X Фактор Адриа (Сител)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Primadonna, 5 јули 2013.

?

Кој е вашиот фаворит за победа?

  1. Даниел

    532 глас(а)
    74,1%
  2. Доктори

    30 глас(а)
    4,2%
  3. Лукијан

    26 глас(а)
    3,6%
  4. Маид

    110 глас(а)
    15,3%
  5. Тамара

    20 глас(а)
    2,8%
  1. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Емина дефинитивно го имаше најполитичкиот избор на тројца момци кои ќе ги носи во „лајвовите“.
    Зошто:
    1. Харис - младо детенце, кое сеуште нема формиран глас, но потекнува од Босна за која се знае дека секогаш гласа само за своите. И не само Босна, туку и сите Босанци на овие простори.
    2. Алекса - понзат на публиката од минатата година од шоуто „Јас имам талент“, убаво лице, сите тинејџерки сечат вени за него.
    3. Лукијан - веќе познат на youtube со своите преработки на песни, има доста следбеници кои го препознаваат.
    На сето тоа да додадеме дека сите тројца се помлади од 20тина години, па најголемото гласачко тело дефинитивно ќе го прави својот избор помеѓу нив тројца. Ај, и Докторите да ги додадеме тука во изборот.
    Од сите 6ца кои беа кај неа во куќата, овие тројца беа мислам дека најслабите. За мене Стефан, рокерот и Перчоли (кој иако беше препотентен, дигнат, вообразен и све остало, но испеа многу добро и се гледа дека има глас) беа далеку подобри кандидати за лајвови од овие тројца.
    Ali sta je, tu je.
    И тука вмешаа политички одлуки. :D
     
    На Lolo5, oblace1 и leighton23 им се допаѓа ова.
  2. Crucio

    Crucio Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    30
    Тоа беше за претходниот лајв само што гостинот им беше утнат.
     
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Добро chill out феминки,за глупости се карате. |(
    Кој ќе испадне нека испадне,кој сака нека кокетира,не се ваши деца па да се грижите толку за нив,едноставно секој си има свои фаворити,секој свој вкус и готово.
    Од мравка,слон направивте.
    Инаку сите што не сте ја гледале емисијата од вторникот во 3часот мислам ќе ја има репризата.
    А точно е дека следниот лајв гостин ќе биде Саша Ковачевич или се само шпекулации? :?:
     
    На jjoovvaannaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. xTehUnknown

    xTehUnknown Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    14
    Епа вака девојки :)
    Спореед мене најсилен од менторите моментално е Жељко заради тоа што во тимот ги има најјаките- Даниел и Маид. Кики има многу предност затоа што ја има Илма и Тамара е исто добра, плус ја знаат од „ја имам таленат“. Брковиќ исто ако не грешам е кај Кики и она има предобар глас, ама публиката не ја сака толку, додека пак онаа Александра Секулиќ што ја вратија врска нема и очекувам да излезе во следното шоу.
    Емина го има најлошиот тим, но поминуваат нејзините понатаму повеќе на изглед отколку на било што друго. Алекса искрено фалш пее секоја гала вечер, а Лукијан не е ништо особено. Харис е многу подобар од нив двајцата, но нешто публиката не го сака многу. Кристина е според мене, покрај Жељко, најдобра менторка, ама од нејзиниот тим само Доктори и 4U останаа и мене лично не ми оставија впечаток ни едните ни другите и мислам дека ќе излезат за 2-3 епизоди.

    Мојата претпоставка е дека Даниел и Илма ќе одат во финале и дека Даниел ќе победи со обзир на тоа дека е постар и дека нема време многу да праи кариера па да искористи се што може, додека Илма без разлика што ќе заврши втора ќе добие договор и ќе влезе во музичкиот свет за понатаму да стане нешто.
    Следна епизода мислам дека ќе излезе Александра Секулиќ и се надевам дека така ќе биде.

    Инаку имам едно прашање, дали повеќе преферирате да ја изгледате цела емисија од 2 саати на телевизија со сите предолги реклами насред емисија, сите глупи прашања на Снеже, сите гости во шоуто или да седнете на компјутер на youtube да ги прегледате изведбите знаејќи однапред кој излегол?
     
    На Ilinaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Вака поставени работиве како ги гледам, сфатив дека и сум го потценила изборот на Емина. Дефинитивно жената изигра мудро и на многу работи мислеше. Како што велиме и ние на темата, само со гласот ништо не правиме. За другиве од кај нејзе си во право плус што би додала и дека Милош башка па и рокер е од друга страна, што му ја стеснува таргет-публиката (како што рече Жељко, ако сакаш да го одржиш имиџот на рокер, нема многу простор за флексибилност и комерцијала јас би додала). И да, тинејџ идоли секогаш биле полн погодок од аспект на тоа дека се гласани.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    А девојки шо се деси со Марија од Мк шо беше???Сама се откажа или???
     
  7. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.071
    Допаѓања:
    1.361
    Мислам дека искочи уште одма, кога без никаква причина им кажаа на дел од натпреварувачите да си одат дома. :|
     
    На Majuv4ence13 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    ^^Уште кога ги поделија во групи таа испадна.
     
  9. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.424
    Допаѓања:
    8.592
    Пол:
    Женски
    До кај и да стигнат Лукијан,Харис и Алекса ништо нема да направат, па макар и победиле во шоуто.Ке бидат заборавени како ланскиот снег.Лукијан можеби ке снима некои досадни балади, но тешко да има хит кој ке е слушан.Дечково е како паднат од марс,додека пее гледа во подот на бината, на моменти и фалшира...катастрофа.Ретко кому е интересен за слушање.

