http://www.youtube.com/watch?v=KsextaUSgOg Aleksa на Ја imam talenat До лани зафатен бил не бил за женење
Мислам ја спаси аутфитот (за прв пат покажа ноџе нели )и самиот настап, сцената, ветерот..... Не случајно ѝ наместија триста ефекти, зашто знаат нема други квалитети за да помине понатаму.
http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... NprfIoVf58 http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... apV8cv12ZA
Јас се откажав,не гледам повеке,зарем со глупости да се замарам и да си го трошам скапоценото време? Александра Секулич или како и да беше само едно повторуваше отвори пут до днааа и само тоа и цело време само рипаше ,ајде барем да имаше глас.По втор пат ја вракаат.Зошто? Кај и да е ке ја шутнат,не може многу да постигне,и така не знае да пее.
Гледам се развило дискусија околу возраста на Илма. Јас мислам дека ова и е правото време ако сака да тргне по тој пат и да се занимава со шоу бизнис. Едни од најпопуларните ѕвезди на денешницата почнале на таа возраст ако не и помали(не викам најголеми,зошто според мене не се,ама популарноста не може да им се оспори). Тука се сите тие ѕвезди на Дизни продукцијата ,почнувајќи од Бритни,Џастин Тимберлејк,Агилера,па се до Селена Гомез од поновите и сл. Не навлегувам како тоа влијаело на нивното детство и развој,очигледно лошо,ама ако сака да го оди тој пат на шоу бизнисот ,ова и е права шанса. Моментов да има толку прегледи на youtube и да биде во центар на вниманието не верувам дека е се повтори. Оваа шанса ја добива еднаш во живот и треба да ја искористи. Нејзините се тука колку толку да ја држат на земја.
Вака, од гледна точка на човек кој не почитува вакви типови шоуа, каде што оцена за пеење, изглед и фактор плус ти дава пејачка што врска нема од пеење, маж и ја држи кариерата е тотално дегутантно. Плус Тело вретено и Хабанера своевремено беа шабанерископијандурски песни. Истиот нивен изведувач, да не речам лицето Ж. сега ми глуми Сајмон Кауел и сето тоа е крајно балкански и перверзно. НО. Да не биде дека мрчиме се’ што се појавува, но еве, од лаичка и речиси незаинтересирана гледачка на ова шоу имам да прокоментирам неколку нешта од свој агол. Ќе почнам од целосен пакет на лице + однесување + глас. Од сите ликови таму единствено Александра го има тој фактор што ревносно го бараат. Има трема, нормално, но во последниов live (не можам да сфатам зошто не го изговорат настап во живо?!) имаше одличен настап, солидно испеана песна и заслужи што влезе со останатите после песната за спас. Не заради нешто друго, туку песната на Маринела и Фифи беше тотална утка. Не се вклопи во концептот на балканска поп нумера, ниту пак аранжманот допринесе сето тоа да изгледа добро. Од друга страна, Александра Брковиќ, која иако изгледа како смачкана верзија на Синди Лопер, има некоја интересна налудничава жица при пеење и настап. Не е беспрекорна, но токму тоа ја прави жива, како појава и изведувач. Настрана гримасите, последниот настап беше феноменален и вака си изјавувам дека мене ми е фаворит. Друго што, кога прима критики делува скромно, макар и изгубено, но тоа само и додава на шарм. Тамара делува разгалено. Зоне Замфиско запакувано во современа српска микро шмизла со тенденција да биде bitchin' around штом созрее. Гласовно, не ме плени, а и како појава ми е млака. Илма е премногу млада, Харис исто. Гласовно уште се бараат, иако Илма има многу поголема самодоверба, Харис ми е жуто пиле, токму како што пуста Мајка Емине го нарече. Лигавење на тон и праг на пубертет не можат да издржат притисок и наредни промени. Тоа е реалноста. 4U само две пеат постојано, а другите две им се како припомош? Ко Грејси и Роузи, ако сте ги гледале кај Ен во студио, знаете што зборувам. Едната пее, игра, се троши и лудува, другата до неа и ја држи сенката и срамот. Тотално ми се непривлечни. Доктори - софистицирана и претенциозна идеја за мек бој поп бенд. Ако тргнат во оваа насока како сега (добро изреагираа на техничкиот пех последниов пат), имаат шанси за кариера, но победа тешко. Сигурно некој од нив сака да си пее сам, се забележува. И тука гледам само два тројца како доминираат. Лукијан ми е ко селско дете со добар глас. Ништо повеќе. Се смее ко зелен и нема држење на сцена. Жалам. Даниел е срце. Иако е на моменти бескрајно мутав, има талент, движења на сцена и убав глас. Треба да поработи на дикција ЗАДОЛЖИТЕЛНО, другото му простувам, како Струга нема друга! Алекса е Саша Ковачевиќ или Владо Георгиев. Не знам. Ама форсирање морски балади и бели кошули никого не го направиле иксфакторен. Млад е, му треба правец и нешто пострастно од ова сега. Маид е претенциозен и забавен. Толку. Не ми остава впечаток, туку чувство на "Абе тргнете го овој од тука" Не знам кого заборавив, ама си го елаборирав тоа што сакав да го кажам. Фифи се надевам ќе си ја оствари кариерата и успехот кој си го сонува, а на Маринела би и препорачала тренинзи против трема и часови по пеење.
