За овај Дамјан нели се шушкаше дека е хомосексуалец??? И дека бил во врска со Лила само за во јавност. Можеби грешам, не знам. Ама јас така имам поднаслушнато.
Ти брат/сестро/што и да си очигледно не можеш да препознаеш вистински талент. Прво, тие сите во Икс Фактор пеат во живо, што значи дека сите имаат талент и тоа повеќе од некои популарни ѕвзди кои пола песна не можат во живо да испеат.
Јас навивам и гласам за Даниел, го сретнавме на улица пред 2 месеци заедно со дечко ми и си направивме фин муабет онака и ми делуваше најприземен од сите јавни фаци со кои сум направила муабет, побарала автограм и слично. Кај Дааниел нема фалш и многу песни според мене ги испеа поубаво од оргиналот, има голема харизма и е многу симпатичен, можеби малку отпоќе глуми наивен, ама ми се бендисва што дури другите се жалат и плукат во Х фактор патрола, тој на се гледа и ја кажува позитивната страна. Мило ми е што го зеде Жељко во закрила и мислам дека тоа не е во интерес само на Жељко туку и во интерес на Даниел оти досега македонциве ко не се потрудиле да го земат да му најдат некој добар менаџер да му напишат убави песни и добро да го испромивираат, сега е доцна. Ми се допаѓа и Маид и Илма и Докторите се добри, најантипатична ми е Александра Бркович. Ми се направи ќефот ко се врати Александра С, Лукијан (Зевзекманија)не го обожавам многу, Алекса типична тин ѕвезда идеален за придобивање на гласови од тинејџерките,Тамара ми е симпатична, а од 4U групата најпоќе ми се допаѓа Теодора некако најприбрана ми делува, а таа плавата (на Младен женската)ич не пее се надевам утре конечно ќе отвори уста. Имам чуство дека после војната србиве и општо сите на вакви Екс Ју шоуа ко да пробуваат да им се извинат, оддолжат, ете искупат за се што им направија на босанците и обратно, а македонците ко да се тука само за повеќе гласови и да се надеваат дека некои од нивните кандидати ќе победат. Сепак не ми е јасно до кога ќе ги туркаат Илма и Харис , сепак се уште тинејџери која кариера ќе ја градат отсега , што би можело да биде нивното најголемо достигнување, да одат на Детската Евровизија и толку? Тие двајцата се деца отсега сигурно нема да снимаат албуми и спотови ,а дури да потпораснат голема е веројатноста да се само бледо сеќавање за публиката. Мислам дека Алекса, Даниел и Маид и евентуално Тамара или Илма или Александра С ќе останат до крајот. Од судиите најповеќе ја сакам Кристина Ковач, Емина МНОГУ ми е лигава, Кики е срцка, Жељко е реален и тоа ми се допаѓа.
Srce si ,si go gledala nastapot na Daniel so tolku vnimanie vo detali primetuvajki go sekoj negov pokret sto go napraviil toa kazuva SE inace odamna ne sum se smeela vaka ,fala ti najiskreno za toa
Spoiler Симнувам капа за ова, пореално кажано амин! Инаку, Даниел му пеел пратечки вокали на Џафер на Скопски фестивал 2013. (го има два-три пати фатено камерата) http://www.youtube.com/watch?v=nVYviwr0di0
^Да,ти си кажа мислење,ама тоа твое мислење е навистина далеку од реалноста и навистина не се поклопува со тоа што е и како е.На Даниел може многу пејачи да му завидуваат,така е. А за Александра,не ми е јасно како може да биде споредувана со стриптизета и со к*рва,врз која основа?Или пак само затоа што е убава и носеше сукња?
незнам што толку се фативте за александра секулич и ја испоругавте девојката а не ја ни знаете лично каква е што е од само две појавувања на сцена и одма била курва, спонзоруша,стриптизета леле ама добро секој со свое мислење. искрено мене баш ми е океј девојката , многу е приземна,мила е и има шарм дефинитивно, па и не е толку лоша на пеење.првата песна и беше промаршај ама овие две што ги испеа во 2риот лајв и беа солидни. пишале на фб страната дека од утре и хрватска и словенија се вклучуваат во гласањето. па дај нека ја намалат цената на пораката само кај нас е најскапо 41 денар а во другиве земји е по 21
Мене сите ми се допаѓаат на некој начин,сите со нешто се истакнуваат. За тоа кој ќе победи влијаат многу фактори,ама статусот победник не е исто се тоа кој ќе дотурка најдалеку во музичката кариера. Даниел го сакам и гласам за него, харизматичен,мил, убаво пее,ама не нешто wow,колку што го прават. Жал ми е што Младен не помина натаму,имаше нешто во него,а и за Милош Бајат што не се врати,тој пееше феноменално. А за Фифи и Маринела правилно што испаднаа,Маринела ми беше срцка ама со пеењето,многу лошо. Фифи воопшто не ја осудувам,ама многу лош attitude има,многу преправање.
