Теси јас мислам дека овојпат ја претера малце. Навистина не ја сфаќам твојата потреба како и на уште неколку овде на темата да мора да реплицирате на секој коментар негативен во врска со Секулич. Напнавте! Неможе со сила на некој да му ставите во глава дека ја бива и дека е вонсериска лепота невидена на овие простори па Малена синдром ни предизвикал. Ајде бе ви се молам... Еве мене пример онаа Христина што ја пееше Титаниум ми беше поим за убавина, прекрасно лице, убаво тело, со мала доза на кокетирање и ми беше најубава од сите кандидатки. И сега секој што не се согласува со ова треба да го плукам и да му поставувам дијагноза дека е љубоморна и несигурна. Излишна ви е оваа реченица, не сте свесни колку. Јас веќе во еден пост пишав дека Александра во куќите на менторите позитивно ме изненади и толку. На првиот лајв песната ја испеа очајно, толку многу што дури како пародија на истата звучеше. Убава е, не велам не, ама не дека ми е нешто спектакуларно, знае да заведува на сцена, си ги користи тие атрибути што ги има, и самата кажа дека ќе понуди настап а не толку добро пеење и незнам зошто тука мора да се фаќаме за гуша само заради тоа што некој не и се воодушевува толку многу како вас. А со тоа што ја гурнаа на лепи очи во лајвовите само успеа уште повеќе да не ми се допаѓа и крај на приказната. Сериозно сте ми смешни со тоа препукување околу неа, да еве коси кубам по дома зашто е поубава од мене. Мое мислење е дека не ја бидува и готово, слободно вие останатите величајте ја, мене воопшто не ми смета, ваше мислење е , го почитувам. Да беше до љубомора ете ни таа Христина не би ми била убава туку ќе си плукам по неа, ама шта чеш, искомплексирани жени, љубоморни на некоја си која воопшто не им е дел од животот туку ја гледаат 3 минути на телевизија. Комплекси бе...
Како што некои од нас не ја сфаќаме вашата потреба да ја напаѓате и негирате упорно само затоа што е убава и секси девојката. Но, тоа е. Јас овде ќе пишувам колку мислења сакам, таму каде што чувствувам дека имам што да кажам. Се` напишано тука е предмет на коментирање и додека чувствувам потреба, ќе коментирам. Koментарот за Малена синдромот најмногу беше предизвикан од коментарите дека е спонзоруша девојката. Мислам СМЕИ невидени. А па моментов со “к***инското“ играње па беше врв. Ќе си помисли човек не сте виделе диско...
Абе ок, коментирај си ти, никој не те спречува, ама неможеш бе да нарекуваш некој несигурен и љубоморен само затоа што не гледа на работите низ твоите очи. Зошто неможеш да прифатиш дека ете има некои на кои девојката не им е нешто посебно? Па и за најубавиот човек на светот ќе постои некој на кој нема да му се допаѓа, значи прашање е на вкус. За секој човек постои маса на луѓе на кои ќе им биде убав или неубав. Пак ќе кажам, не дека е грда, далеку од тоа, ама не ми е нешто посебно, дури просечна ми доаѓа. А и незнам пак зошто толку лично некако го сфаќаш тоа ако некој не се сложи со тебе, гледај си ја, гласај, поддржувај ја, пишувај коментари овде колку е најпрекрасна, тоа никој не ти го брани, ама со тие коментари излитени дека секој кој не се сложува со таа ваша замисла во глава е искомплексиран е бесмислен. Па и деца да беа ќе се сложеа дека е прашање на вкус а ти пак упорно си повторуваш, љубоморни па љубоморни. Значи не ја напаѓам затоа што е убава туку затоа што ми е просечна, една песна дали има отпеано како што треба, се шлепа низ лајвовите, сите знаеме дека не е можно ист број на гласови да имала со Маид. Ете затоа не ја сакам ама ете ти си запнала дека ја напаѓаме затоа што сме очајни во нашата грдотија па ете од љубомора ќе плукам по неа. Мене ми се смешни овие констатации, посебно од зрели девојки и жени...
