Аекасандра Бркович многу ми се допаѓа нејзиниот вокал уживам да ја слушам, ама реално мислам дека за кариера на Балканов многу повеќе би направила А. Секулич. Она ми е комлетен пакет на еден пејач во секој поглед: настап, изглед, понашање, ми се допаѓа нејзината реалност и самосвесност, можеби не е вонсериски ама солиден глас, шарм, знае како со камера...според мене го има тој Х-фактор. И да вечерва Секулич ми беше права мачкица БОМБА! Аман бре веќе кога ли ќе искочи некое од пиленцата на Емина, антипатични ми се во голем дел токму поради неа. Неможам да и го сварам тоа лигавењето кое очигледно и пали кај тинејџерите. Кристина ми е омиен судија но не и ментор, може подобро да се потруди како ментор.
Босанчеросите секогаш оделе до крај, па макар се натпреварувале и на друг крај на свет.Имаат многу јако гласачко тело, што се покажало во икс шоуа. Сепак е неизвесно до самиот крај, никогаш не се знае. Но кажав и пак ке кажам, од групата на Емина можат да победат и на 10 икс фактора, ке бидат заборавени како ланскиот снег, ги гласаат дечиња од телефоните на мама и тато, немаат никаква публика, тотално не интересни ни за око ни за уши.
Песната што ја пееше Тамара никако неможам да ја најдам, не ми текнува а зборовите шо ги знам не ми помагаат Помош
јас сакав да испадне Брковиќ,Александра С има некоја харизма,убав став на сцена,убаво пее за разлика од оваа Брковиќ која е научена само да вришти на сцена. А тој малиот Чато незнам зошто воопшто е уште тука,Емина направи катастрофална грешка кога го исфрли Милош кој е далеку далеку подобар вокал,со изграден стил и професионално однесување а го остави ова недораснатово детиште кое повеќе те одбива отколку што те привлекува!!!
Од жирито Кристина не ја можам таа одвратна жена, а Жељко ми е најјак. Кики има најдобра душа, а Емина нема да ја коментирам, не е злобна и нема лоши намери, ама многу глуми и е патетична, аман со тие нејзини солзи непозвани. Од натпреварувачите Даниел, не дека е наш туку дека во секој поглед ги јаде останативе, за нив е господин човек, класа, е он има Х фактор, заслужува да победи ако има правда, ако не ќе знаеме до што е. 4У не ги можам, аман нека испаднат тие глупи, дрски, безобразни и размазени девојчишта што се влечат целовреме и се спасуваат, мора да испаднат следни. Вечерва повеќе бев за Александра Секулиќ, со оглед на тоа дека разговараме за Х фактор значи за целокупна појава не само за глас, но не сум ич потресена што испадна, и да не испаднеше не ми мења многу. Али како што вика Жељко, публиката не мора да е експерт или и прија или не, а мене Брковиќ со фаците што ги праи не ми прија воопшто, другава по-ок ми беше. Сеедно, и Брковиќ е во следните за испаѓање ако не и следна и онака 2 пат се спасува. Даниел царе, за све те бива и се надевам ќе победиш, заслужуваш не дека си наш.
Чато ми се лоши од детево. Ете почна и гласот да му мутира. Денес како девојче беше. Илма се однесува како да има 3 албуми зад себе. Да ми е ќерка .... (за освестување, не дека ќе ја здрвам од ќотек) Брковиќ-Секулиќ ... втората само ако има желба ќе направи кариера, пријатна е и за гледање и за слушање. Првата ... од првата аудиција ми заличи на и тоа пирсот во уста ми го одвлекува вниманието, па наместо да слушам што пее размислувам како го одржува местото околу него чисто Маид ми е баш Хамид. 4U - симпатични, слатки, убаво пеат Доктори ... мене повеќе ми личат на пациенти Алекса - не ми е ни П од пеач Лукијан - има нешто во него што сакам да го слушам, но не се покажа баш најдобро вечерва Тамара , мене ми е прекрасна и потпишувам дека ќе направи кариера. Вечерва беше нејзина вечер. Даниел е можеби потенцијален победник на Х фактор, но 100% е оној кој ни требаше ... да го сакаме. ...незнам има ли други И ме интересира - гласате или само коментирате? Х мои пријатели на ова прашање одговараат - па што има да гласаме, нема шанси да победи Даниел. Јас не мислам така. Го обожавам Даниел и гласам за него ... зошто само со гласање може да победи. Од многу лајкнувања и паѓања во несвест и на којзнае чиј профил на ФБ праќање , фајде нема.