    Едноставно дечкиве немаат никаква харизма(Алекса тук таму, но затоа нема глас), не се воопшто интересни, ниту пак имаат воодушевувачки гласовни способности.Емина од сите четворица членови на жирито има направено најлош избор.Ги избра најмалку талентираните и најизгубените.

    Искрено се надевам дека барем еден од нив ке испадне во вторник.
     
    На Ilinaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Не би рекла за Александра дека имаше ку****ски настап, ќе речам само провокативно, и толку.И теси, никој не коментира дека таа е грда,напротив девојката е преубава, убаво тело, очи и сето тоа го користи 100 проценти.Алии, девојката нема некој глас, им го зеде местото на многу кои заслужуја многу повеќе од неа да влезат.Чист пример Милош, дечково опсипува со гласот.Не за џабе се вели музиката е за слушање, а не за гладање.Нека иди на некое танц натпреварување и слично, али за музика не е , има просечен глас .Јас да идам поубаво ќе испеам од неа. :^) :rofl:
    И не сме љубоморни, или несигурни, или напатени зато шо девојкава не ни се свиѓа, и не ја гледаме како соодветен натпреварувач во овој тек од шоуто. :!:
     
    На Majuv4ence13 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489

    Стварно, секој гест се анализира на било кој, утре ќе заврши шоуто и ќе се заборават сите како што беше со сите претходни идоли, операции триумф итн
     
    На Dream-Girl и tessie им се допаѓа ова.
  12. Ilinaaa

    Ilinaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    169
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Добро,напнавте веќе со Александра С.
    Имала ваков настап,била ваква ,таква...Девојкава е прекрасна.Да,на почетокот и јас имав лошо мислење за неа,после првиот нејзин лајв кога не се претстави баш нај,ама после вториот нејзин настап одма го сменив мислењето.
    Божеее,имала провокативен настап |( напротив,имаше супер настап. И дајте кажете нешто друго,напнавте навистина! Кажете си го еднаш своето мислење и крај!


    Читам за Лукијан,го сметале за победник :^) Дечково има одличен глас,не велам не,ама за победник не е потребен само гласот,туку и движењата на сцена ,исто така треба да ги забавува и тие што го слушаат. Лукијан кога ќе излезе на сцена некако е како збунет ,па и движењата...Сепак за победник не е...
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    [СДК] Сакам да кажам...

    Даниел Кајмакоски - горда сум што е наш и што докажавме дека не мора Тоше да биде единственото богатство во таа област, кое за жал ни беше одземено прерано. Како што вика Жељко, ретко кој македонец не знае да пее, но Даниел има нешто посебно во себе.
    Се појави во прав момент. :clap: :bow:
     
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    Само да ти кажам дека ова нема врска.
    Еве прва јас за Харис не би гласала.
    Убаво пее и секако дека го чека музичка кариера.
    Но има поквалитетни пеачи од него, без разлика дали се Срби, Македонци или Босанци.
    Така да јас пре би гласала за Даниел што е Македонец и ми е еден од фаворитите или за Александра Б.
     
  16. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека треба да излезе побрзо од шоуто не е за овде нема харизма, стил, глас нема ништо. Незнам зошто го ставија во шоуво. Исто и за Илма нека си учат има време за нив. Овие години се за нив многу битни а не да ги трошат форсирајќи се.А точно е тоа дека такви се Босанците.
     
  17. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски

    Така е..Животот е пред нив,и мислам дека има време уште се мали за вакви работи..Имаат глас и двајцата убаво пеат само таа нема никакво понашање,на почетокот и јас ја бендисав ама после го сменив мислењето...Не треба премногу да ги форсираат,оти сега Илма ако не победи мислам дека ќе се убие од плачење сака да биде единствена тоа и влезено во главата..Ама нема шанси мислам дете да остават да победи сто посто пак некој србин ќе биде победник 8)
     
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    Изгледа погрешно ме разбравте :D
    Не сакав да кажам дека е мал или неталентиран и за Илма далеку од тоа дека сакам да испадне, девојчето е талентирано и би било убаво и она да победи (не дека е Босанка ама има прекрасен глас).
    Јас не сакав тоа да го кажам, туку во врска со тоа дека Босанците гласаат само за Босанци. Јас како Босанка кажав дека не е баш така и затоа го земав Харис за пример и другите.
     
    На Majuv4ence13 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    А вие за кого гласате ако гласале само Босанците за Босанци? И тука шоуто и натпреварувачите се гледаат од националистичка точка.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Очигледно малку погрешно беше разбрано моето мислење.
    Целта воопшто не ми беше да навредам некого или да дискриминирам, и се извинувам доколку тоа така било сфатено. Башка тоа што воопшто не очекував некој да коментира на моето мислење. Темата е поставена секој да си го искаже моето мислење.
    Нормално е дека секој би гласал за „своите“ - што би се кажало. Тоа не го негирам, затоа и целата тема е преплавена со тоа како сите сме воодушевени од Даниел. Мојот коментар конкретно се однесуваше на Емина и на нејзиниот избор, за тоа зошто беше избран Харис наместо некој од тројцата кои отпаднаа. Тоа што го кажав за Босанците се мислеше на тоа дека тие се големо гласачко тело, дека нормално е да се поддржуваат едни со други со оглед на тоа дека имале доста проблеми во минатото по распадот на Југославија, особено со Србите и Хрватите и биле често дискриминирани. Ова го кажувам во споредба со Македонците кои сме релативно помало гласачко тело.
    Се извинувам уште еднаш ако навредив, повредив или налутив некого. Тоа не ми беше целта со коментарот. Само го искажав моето мислење, ако мислите дека не е соодветно пријавете го да го избришат.