X Фактор - Србија (Сител) Епа не дека е наш, ама вака официјално си кажувам дека мојот најголем фаворит во шоуто отсега е Даниел. Светски талент, браво!
X Фактор - Србија (Сител) Даниел бравооооооооооооо ама зашто зборите српски бре шо демек тие китовите у жири не разбираат
X Фактор - Србија (Сител) Аууу браво за нашиот, му симнувам капа. Ме наежи целосно. Го гледав само неговото видео, сега го пуштив цела епизода да ја гледам. Ама тешко некој да го помине нашиов. Еден од фаворитите дефинитивно.
X Фактор - Србија (Сител) Даниел ми фати око уште од рекламата, и едвај чекав да му ја изгледам цела аудиција, иако овој Х-фактор не го гледам, не го пратам редовно, онака фрлам поглед незаинтересирано доколку начекам на ТВ... но вечерва гледав само поради него, едвај чекав да дојде он на ред, ете до толку ми стана симпатичен уште на прв поглед од рекламата, што поради него ова ми е прва целосно изгледана епизода... Цел пакет, и глас и движење на сцена, делува скромен и срамежлив, ама на шармантен начин некако... :up:
X Фактор - Србија (Сител) http://www.youtube.com/watch?v=bn3N0tOEae4 Некој погоре спомна заљубување о.О ЗАЉУБЕНА СУМ
X Фактор - Србија (Сител) Јас српскиов икс фактор не го гледам, единство пуштам настапи на YouTube што ги пофалиле и споделиле на фејсбук. Момчево наше е одлично, стварно се наежив кога го слушав. Толку лесно ја отпеа песната, со толку добра контрола на гласот, алал да му е
X Фактор - Србија (Сител) Така убаво ме расположи, ми стави насмевка на лицето од 7 до 7 . Одличен стас, глас, грув, култура....само да не ме предомисли и разочара за некое време Браво Даниел. После Тамара и Илма, редно беше и еден здрав машки лик и вокал, Мене ови тројца ми се покажаа најдобри до сега. Да видиме како ќе бидат во наредните кругови
X Фактор - Србија (Сител) Подобро ја испеј од оргиналот..браво СЕКОЈА ЧЕСТ.. се надеваме ќе влезе во финале
X Фактор - Србија (Сител) Лелееее бре се заљубив во човекот. Значи стварно му нема рамен, сите можеа да му носат вода, вклучувајќи го и Раденов. Кој патем не знам како можел да се пријави. Треба да има некое правило, ако победи на едно шоу да не може да се пријавува на друго. Ама ваљда немало потреба од такво нешто, нели победникот има бенефиции. Што само кажува нешто за нашата земја и нашите шоуа. Како и да е, феноменален е човекот, се надевам дека далеку ќе дотурка и нема да се слизне. Имало многу фаворити кои некако ја испуштаат нишката. А ова во работниов логор, камп де, како ќе одат после работите кажаа нешто? Ќе биде со столчињата или во домовите на судиите? Не ми се верува некако за ова второво.
X Фактор - Србија (Сител) ^ Раденов се натпреварува? Во Америка има такво правило, баш памтам дека Bianca Ryan што победи на America's Got Talent, не направи некоја завидлива кариера после победата, ама не смееше да се пријави на друго шоу од таков тип. Такви си се правилата.
X Фактор - Србија (Сител) Ahhhh I think I fell in love! Note to myself: одсега ќе си барам дечко што знае да свири на гитара. Интересна беше денешната епизода доста талентирани натпреварувачи имаше. За Даниел немам зборови Предобар! Браво! Исто и Никола ептен убаво ја испеа од Бруно- When I was your man. Раперите беа исто предобри малку хип хоп фалеше. И дефинитивно многу малку внимание им обрнуваат на групите или пак нема натпреварувачи во групи да се пријават. За Иван Раденов очекував подобро, просечни ми беа иначе има близнак брат? Добри беа, ма да малку ме зачуди да има трема толку испраксиран пејач со над 100 свирки Жељко не го коментирам не заслужува. Кики и Кристина ми се срцки ептен ме смеаат Кристина секоја епизода се заљубува во некој натпреварувач, а Кики е опасен со фацките кога ќе му пуштат некоја метал, хард рок песна Сега стануваат се поинтересни епизодите , фаворитите веќе си ги аднав на фб и читам инфо од прва рака
X Фактор - Србија (Сител) Мене ме оддува Даниел,што би рекла Кристина...му посакувам среќа за понатаму ,зашто ќе му треба, и да ни ја претставува достојно Македноја.
Не дека е Македонец, ама најдобар е без конкуренција Се заљубив... http://www.youtube.com/watch?v=K0qWcnnO3Ro
Ми се допадна Даниел како вокал. Убава интерпретација,движење,пренесени емоции,грув. Спојлер А и многу е симпатичен Му посакувам многу среќа понатаму,само се сомневам дека натпреварувачите од Македонија ќе се пласираат на некоја подобра позиција.Не сакам уште сега песимистички да сум настроена,ама сметам дека јасно е дека Србин ќе биде победникот.
Стварно вчерашната аудиција беше најдобра до сеа,како шлаг на тортата оставени најдобрите да речеме! Одамна никој не ги сплотил Македонците во толку позитивни коментари,па не само нив туку гледам реакции од цел Балкан вчера,како да се деси некоја револуција сите се дигнаа на нозе,сите сакаат да дадат свој коментар и поддршка што одамна се нема десено за некој пејач! Ми се допаѓа Даниел,ма ме одушевува подобро речено, затоа што гласот му звучи школувано,има одличен распон,варира со гласот феноменално а сиот тој талент е пропратен со една земска скромност што е невероватно! Се осети на крајот онаа искрена радост за 4 ДА од жирито кога рипна! Е тоа е таа искрена емоција која што публиката ја препознава кај еден пејач! Ќе биде голем-верувам во тоа!