Теси, не ми се верува колку запна дека се љубоморни, па љубоморни. Човек читајќи те ќе помисли дека другиве се баба роги. А која е твојата потреба упорно да ја браниш? Од моја гледна точка сите си изразуваат мислење, никој нема никаква потреба. Еве ко мене Маид што не ми се свиѓа, немам потреба да го напаѓам, само си го изразувам мислењето, исто ко ти твоето. Ама мислам во случајов имам среќа што Маид не е женско, инаку тешко мене.
Ме изреволтира прашината која се крена искрено и можеби преемотивно го сфатив. И мене некои не ми се допаѓаат, а други да. Никаде никого не нападнав затоа што му се допаѓаaт Тамара или Алекса, на пример. Но некогаш некои критики не ми се на место и ми се така болни (не мене лично туку општо) како на пример претпоставки за животот и моралните вредности на натпреварувачите од еден настап. За тоа дали мислам дека сте баба роги или не, сум се изјаснила во многу други теми во кои баш сум го рекла спротивното. Сум човек кој сака да го замислува како убаво она што не го гледа отколку како лошо, затоа и верувам дека мнозинството од другата страна на тастатурата се прекрасни луѓе. Не беше муабетот што е убава. Кога сум го рекла ова???????? Кога сум коментирала дека некој е грд од тука???? Клевети...субјективни клевети... Еве што коментирав на ДЕЛ од твојот пост....мислам ти не беше таа што рече дека е спонзоруша.... како што гледаш, ТОЈ коментар најмногу ми падна во очи. А коментирав кај тебе за провокативноста. Не верувам дека А.С. најпровокативно ја облекуваа и дека 4u беа попрокативни на вториот лајв од неа. Спојлер
Нормално дека изгледот е многу битен за да се успее во нивната кариера, Секулич е навистина убава ама на повеќето пејачи од х фактор не им е ни до колена во врска со пеењето. Последниов лајв навистина убаво испеа и се снајде бидејќи Кики и одбрал песна која нејзиниот глас може да ја изнесе. После на спас песната имаше фалшеви, ама и Фифи и Маринела не беа нешто подобри. А во врска со враќањето на Секулич во шоуво, малце сомнително ми е бидејќи рекоа дека изедначени гласови имале со Маид, а таа немаше ни приближно лајкови како Маид на фб и после излегоа од негде резултатите дека Секулич имала 600 и нешто, а Маид имал скоро 2000 гласови. И дополнително, последнава епизода за малце ќе испаднеше, значи каде се тие нејзини гласачи...
И Перчоли и Кокович имаат повеќе лајкови од Бајат, чинам, па тој беше со најмногу од групата на Емина. Мислам дека лајковите на фб не значат многу. Ако е за тоа, Даниелчо наш има најмногу, па многу се сомневаат дека ќе му дозволат да победи иако дојдов до заклучок дека тој би бил моралниот победник на шоуво ако продолжи вака.
Теси јас не реков дека ти го имаш кажано тоа туку дека така доаѓа муабетот. Излегува дека сме некои очајни грди женишта кои што се запнале да го критикуваат изгледот на Александра. Ако притоа сум толку искомплексирана и љубоморна значи нешто не штима во мојот изглед, не сум задоволна со самата себеси па затоа овие поубавите од мене ќе ги плукам. Барем јас на тој начин го сфаќам тоа твое упорно тврдење како може да не ни се допаѓа Секулич, притоа и несигурни не нарече, туку ај да не се враќам на ова затоа што веќе по милионити пат си кажав што мислам. Инаку мислам дека и ти си малце свесна дека претера со форсирањето на таа наша наводна љубомора само што сега проба да смениш плоча дека не ти се допаѓало тоа што се дискутира за моралните вредности на одредени кандидати што апсолутно не е точно. Ти не се бунеше зошто некој ја нарекол А.С проститутка туку исклучиво заради изгледот беше твојот револт. Во последните постови само едно исто пишуваше како била секси, убава, привлечна и затоа сме и љубомореле ние несигурните. Затоа мислам дека сега муабетов со претпоставки за моралните вредности на Секулич не ти држи вода. Како и да е, секој со свој став и мислење. Секој нека си слуша она што му е пријатно за уво или убаво за око и нека си гласа, како и да е не очекувам некоја правда во ова шоу така да верувам дека на крај ќе бидеме изненадени од победникот. Се си мислам дека Даниел иако заслужува нема да победи, типувам на некој од тимот на Емина затоа што мислам дека самата е способна енормна сума на пари да потроши за гласање за своите пулени, помеѓу Илма и Маид исто може еден од нив да ја однесе победата а како тргнала работава може и Секулич да изненади. Нели се провлече до овде, па и за победа не би ме чудело.
