Претходниот пат исто така велеа дека ќе ја пее сонце за 3 света ама ја пееше сонце не ме грее.И тоа оваа информација беше на 3-4 портали, така да јас не сум многу многу сигурна дека таа ќе ја пее БТВ.Не ми се чека 21 часот Прв ќе настапува иначе,нашиов
Ама пее...Шта да ти причам кад све знаш...Како патка на колење крачи Само поради оваа сакам да отпадне групава Црвената дефинитивно има најдобар глас
Ќе се шлепа оваа плавава, ама ќе ја шутнат после шоуво Гарант. Бек вокал била, речи не знае да пее и завршена приказна
Уше па коментари у стил „досадно е прашањево“ Ко од Бакингем палатата да искочија, а не како да решиле професија да им е да го забавуваат народот... шо со песна, шо со пикантерии.
Додека она е бек вокал, моќни вокали го напуштаат шоуто. Некој ја форсира, свесна е Кристина дека не ја бива, затоа и ја множи со нула. Како другите се некогаш бек вокал, некогаш соло пеат. Она ако денес пее бек вокал, нареден лајв може да пее соло, не мора се истите да пеат. Ако било најтешко да пееш бек вокал, нема да и е никаков проблем да пее соло. Уста нема отворено од аудицијата типката, а си прави забава секоја недела. Лесно е кога друг те вади. Нека испаднат веќе не можам да ги гледам.
Се кладам дека Емина ги има убедено на останатите од жирито да ја вратат...Бидејќи е многу емотивна и мила (обична лигушка) и кога ја виде како плачеше не можеше да не ја вратат.. Па греота е девојчето да плачи, да е тажна и оп ајде назат како група за да стигне барем до негде за да не се растажи повторно... Кутрата таа
Кој викаше за Даниел „доаѓаш, го креваш нивото и си одиш“... Кристина ли беше? Или може Желче? Баш така, хаха. Само лошо е што прв ќе настапува, малку ми е тоа неблагодарно, не знам колку луѓето би се сеќавале на претходните настапи, отколку на последните, но нема врска. Со среќа на другиве, ќе им ги качи критериумиве на жирито има попара да ги направат некои одреЃени.
Баш сакав да ве прашам кога ќе настапува Даниел.Едвај чекам да почне не ми се чека до девет. А,овие 4U нека фатат магла а,црвената е подобра од сите и не заслужи да биде во бенд.Па као демек и било досадно прашањето.Како да ја праша некој дали и е интересно или досадно прашањето луѓето побараа одговор па овие викаат као демек било тешко да си пратечки вокал.Мислам да се убиеш од што е тешко само да отвараш уста и да се шлепаш секоја недела
Вечерва ќе биде возбудливо. Изборот на песни ќе биде поинтересен за разлика од минатиот пат со песните на мајчин јазик. Даниел ќе блесне, знам... Само требало да го стават последен, нели јаготката на шлагот за крај. А за Катето од 4У немам коментар, ме иритира што само се смее и се мавта пред камера. Не е озбилна и нема никаков став за пред камера. Кате биди озбилна малку зашто вечер пак ќе сте на двобој. Море она плачка невидена е, кога ќе испаднат прва ќе почне да пишти. Патем освен Даниел јас друг фаворит немам, никој не ме привлекува ни гласовно, ни физички. Ги сакав Илма и Тамара, но сега сменив мислење. А за пеењето им пуштам рака. Александра Б. фаќа високи тонови, но некако многу го тенчи гласот, не знам има нешто негативно кај неа што ме тера да не ја сакам. Алекса е досаден кога пее многу, а не е ни убав, долга чеканка, долг врат и мозолки. Што гледаат маливе во него не знам?
Не ја вратила Емина, туку демек пошто Емина е плачка, кога ја видела онаа плавата од 4U дека плаче, Емина сугерирала да ја вратат. Значи приказната не е по вистинска случка
Аааа ќе биде интересно вечер значи. Само да не ја оплескаат работата. Не знам за Counting stars, јас мислам дека нема да му легне, некако потешка ми делува песната за во живо. Ама ќе видиме.
Е после ова интервју што го дадоа, мислам дека нема да имаат толку многу ,,фанови,, како што кажуваат во истото. Не знаеле дали ќе продолжат заедно понатаму? Ајдееее бе,сега сте заедно после секоја по својот пат, а демек мнооооу се сакате а? Не можам да ја гледам значи Ката,за личност на нејзини години, нема ни изградено карактер, не знае да се однесува пред камери, се смее како незрела(читај зелена) и едноставно е антипатична. Пеела многу убаво, жими баба ми Стојанка, има видеа на јутјуб имаме видено како пее соло, нека не се секира. Пишав и порано еднаш,на фан страната на Кристина, никогаш немам забележано коментар, видео или сл. од нив а зошто? Има некоја причина... И крајно време е да реагираат од продукција, или да ја слушнеме или нека си оди чао.
Јас како што видов, ниедна од женската група не се однесува примерно. Вчера гледав некое интервју, и само се жалат, две од нив само се смееја, многу несериозно.
И ја не знам што запнале, фановите па фановите. Тешка песна е оваа Counting stars, се собрале луѓе, омилена им била песната. Јас баш напротив, мислам дека ќе се помачи, неговиот глас е понежен, па доста ќе импровизира. Подобро е (ако веќе е од One republic) Too late for apologize, ама ај ќе видиме.