јас разбирам фаворит, ама вие скокате за секој со сладка насмевка. Нема врска што е чист просек кога се работи за глас. Конкретно не ми толку пречи самиот Алекса колку девојчињата што се трескаат за овој, или за Докторе небитно. Ама добро, можда оти одамна ги минав тинејџ годините.
Е де, си има фаворит девојчето. И мене ми е просечен па ни најмалку не ми пречат коментарите. Сепак темава е за нив. Ааа така ли? Ви текнува Игор кога кажа дека откако Политико ги напиша оние работи за него, двојно му се зголемила продажбата на карти за концертот. Е ова е нешто слично на тоа. Фала Џогани! И од мене и од Даниел сигурна сум. Инаку пак мора да кажам, погорново мислење не можам да го редактирам. Браво Снеже! Му го спушти на човекот кој нон стоп цитираше еден негов другар кој викал кога ќе најдеш Македонец кој не знае да пее, треба да дојде полиција и да му го одземе државјанството. Од тоа поголем комплимент за наши изведувачи, амин. Али ето, такви смо ми, шта да ти приќам.
Добро, едно е да имаш фаворит, друго е да го срцкуваш постојано. Не реков да не пишува, аман не сфаќајте се толку сериозно . Само не го сфаќам тоа обожавање оти бил убав, ама добро, тоа е само мое мислење . И не ми пречи на мене, кој што сака нека си пишува, ниту му бранам ниту ништо.
Ако ти смета не читај, Како и сите други си пишам јас за онај шо ми е фаворит, и да убав ми е, и има глас и се шо треба. Темата е за нив, не е за некој трет.
На последнавa вечер скоро сите ми беа супер. Најголем впечаток ми остави Лукијан. Некако најмногу ми го привлече вниманието. Фифи и Маринела најслаби ми беа.
Урош,ама се пријавува како србин зашто живее во србија,валјда се преселиле или едниот родител му е наш другиот србин
Мене не ми се допаѓаат ни двете Александри. Едната ми е (таа со плавата коса) толку одбивна,незнам зошто едноставно мењам каналот кога ќе дојде на ред да пее. А другата па така некако распуштена ми е,не гледам ништо посебно кај нејзе,а посебно па претходниот пат кога пееше мајко мајко,немам коментар. Се чудам како уште остана у шоуво и како ја вратија Јас сум за Даниел нормално,но многу ми е криво што Фифи испадна.. :/
Лукијан премногу ме изненади со последниот настап. Не можам да прекинам да ја слушам изведбата. Покажа емоција која што сите цело време толку ја очекувавме од него, па затоа сега сите наваливме со ептен позитивни коментари. Јас не мислам, туку сигурна сум дека ова момче има и те како допрва што да покаже. Се согласувам сосема со изјавата на Кристина во претходната емисија мислам, дека всушност ова шоу е најслатко за гледање кога можеме да го забележиме напредокот кај кандидатите, а јас еве истиот го забележав најмногу кај него. Од една страна, не знам дали е неговата трема во прашање, но не ми се допаѓа само односот со камерата, на кое што гледам дека исто така поработил, меѓутоа сеуште постои некоја здрвеност која е тешка за објаснување, а која ете не ми дозволува и сега да кажам дека е одличен. За убавата Александра, јас немам зборови. Мислам, рака би и дала. Кај неа е сосема обратен случајот од ова со Лукијан и неговиот однос со камера. Девојкава има такво држење, изразена женственост и е фала богу свесна за сево ова, па кокетира со кој и со што стаса, да сум машко реално ми се чини би ми се дигнал од само еден поглед. Па не ме чуди што луѓево гласаат за неа. Премногу е секси, а и што знам.. не пее многу лошо, ама зафаќа место на луѓе кои милион пати повеќе заслужуваа место во шоуво, ама јебига, ретко што во животот е фер, да победи нема сигурно, така да нека не позабавља уште малце. А кога сме веќе кај Алекса, http://www.youtube.com/watch?v=xNprfIoVf58 Боље ми звучи оваа изведба од оригиналот. Многу добро пее, му лежат вакви песни и тоа е факт. Има нежен глас, совршен за изведба на баладички. Многу ме потсеќа во стилот на Сергеј Четкович, а јас него го обожавам. И така.
Па Ѓоле треба да се засрами и те како за овие изјави.Нека не се бламира човекот, не му личи на годините.Тресе глупости на ангро. Ако некој беше најслаб тоа е неговата керка и треба да е срекен што воопшто стигна до тука. Повеке би кажала дека Маринела се провлекуваше покрај Фифи, сигурна сум дека Фифи има повеке фанови од неа.Порано имав обратно мислење, но се до за нив последниот лајв. Испаднаа многу квалитетни и јаки вокали, а неговата керка пак се провлече.Тие луѓе имаат многу големо право да се изреволтирани, па никаде не прочитав ниедна изјава да плукаат по некого.Треба бар малку да има осет и срам, бидејки сигурна сум дека е свесен како Маринела фалшираше од емисија во емисија. Втора работа е дека на секој член од жирито може вода да им носи и рака да им бакне. Сите имаат кариера , сите се почитувани и афирмирани во светот на музиката, а тој каде застане? До Тата треба да частиш и слични мизерии.Или се надеваше дека керка му ке помине ради него, па сега е бесен на колегите, како Маринела немала привилегии.Инаку Даниел е фаворит на целиот регион, треба да го подсети некој, а не само на жирито. А во Вест Фифи дала изјава како се надевала дека ке биде во првите тројца...Мислам што да се каже освен дека некој се стварно преценил.Наша е и знае да пее, но далеку од топ 3, што е право право е.И на крај краева тука се бира најдобар вокал, па така и јас го избрав мојот фаворит. И Даниел да незнаеше да пее, немаше да ми биде миленик без разлика што е од Македнија. По вакви шоуа секогаш сум за да победи најдобриот, а не нашиот, вашиот или нивниот.
^Најголема среќа Инаку оваа Катерина сега на Х Стар се фалеше дека ќе отврела уста и таа, а никаде ја немаше