Тоа што според тебе така излегува е едно, а што не кажав така е друго. Едно е да е убава или просечна, друго е да е спонзоруша. Каков човек може да дојде до таков заклучок од настап на музичко шоу. Hесигурно делува. Како жена човече жал ми падна за девојчето, му се извадија муабети. Искрено сакам да победи Даниел. А мислам дека имаш право за групата на Емина дека победникот можеби е таму. Нечепната и` остана групата. http://www.svet.rs/novi-broj/emina-jaho ... ks-faktora
Ако гледаме така и на Кики групата остана нечепната. Јас сугерирам на Илма и Даниел за победа, а сум 100 % сигурна дека некој од кај Емина ќе бидат меѓу првите 3-ца, фан сум на Алекса не велам не, Ама мислам дека Маид и Даниел се подобри вокали од него, тука е и Лукијан, кој просто изненадва секој настап се поќе и поќе. Босанците гласат, никогаш не остават друг да му ја земи победата, како шо беше на Операција триумф за Александар Белов. Дефинтивно откај Кристина типувам дека сите ќе си заминат дома за брзо време. Не ми се за победа и не ми се. Искрена да бидам победникот ми е или во на Емина или на Жељко, можда и Илма од кај Кики али на та комбинација не се ни надевам
^^ Видишш, Александра беше во Дуел со Младен ама остана во шоуто. Шо ќе пеат овај вторник?? Јас ич не сум во тек, испитот ми е поважен сеа
Ај кога се фативме више за Александра уште ова да кажам. Она можда не ми е нешто посебно ама затоа сестра и е мачкица, бомба права, одамна вака убава девојка немам видено. Иначе она е таа девојка за која се шушкаше по медиуми како потенцијална девојка на Даниел само зашто се сликале заедно а е родена сестра на Секулич. Еве ви слика да ве потсетам која е.
Се токмам да пишам мислење уште од вторникот, но постојано нешто ми излегува Конечно најдов време! Жал ми е за Фифи, баш ми беше позитивен лик, но искрено, толку им беше капацитетот на H2O. Како да се мачеа додека пееја на последната гала, се гледаше дека се добри, но едноставно не беа доволно добри. Нема да зборувам кој беше вокално подобар, некои песни подобро и` лежеа на Фифи, други на Маринела, но ретко која им беше погодена и на двете. Лоша спојка беа, успех е и што дотука стасаа. Тамара конечо во вистинско светло! Одлична песна (една од моите омилени), коректен стајлинг, умерена шминка. Повторно сама си ја избрала песната, но овојпат направила добар избор. Очекувам уште повеќе од неа на наредните настапи. Илмето...абе Илмето Измешани чувства имам за девојчево, факт е дека има добар глас и убаво пее, факт е и дека е малечка и допрва ќе се оформува, што вокално, што физички, факт е дека малку се занесе и славата и` „удри во глава“...и од толку факти не можам да донесам заклучок. Гледам си има фан база, веројатно времето ќе покаже. Брковиќ ми беше малку страшничка на последната гала, симпатична девојка е, и не гледам потреба од истапирана коса, кожи, чипки, и проѕирни материјали. Нема баш мила ѕвезда и нема да победи, но сметам дека со вистинските песни може да изгради кариера. Дали го „вештачи“ гласот и дали ги глуми гримасите не знам, но понекогаш знае да иритира, затоа, како што веќе реков - и` требаат соодветни песни. И Ејми Вајнхаус ќе звучи вештачки ако ја пее My Heart Will Go On, па сепак е извонреден изведувач и уживам кога ја слушам. Не знам што е толку препирањето околу другава Александра, ја изгласаа, се врати, и супер се покажа на вториот настап во живо. Песната и беше интересна и игрива, ја испеја најдобро што можеше, имаше предизвикувачка кореографија, но добро се снајде, и супер изгледаше! Девојката е убава, у реду е, ама луѓето како да го забележуваат само тоа. Има подобри кандидати