Јас рака во оган ставам дека Даниел нема да победи, ќе видите. Нема шанса да остават тој да победи, исто ќе биде како со Белов во тоа шоуто. На секоја гала беше као најдобар и со најмногу гласови, го однесоа до финале и го испаднаа. И со Дниел ќе биде така сигурно, ќе го чуваат до крај за да има гласање и поголема гледаност и од Македонија. А што се однесува до Александриве, Брковиќ да, има гласиште ама ништо друго, а Секулиќ послаба е во однос на пеење, значи нема некој wow глас, ама девојката е многу харизматична, ја бива на сцената и знае колку може и не ја преминува границата.
Вечерва можеби најдобриот лајв од сите до сега. Даниел - повторно докажа дека странските песни подобро му лежат. Одличен настап и ептен добро ја испеа песната. Си има изграден став човекот. Александра Б. - има стварно јак глас само како што и кажа Жељко вечерва, некако како зарипната звучеше. Додеша песната за спас ја испеа каде каде подобро од таа што ја пееше кога настапуваше втора. Алекса - најдобар како и секогаш. Освојува со овие негови латино песни Доктори - освежување на вечерта. Мислам дека ја дигнаа на нозе цела публика што беше таму. Баш онака позитивна песна и одличен сценски настап. Илма - прекрасен глас но премногу ја форсираат. Маид - ме наежи со изведбата на песната. Заслужено што се врати. 4У - супер изведба само што таа плавата Катерина повторно глас не и се слушна. Останатите три имаат добар глас. Лукијан - минатиот пат растури ама буквално растури. Вечерва ништо посебно бар според мене и се плашев дека ќе испадни а има уште толку многу да покажи. Харис - о Боже мој...све је лаж беше една од моите омилени песни од Дино Мерлин ама после оваа изведба од вечерва мислам дека повеќе никогаш нема да ја слушам...катастрофа беше изведбата. Тамара - од самиот почеток не ми е нешто посебно ама ете некако стаса до тука каде што е. Супер песна ама можеше и подобро да ја отпее. А Александра С. заслужено си отпадна. Мислам не ни требаше да се врати али тоа е.
Епа вака... за Даниел речи су сувишне ; Александра Б. -мило ми е што остана, не е може толку убава ама убаво пее ; Алекса - убаво испеа, ама со душа го чекам тој live кога ќе запее од Сергеј некоја (тоа му лежи највише); Александра С. - значи стварно девојката е преубава, ама не пее подобро од другите... ; Доктори - значи многууу ми се интересни ; Илма - истото што го имам прокоментирано и порано, убав глас ама за некоја година може да се пробие повеќе; Маид - зошто толку го мразите бе има човеков глас (јесте да странско не би му лежело), вечерва добро испеа и прееедобар избор на песна ; 4U - не беа лоши вечерва; Лукијан - ни приближно добар настап како минатиот live; Харис - некако остава впечаток на многу мирно дете, ама некако не ми се совпаѓа во шоуво; Тамара - конечно подобрување од нејзина страна, ама пак ми е малце во некој филм...
Исто сакав да кажам, значи мора да гласаме, барем секој да пушти по една порака, ако сакаме да победи Данијел. Не бива само да се седне и да се пишуваат коментари колку е најдобар, најсупер и сл. А на крај баш не брига кој ке победи, па ни криви србите,како не сме победиле во нивно шоу, па местено било...Епа никој не ни е крив, самите сме си криви, зошто сме јаки на зборови само. Сега иди ми дојди ми, ама кога ке бидне при крај мора да се гласа. Јас секој лајв си пуштам по една порака,дечко ми една, моите една и се собере.Е кога ке загсути при крај ке се гласа повеке.
