X Фактор Адриа (Сител)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Primadonna, 5 јули 2013.

?

Кој е вашиот фаворит за победа?

  1. Даниел

    532 глас(а)
    74,1%
  2. Доктори

    30 глас(а)
    4,2%
  3. Лукијан

    26 глас(а)
    3,6%
  4. Маид

    110 глас(а)
    15,3%
  5. Тамара

    20 глас(а)
    2,8%
  1. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    Даниел и Тамара беа најдобри вечерва! Разликата помеѓу нив двајца и останатите кандидати? Може да го замислите Маид, Лукијан, или Чато на светски настап пред многубројна публика? Јас не, едвај ги слушам како се мачат со англискиот. Даниел и Тамара имаат светски талент, можат да успеат и надвор од овој смрден Балкан, впрочем, мене подобро ми звучат на англиски. Counting Stars е совршена песна за Даниел, и како што рече Кристина, него најмногу му лежат вакви песни, некој современ поп-софт рок, баш она што е популарно во светот во моментов. Тамара исто така направила добар избор, уште кога ја видов така облечена, во белиот фустан и чизмите како Кристина Пери на спотот, знаев дека ќе ја пее Jar of Hearts, уште една од моите омилени песни, и иако наместа фалшираше, многу е подобрена од минатите настапи (од аспект на избирање песни), а гласот несомнено го поседува. Тоа што некогаш реагира како забавена снимка или делува незаинтересирано е затоа што е малку збунета и неискусна, но тоа е ирелевантно и однесување на сцена и со публика се учи со тек на време. Од друга страна, талент и не се учи баш.

    Брковиќ повторно се извлече некако, но и` се гледа крајот. Се изнамачи на денешната гала, не знам кога полошо звучеше, дали со првата песна или со песната-спас. Првата песна сама по себе беше лошa, некој брз диско-спој од две тотално различни песни, а за втората толку се исфорсира и го напрегаше гласот, просто ми беше мачно да ја слушам и едвај чекав да заврши. Како што реше Хипстер погоре, убавината во песните на Адел е тоа што ги изведува со леснотија, и покрај нивните вокални барања и големина, а Брковиќ тотално ја изобличи и ја уништи песната. Денес, според мене, Секулиќ беше подобра, и на првиот и на вториот настап, но генерално, Брковиќ има подобри гласовни способности (под ова не мислам исклучително добри гласовни способности), па веројатно заслужено остана.

    Маид ја има таа неверојатна способност секоја песна да ја претвори во игриво балканско сра*е. Значи типот ми е скроз симпатичен, весел, позитивна фацка која би можела да ја гледам по медиумиве, ама на секоја песна и го дава тој „кафански“ вајб, и баш би сакала да слушнам нешто странско од него (досега немам, ама сигурна сум дека и да изведува странска песна, ќе звучи како да е изведена од некој локален бенд на свирка во дискотека). Не знам дали таков му е акцентот, можеби едноставно повеќе му лежат такви песни, ама постојано ми звучи исто. Ја нема моќта да се трансформира, и мислам дека многу наскоро ќе ми стане здодевен. Секако, ова не значи ништо затоа што ваквите настапи често „палат“ на овие простори, а и да не заборавиме дека е Босанец, а Босанците многу гласаат (и тоа не е чудно, земајќи ја предвид разликата помеѓу цените за еден глас испратен од БиХ и од Македонија - не знам зошто не реагираме на ова).

    Бендовите имаа најдобри настапи на оваа гала-вечер досега. Машкиот бенд беше разигран и овојпат добро координиран, а женскиот првпат да ми се допадне! Воопшто не мислам дека ја расипаа песната, не сум сигурна која пееше што затоа што не ги следев дотолку, но генерално супер звучеа. Мене ми беа добро облечени, многу Лана-Дел-Реј.