од неа, и самата го кажа тоа, и за неа е успех што дотука стасала, скромна е и прифаќа критика, и не гледам место за хејт. Ама тоа е...people is always talk, што би рекла Александра Накова Даниел си беше стандард добар, макар што песната што ја пееше не ми се допаѓа многу. Ќе видиме што ќе покаже на следната гала Маид не можеш да не го сакаш, целиот таков разигран, премногу ентузијастичен, создаден е за овие простори. Ми се допадна неговата изведба и песната што ја пееше, само што мислам дека ова е максимумот од него, повеќе нема што да покаже. За разлика од Даниел кој може многу повеќе, сметам дека од Маид ова ќе биде најдоброто што ќе го видиме. Се надевам дека ќе ме разубеди. Збор-два за момците на Емина: Харис го чека денот кога ќе излезе и последниот настап му беше најслаб досега. Алекса ми звучи доста познато и има прекрасна насмевка. Лукијан ми е апсолутно нехаризматичен, и само јас ли не „паднав“ на последната негова изведба? Тропико бенд се турбо-фолк бенд и нивните песни не ми се допаѓаат. Иако оваа беше во акустична верзија, воопшто не ме трогна или погоди. Емина секако ја искористи шансата да се испорасплаче Машкиот бенд беше океј, но Кристина треба подобро да ги координира. Секогаш двајца пејат, а останатите хммм-каат. Женскиот бенд се катастрофа и мислам дека се следни за елиминација. Освен Лана Шојиќ и малата со црвената коса, другите уста немаат отворено. Не знам што толку ја форсираа плавата на почетокот, онаа што излезе, па плачеше, па потоа беше пресреќна кога ја вратија, баш од таа немам ни збор чуено Ениуејс, се надевам дека во вторник не чекаат подобри настапи за да има што да коментираме Некако ми изгледа како да ги штедат натпреварувачиве, како никој да нема дадено 100% во изведбата, како да се чуваат за некој нареден пат, а зошто? Сакам да слушнам енергични песни, да распалат на сцена, да звучат и да изгледаат посветски. Се надевам дека тоа не очекува на следните гали затоа што крајот е поблиску отколку што мислат
Здраво и од мене во темава. Нема да должам многу, накратко ќе кажам тоа што имам. Значи како потенцијални победници на шоуво ги гледам Даниел, Лукијан или Илмето, ок може тука и Алекса да го ставам. Лукијан некако Емина многу ми го форсира, па затоа мислам дека ќе остане до крај, а и од лајв во лајв изненадува повеќе. За Алекса гласаат многу девојчиња без разлика како испеал, а искрено мене не ми е нешто посебно. Немој сега да распалите по мене плиз. На Даниел повеќе му лежат странски песни и не знам како би се вклопил на овие простори со неговиот глас, но добро, навивам за него. Илма бе, кој глас човече. Мислам дека досега немаше лош настап, освен песната од Бруно Марс ко ја пееше, не дека лошо ја испеа ама некако не ме воодушеви бар мене. Читав погоре нешто се чачкате за Секулич. Драги мои, овде бараат икс-фактор за пеење, не за лепота. Вистина дека е згодна девојката, ама слабо некако со пеењево. Има убав глас, ама ништо посебно. Мене пријатно ме изненади со последниот настап, ама пак ќе кажам, не ми се вклопува некако со сите овие вокали кои што се присутни во шоуто. Убаво си кажа Жељко дека ќе го напушти икс-фактор ако таа се врати, а некој од неговите кандидати не. Мое мислење е дека од тие шо испаднаа со неа било кој требаше да се врати освен таа. Па дури и Перчоли. Може не бев многу кратка, ама простете ми
Не се бара икс фактор ниту за пеење ниту за лепота, се бара икс фактор за музичка ѕвезда. Тоа комплетно го има Лукијан, по него Алекса, друг не знам, веројатно никој.
Tema idućeg livea: Hitovi devedestih. Gost: Saša Kovačević Тоа е најавено за следниот лајв,колку е точно...