Јас воопшто не се согласувам дека Илма и Харис се премлади за вакво шоу. Ние конкретно на Балканот имаме еден проблем, прво ти викаат премногу е рано, потоа премногу е доцна Баш сега треба да осетат што значи сцена, рефлектори, да изградат искуство на сцена, да вежбаат контакт со публика и да немаат проблем со трема. Сега се прави тоа, а не после 20тата година. И точно е дека сеуште не се одредени точно кон кој музички правец ќе се ориентираат, ама затоа пак во овие години може да лутаат додека разберат во кој жанр се пронаоѓаат себе си. Ете многу светски познати ѕвезди почнале рано и сега на свои 25-26 години жарат и палат низ светот, затоа што го прошле со време тој период кога се двоумеле во кој правец да се определат, кога имале трема и биле тотално незапознаени со шоу бизнисот. Ријана од колку млада почна со кариерата, сега на тие години е број еден, а некои на нејзина возраст уште по шоуа за таленти се натпреваруваат. Во многу шоуа има кандидати кои за ментори имаат пеачи што се двапати помлади од нив. Музичката индустрија е пазар, бизнис, каде не треба само глас за да опстанеш. Треба да се бориш, да одбереш вистински соработници и тим кој стои позади тебе, а што е најважно да се носиш со сите проблеми и предизвици. Колку порано се впушташ во тоа толку повеќе ќе се исчеличиш, за возраста кога ќе треба да го дадеш својот максимум да знаеш како и што треба да правиш со себе и својата уметност. И затоа почнуваш со поопуштени песни и текстови, а на свои позрели години продолжуваш со песни кои имаат посериозна и позрела тематика, но веќе како пеач со изграден имиџ, добра вокална техника, отрпнат од трема и јавни настапи, знаеш како да се однесуваш кон медиуми и публика. Не можеш да го дадеш својот максимум ако ова не си го поминал.
Греота е бре, 13-14 години имаат, ни колата нема да можат асално да ја искористат, додека да положат за кола ќе биде застарен модел Од друга гледна точка,не сме ние холивуд и не треба да се споредуваме со нивните таленти кои почнале на 13-14 години, пред се кај нас на нашава естрада има да ги соголат од лажење и крадење менаџерчињата и продукциите, башка нека му кажат на детството ауфидерзен. Плус пеење детски песнички на фестивали, дизни шоу не е исто со кариера на поп/рок или каков и да е пеач, со настапи, концерти и остали придружни тракатанци. Башка и скоро сите кои почнале било каква кариера од толку мали години во шоу-бизнисот се дезиoрентирани, се лечеле од зависност и не се оформиле во нормални здрави воздрасни особи. Имаме милион пример и кај нас а во Холивуд на преиме муабет.Ретки се оние кои не забегале скроз и се горе доле норални. Зашто Бритни мене не ми беше нормална со испадот со косата, Мајли исто е скроз забегана, Биберон пуни насловне страни, завршува во затвори на само 19 години, и да не збориме за Дру Баримор и наш Џамбазов. Над 18 веќе секој сам си одговара за своите постапки, може да се каже дека е позрел, ако не е сосема, барем е позрел. НЕ е за џабе ставена граница да од 18 можеш да имаш и деловна способност. А пеач/пеачка/ѕвезда од овој тип е пред се БИЗНИС, забава но и бизнис, треба да знае многу добро како да се прставиш и како да истапуваш и да постапуваш за да ја задржиш и оформиш кариерата.
Незнам дали сте приметиле али овој Лукијан кога пее со матрица е катастрофа жива,на него само акустики му лежат затоа нека си се задржи на тоа вака не му иде.И кога издишува ,вдишува ептен се приметува и многу амтерско личи тоа.
Јас мислам дека Даниел ќе победи,Илма нема шанси да ја пуштат..Иначе таа ми е премногу антипатична како да е влезена во филм се занесува пред време се фали дека ќе победи значи катастрофа...И одма ако не и дадат убав коментар почнува со лигаење а ако ја пофалат скока како луда на бина како оние од демир хисар..И кога ќе излезе на бина барем нека и ги избричат брковите срамота е Премногу антипатично девојче се фали на фејсбук со статусите мислам загрефффффф..Се гледа по статусите дека со чупето нешто не е во ред..Славата в глава ја удрила Osjecaj kada se licno upoznas sa Jelenom Tomasevic OMG *-*-*-*-*-*-*-*-*-* — feeling excited. Onaj osjecaj kada sjedis pored Sinana Sakica u njegovoj kuci sa njegovom zenom Sabinaom — feeling excited.