    Момците на Емина повторно во иста корпа: Алекса ми е најдобар од нив тројца, и овојпат малку се извлече на шарм, песната ја испеа многу просечно. Не знам што повеќе има да покаже детево, ако има воопшто. Лукијан пееше убава песна, но не успеа да ја долови вистински, и многу ми е жал што оваа песна ја испеа тој, некако мисловно јас си ја резервирав за Даниел :lol: Чато, боже Чато, детево е изгубено во просторот и во времето! Уште не знае каков жанр на музика сака да пее, прави што ќе му издиктира Емина. Од Џастин Бибер до Здравко Чолиќ и сега Дино Мерлин?! Јас разбирам дека пејачите треба да бидат флексибилни и публиката сака да ги види во различни изданија, но факт е дека и Емина и Чато лутаат низ жанровите и ни самите не знаат каде одат. И Даниел сме го виделе во различни настапи со различни песни, но сепак одржува некој свој стил и можам да замислам какви песни би пеел по крајот на Х-Фактор. А што ќе пее Чато? Поп, р’н’б, етно? Да го прашате, сигурна сум дека ни самиот не знае :rofl: Така е затоа што е премногу мал, и се` уште не е изграден како личност, а не пак како пејач.

    Кога сме тука, истото важи и за Илма. Денес ќе се расплачеше, кутрата, и тоа е најдобриот аргумент зошто и` е прерано за вакви натпреварувања. Да се биде пејач не е волшебно и магично, има и многу негативни страни кои допрва ќе ги искуси, а нејзе солзи на очи и` дојдоа од еден мал пропуст?! Со среќа понатаму, тоа е единственото што можам да и` го кажам.

    П.С. Даниел денес носеше како мојата маица со Pulp Fiction, само друга боја (малку fangirling :smirk:).

    П.С. 2 Многу ми недостасува Стефан Коковиќ во шоуто. Беше малку постар и поискусен од останатите момци на Емина, но многу посериозен и похаризматичен. Штета што Емина не го пушти него на местото на било кој од триве дечиња. Се надевам ќе слушнам за него на еден или друг начин во иднина :)
     
    На JuLleE, Hipster, Daydream и 5 други им се допаѓа ова.
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.717
    Допаѓања:
    9.465
    Пол:
    Женски
    Aјде и јас да искоментирам.Mене ми е криво што испадна Cекулич,оваа другата Aлександра беше за одење дома ,само Желко правилно си даде глас од жирито ,аман од оваа брковска аман кој ќе ја трпи |( :@
    Hајдобар убедливо и сосема заслужено D.Kајмакоски ,убав,млад,харизматичен,најталентиран ,победник 8) .Oд лајф во лајф се подобар :bow:
    Aлекса,мојот миленик ,море има да го учам шпански ако треба :wasntme: :inlove:
    Tамара глупачата џабе убаво отпеа,идиот си е и ништо не сфати ,па уште со тмурни очи и усни развлечува х в а л а ,поидиотски амин
    Oвие доктори, 4 ју,Mаид ајде некако ги голтам ,Mаид додуша ми се допадна како испеа.Oваа малата Kарахмет Илма талентирана е но некако не ми е за понатаму,го нема она што се бара во икс фактор.
    Xарисе бре детиште жуто пиленце ега да одлеташ следниот лајф ,убаво ти кажа Kристина икс фактор не е кафана бре :fubar: а и на Eмина толку и сече,само нејните пиленца да не отпаднат и да се прави јак ментор ,тоа знае со нејзиното лигавење .A со градите ова провокација ли беше бре и за кого :geek: ,инаку преубав фустан.
    Kики за првпат се покажа како ментор ,отвори уста да објасни убаво ,за првпат крајно време беше :!:
     
    На tinka-mace, tessie и Adi888 им се допаѓа ова.
  3. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    1.734
    Српската верзија е од Марија Шерифович


    http://www.youtube.com/watch?v=V8vBfZH9ZKE
     
  4. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    И мене ми е криво што испадна Секулич, другава е следна сигурно
     
    На hermosa и tessie им се допаѓа ова.
  5. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Зошто презимето на Александра Брковиќ не го носи Илма а? :rofl: Поубаво ќе и стои.
    Инаку знаев дека ќе испадни Александра Секулиќ. Даниел и Маид според мене се ѕвезди на шоуто. Точка!
    Ни Чато, ни Алекса ни никој.. :D
     
