Девојкиве облечени ужасно, за плачење! Ама како ја испеаа песнава.. Секоја чест!!! Браво и за менторот!
Даниел супер испеа и кореографијата му беше одлична. Добро е што почна да посветува време на сценскиот настап. Александра (чачанска олуја) се гледаше дека е навистина многу болна. Илма ми е одвратна како е секогаш, неспорен е фактот дека пее перфектно ама исто неспорен е фактот дека е лигла најголема. Не е дорасната за вакво шоу дефинитивно. На Маид повеќе му одговараат побрзи, поенергични песни. Ваков или таков, знае да направи настап ала бубула
Жељко и рече на Илма дека имала многу добра фризура Колку што нему му е погодена пудрата, толку и нејзе фризурата
Водителите со стајлингот се 10 ка.Посебно Емина и Жељко Е сега од овие што беа само Даниел предобар беше, Маид исто солидно само облеката А.Секулич џабе убавина, кога се нема талент.Го нема тој потребен х фактор.Подобро ќе беше минатиот лајв да си отидеше Илма искрено не ја ни слушнав, ама според коментарите којзнае каков фалш приредила Ја чекам снимката баш да ја видам... :geek: Фор ју врв се значи катастрофално
Леле,незнам дали е до мене,али јас се ко по различно,обратно мислење да имам со повеќето,одредени феминки..Искрено мене многу убаво ми испеаја 4u и најдобар настап им беше според мене
Збор немам за 4U , убо испејаа, посебна ми беше девојката со црвената коса , сепак јас мислам дека ова му е најубав настап и му пожелувам се нај. Супер беа!
Мене до сега 4U ми беа најлоши. Не ми се верува дека ја пееја таа песна, а беа облечени ко девојчиња од петто одделение. Стајлингот е битен за да се долови целосно песната. За мене барем. Маид не го ни вбројувам, он ми е одвратен и е вон секаква конкуренција. Сакам Лукијан да го слушнам уште, баш ме интересира дали ќе пак ќе ја брка песната, дали претходниот настап онака му се посреќи.
Еминчево пропелтечи од шо ја фасцинираа. Не ја слушам Лана Дел Реј, ни па сум и обожавател, ама мислам дека убаво ја изведоаа нејзинава песна. Ги урочив стилистиве, сите во кратки суќни, само Вања ја расипуе забавата. А за Маид се сложувам дека му требаат поенергични песни.
Прочитав некои коментари па додека се рекламиве морав да ве прашам: Зошто ги споредувате Харис и Џастин кога ни малку не се слични во ништо,ниедна допирна точка немаат? А баш се чудам како уште никој Доктори не ги нарече новите 1D