Не кажав дека победил македонец туку дотуркал далеку.Значи кога читате, читајте убаво, а не еднопрочитале друго сватиле...И не не сум од никаква бајка излезена само разграничувам музчко шоу, со судии на спортски натпревари,Евровизија и локални и парламентрани избори. Друго не збориме за Евровизија, туку за регионални настани. Трето не збориме за географски фактори туку политички. Не гледам зошто шоу како Икс фактор би било исполитизирано.Од географска гледна точка да србин има повеке шанси, но не и од политичка.И Ноне и Белов не победија зашто беа негативна нула, многу им беше и финалето,а не затоа што на некого му е мерак, да изгуби македончето.Зошто тоа да не се босанци, хрвати, црногорци туку баш македонеци...Глупости. Друго е кога некој од натпреварувачите би имал јаки врски во продукцијата секако дека ке дотурка до супер фианлето, па можеби и победи.Е такво нешто да се случи има голема веројатност, но не и ради политички фактори.И се случува по многу музички настани.Во такво мешање на прсти верувам. Секако дека натпреварувачите од Србија чувствуваат многу поголема подршка и сигурност дека се на свое тло, но кажав тоа не значи дека ако победи србин дека е политички наместено,па ако мислите дека е наместено тогаш зошто гледате?
Дали се читате што пишувате? Ова не е натпревар на држави и народи. Не верувам дека некој од Србија се замара дали ќе победел нивни државјанин или наш или босански, и така имаат они разно разни шоуа од ваков карактер.
Одговори ми тогаш зошто на Македонците уште при самиот старт аудициите им беа прикажани сите за 5мин во едно видео, секого го имаше само пола минутка. А на Србиве секој посебно 5 минути, од животна сторија до комплетна изведба. Единствено Даниел што го прикажаа комплетно, зашто ќе беше срамота уште и него ако не го емитуваа. Абе ајде секаде сме 13то прасе, имаат разни шоуа, ама ние сме секогаш да пополниме место и да играме како Србите свират.
Утре Даниел ќе ја пее „Counting Stars“ од групата „One Republic“ а Маид емотивна балада од групата „Тути фрути“. http://press24.mk/eve-koja-pesna-kje-ja ... a-x-factor
мое мислење е дека нашите малку претеруваат со цената за гласање.. па затоа многу малку македонци гласаат... сепак според мене многу се 50 ден за една порака .. тоа е тоа што нас македонците не прави слаби гласачи.... јас би сакала да победи или даниел или маид или александра б. тие ми се фаворити и уживам кога пеат... но мислам дека со даниел малку претераја сите... има време за да го форсираат а не сега наеднаш сите навалија на него.. и јас би се сложила со феминките кои кажаа дека на илма и харис сеуште не им е време за вакви натпреварувања... прво нека се образуваат за да станат личности па потоа да можат да градат кариера... да можат да се снаоѓаат во секакви ситуации а не да пази некој каков коментар ке даде затоа што тие се деца и незнаат како ке изреагираат на тој коментар.. јас мислам дека доста им беше.. колку повејќе ке останат во шоуто толку повејќе ке им ја уништат самодовербата според мене... а другите натпреварувачи ми се катастрофаа....
Јас само да ви се пофалам Ќе си речите ова забегана е, ама не сум не дефинитивно Му пишав на Алекса порака на Фб, и штотуку добив одговор. Ќе полетаммммм
Цената на пораките во Македонија ќе се намали од следниот вторник. Од утре и Хрватска и Словенија ќе може да гласаат иако не учествуваат во шоуто. Сама си даде одговор, ова е нивно шоу, не земаат нас за да ги намалат трошоците колку толку и тоа е.