Искрено да си кажам 3 от лајф му беше подобар од 2от.Имаше некои грешки и секогаш ќе ги има но воглавно се беше ОК.Песните беа така-така Некои имаа добри песни,некои имаа полоши Х2О- На почетокот мислев дека ни до прв лајв нема да стигнат ама ете.Мене ми се ОК.Што се однесува до песните не ми се допадна како ги испеја, особено таа за спас шо им беше.Ми се допаѓаат како спој но да бидам искрена подобро тие што испаднаа него другиве шо останаа,мислам редно беше. Александра Бркович- Иако си прај некој фацки,сепак има моќен глас кој мене многу многу не ме плени.Незнам зошто мене не ми остава некој посебен впечаток,како и со гласот така и со стајлингот Александра Секулич-Девојкава е преубава значи,лепота права.Што се однесува до пеењето ме зачуди со втората песна која ја отпеа според мене,сосем солидно и без некои поголеми грешки при пеењето но сепак си стојам на тоа дека некои песни знае подобро да ги изнесе од себе. Илма Карахмет-Преголем талент.Скоро на моја возраст е и има преубав глас,особено за нејзините години.Незнам колку ке успее во ова зошто сепак таа е во пубертет,гласот и се менува па поради тоа мислам дека може да намине по неколку години.Тоа ќе биде подобро и за неа,сигурна сум. Тамара Миланович-Конечно!!Се согласувам дека ова и беше најдобар настап до сега, но се си мислам дека девојчево само на аудициите и во вторникот успеа само да испее убаво.За талент,има ама мене не ме импресионира и не ми е фаворит 4U- Интересни ми се но не доволно добри за да ми бидат фаворити.Имам впечаток дека плавата само устата ја отвара и тоа е тоа.Најдобра од групава е Вања,дефинитивно Доктори-Едни од фаворитите,преубави се и пеат добро особено Армин Алекса.П-Интересна боја на гласот има а и е физички топ,исто еден од моите фаворити Даниел-Подобро да не коментирам зошто ако почнам, амин запирање .П Е Р Ф Е К Т Е Н Прв на мојава листа Лукијан-Ми остава ваков впечаток: Oк,добро,интересно,лошо,предобро .. Мислам? Не ми остава некој ВАААУУУ впечаток. Харис-Ништо вауу.Просечно дете.Исто така како и за Илма и за Харис мислам дека треба да се врати по некоја година. Маид-Ок е.Интересен и забавен ништо вокално посебно.Мене ми се чини дека има нешто фоллкерско во гласот БТВ.Ме изненади Даниел со песната,мислев дека друга ке пее
Jас пак воопшто не се согласувам дека Илма и Харис и било кој на нивна возрас да бидат примени на ваков тип на такмичење каде во емисите во живо се бара покрај пеење и сценски атрактивен настап ... од следниве причини ......1. Најпрво Илма бидејки има само 13 години што значи таа е ДЕТЕ и мене лично ми е глупаво кога ке ја слушнам како пее сериозни песни со сериозни текстови а нормално немозе да пеее на ваков тип на такмичење песни со текст прилагодлив за нејзина возрас ............2.Девојче од 13 години како може да го облечат и нашминкаат за на сцена да изгледа атрактивно за очи и да има атрактивен настап ? бидејки сепак не само гласот во прашање туку и атрактивен сценски настап секој сака да гледа ,впрочем затоа и се вика ова шоу Х фактор ...........3.Се прашувам дали Илма ке привлече толку внимание ако на пример имаше барем 20 години ,бидејки секој коментар за Илма почнува со ТАА ИМА САМО 13 ГОДИНИ а како пее како возрасна ,што и замерате тоа и тоа ....таа има само 13 ,зашто сте ја облекле така ,зашто сте ја нашминкале така таа има само 13 години ,зашто и дале така тешка сериозна песна со текст со такви емоции кои таа неможе да ги сфати емоции на возрасни,....................4.Родители како Маринко Роквич имаше изјавено дека пред 25 години синот него не му дозволил да се впушта во овие води ,исто и Цеца мислам дека изјави дека керка и нем ад ас епријави на Хфактор бидејки е сеуште мала и прво да заврши со образование па потоа ..........4.Тоа што ги набројувате примерите од светскава сцена кои започнале уште мали јас би го додала пред сите Мајкл Џексон ....и ако се види какви траумни на повекето од нив им се случија подоцна во нивните кариери ......јас пак би извлека поинаква поука од нивните примери баш од нивните примери односно дека сум против пред 20 год да некој се впушта во суровиов шоу бизнис во спротивно пребрзо ке прегорат.
Несфатлива работа ми се овие групите Ај другите награди се баш ок, и спот ќе видиме и се од победникот. Ама колата бе. Rent a car ќе си ја напрат Докторите или оние квачките 4 Еден ден на 1 друг на друг и така...
Многу тоа го приметија изгледа дека на Лукијан пеењето со матрица не му оди ,тоа се гледа и на вцчерашните снимки од гостувањето со Емина. А друго ,незнам не ве читав сите може некој искоментирал ,али мене песната што ја пеече на прошлата гала Лукијан ми звучеше на турбо фолк а не на поп ,незнам каква група се тие што ја пееат таа песна ,но мене така ми звучеше ,а и со Емина што имаат пеено песни на гостувањето се на граница на турбфолк .