Лелее мислев дека само јас сум заприметила зашто се фаќам за ситници ама имало и други што приметиле дека плавата девојка од 4U досега на ниеден од четирите настапи во живо не испеа ниту еден стих соло незнам што е работата Глупо ми е мислам дека сите треба да добијат шанса да бидат чуени а не исти па исти да се форсираат група е алоо а не пеач со танчери во позадина па некој цело време сам да си пее а друг(што треба да пее) дреме во позадина мислам дека не е фер ако не подобро групата да била од 3 члена ако не се ценат гласовните способности на членовите од групите што не добиваат соло делови...и со машката група забележав таков проблем ама денес малце се поправија колку толку повеќе членови од групата добија соло дел..оно се зависи од менторот ама тоа е тоа мене важно не ми се допаѓа......за останатите настапи немам некојси посебен коментар некако вечерва сите ми беа послаби за разлика од минатите настапи немаше некои интересни песни и изведби,голем број изведувачи добија негативни коментари и не ми беше мн забавно...се надевам наредната недела ќе биде поинтересно
Не ми е јасно до кога Александра Б. ќе се спасува?! п.с. верувале или не, ама кога ја слушам стварно ми се приодува во тоалет.
Исто и од Доктори тој нискиот не памтам да сум го слушнала соло.. да беа поединечно, а не во група ехее уште од кога ќе излезеа.
Сепак од Докториве колку толку скоро сите имаат испеано по некој соло дел. Денеска еве најмногу Урош пееше што се вели во рефренот. Минатиоат пат МаркоАрмин и Никола пееја. Само на Предраг некако не му даваат некој соло дел.
едно што Маид ми е најомилен па и мојата најомилена песна ја пеешее Даниел исто така беше одличен... !!!!! Илма и Харис редно е да си одат дома.. ја претераја... деца не се за вакво шоу.. одвратни ми се и двајцата... харис заедно со емина во пакет и дома.. тамара ми испеа одлично за разлика од минатиот пат александра б. мојата најомилена од женските ја обожавам... и мило ми е што останаа... а за групите не е до нив тие што не пеат туку до нивната докторка... значи ја критикувате само катерина а јас колку што гледам и овај најмалиот што е по висина од докторите и тој плавиот марко и тие исто така немаат запеено соло или јас грешка сум.. само армин урош и тој другиот не знам како се вика само тие 3 пеат а овие другите 2 не.. мене искрено жал ми падна за катерина во минатата емисија кога во бекстејџот даваа изјава и кога уна ги праша дали фалширале катерина изјави дека таа неможе да фалшира затоа што пее пратечки вокал... значи залудно ги критикувате нив кога нивната менторка не им дозволува да пеат.. нормално дека тие сакаат да пеат ама тоа е што е.. кристина не им дозволува и што можат тие тука.. мислам тоа е мое мислење... за алекса и лукијан можам да кажам дека врска немаат од пеење... лукијан премногу се слуша кога зема воздух што според мене еден пеач тоа не треба да го прави затоа што е многу непријатно за слушање... Spoiler мислев на овај со црната ролка ако се вика воопшто марко или јас грешка сум
Оној Урош и тој со лефтер машната најубави се.. Инаку овие Доктори антипатични ми се.. Аман Илма, па добра е но и јас миалм дека не е за вакво шоу, и Харис исто.. А даниел ми е најомилен! Но сугурна сум дека нема да остаат македонец да победи
Даниел - Браво бате Александра Б. - И жирито кажа дека првиот настап и беше послаб, некако како многу зарипнато дури неубаво звучеше ама ете била болна, секому се случува. Мислам дека брзо ќе испадне, веќе втор пат се најде во дуел, мене ми пее убаво ама некако не е пријатна за гледање со нејзините гримаси. Алекса - Лепотанот на сите девојки, убаво испеа ама воопшто не ми се допадна таа уста отворена за која коментираше Кристина, иако таа рече дека сигурно им се допаднала на сите девојки. Александра С. - Згодна, висока, убава... може да направи кариера како Северина да пее полесни песни, инаку многу, многу нема гласовни способности ама се снаоѓа. Доктори - Срцки се, плус happy ми беше вчера хит на денот и многу ми беше мило што ја слушнав денес. Илма - Некако ми стана досадна, исто и Харис Маид - Маид ми е многу позитивен, весел и убаво испеа. Само незнам како би се снашол со англиски песни... некако повеќе ми е балкански пејач 4U - Најдобри досега. А плавушата сеуште не запеа соло. Лукијан - Omg, слабо англискиот... За разлика од претходниот лајв, сега се подразочарав, а и тој ми прави грди фаци Тамара - Убаво испеа ама некако многу ми е неутрална, што би рекол Жељко како да не и е гајле што ќе се случи.