  6. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Не ми сте јасни многу од овде, ама ајде. Отековте со брковите на Илма, со жутото пиленце на Емина итн итн. Дали е битно?
    Илма е дете сеуште, можеби не сакаат од толку млада да ја депилираат. Талентот не можи да и се оспори. Гласиште има и тоа е. Единствен проблем е што е мала.
    Харис не е крив воопшто за тоа што неговата менторка е таква каква што е. Нема некој глас којзнае каков, фалшира и мал е.
    Даниел не сметам дека нема да остават да победи, публиката одлучува, така да ако Даниел не победи значи ние сме дозволиле, а не дека некои немало да остават оти бил Македонец. Нема врска тоа. Колку што гледам јас супер го третираат сите таму без разлика што е Македонец. Даниел можи да не победи единствено затоа што Македончето знае да си коментира на фб, по форуми, да го брани и душа да дава за него, ама никако да пушти една порака барем еднаш. Се обложувам дека повеќето од овде ниеднаш не гласале. Инаку искрено не ни сакам Даниел да победи, затоа што победниците секогаш се губат и никој веќе не слуша за нив. Плус Даниел ми е повеќе за странски пазар, мене не ми се допаѓа како звучи кога пее македонски и српски, иако не фалшира и сосема е во ред, но ете не ми се допаѓа изговорот итн.
    Маид исто како и Даниел ми е фаворит и мислам дека ќе биди победник, знаејќи како поминуваат Босанците во вакви натпреварувања.
    Александра Брковиќ мене ми е скроз ок во гласот, за фаците знаеме, но пак ќе кажам не е таа крива за тоа што изгледа така, си дошла девојката да си ги покаже гласовните способности.
    Тамара ми беше супер на аудицијата, понатаму се покажа многу лошо, почна да ми станува и антипатична со тие солзите на секое како Емина и можи слободно да си испадни и таа.
    Лукијан не дека е грд, далеку од тоа, баш си е супер, ама има нешто во него...Глуп поглед, просечна интелигентција, можеби грешам, ама така ми изгледа. Не знам што ги фасцинира сите со претхоодниот настап, мене тогаш ми беше најтрагичен, развлекуваше, фалшираше, дишеше итн.
    Алекса не пее убаво, фалшира на моменти, ама има харизма. Заедно со Лукијан мислам дека ќе стигнат далеку поради мама Емина и попалените тинејџерки што припаѓаат како што можевме да видиме вчера.
    4ју не ми се за коментирање, очајни, фалшират, не се согласуваат дури пејат, една од нив пее многу лошо и чкрипи. Немаат однесување, ниту пак којзнае каков изглед, во шоуто се единствено затоа што така собрани 4 нормално дека ќе соберат повеќе гласови отколку поединчено.
    Докторите ми звучат убаво, само еден му чкрипи, забегва, не знам кој е, но имаат таков. Вчера ми беа супер, реално и тие не се за тука, ама 5 повеќе гласови од 1, нормално и ќе стигнат подалеку.

    Ценетата Александра Секулиќ искрено не знам ни како стигна до овде воопшто. Пукајте ме колку сакате со коментари дека сум грда, па затоа и љубоморам и слично, ама мене девојката ми е НУЛА. Убава е не велам не, но тука застануваат сите епитети за неа. Ми се чинеше дека секој момент ќе се задави дури пееше, многу ми е мило што замина. Убаво и кажа Кики кога ја испраќаше претходниот пат „Оди пробај се во танцување, биди водителка, манекенка..“ уште да и речеше за пеење не си.

    Според мене комплетна личност во шоуво нема. Со 100% харизма, 100% изглед, 100% гласовни способности, секаква песна да може да испее, да флертува со камери, да биди таман во години итн.
    Кога ќе се сетам на натпреварувачите од Операција тријумф...Каква песна да им се дадеше знаеа да ја изведат баш како што треба, харизма, движења, разговор, целокупен настап. Сите ми беа супер и комплетни, ама добро овде ментор е Емина која гледа да покажи ци*ка и колку добар ментор е и колку ги сака нејзините пиличи. Кристина и Жељко што гледаат кој кого повеќе ќе го пецни и Кики кој ми е како безгласна буква.
     
    На sweet-cherry и Silver.E им се допаѓа ова.
  7. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Аман, кога планират да ги постават песните на ј.т од вчера |(
     
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јелена Розга ми е очајна. Буквално очајна!

    Насекаде ја коментираат како носи само прекратки фустанчиња, дека на секој настап и ѕиркаат гаќите, ама сега се надминала себе си. :puke:
    Многу ефтино изгледаше и изгледа женава на стари години полуди како многу други и очајна е за внимание.

    ********************************************************************

    Емина ја сакав зошто ги брани своите дечки, ама сношти претера, дури ми се слоши. :x
    Она што го кажа за Чато беше толку субјективно и неточно, покажа и непочитување кон жирито, демек што знаете бе вие.
    Да му е страв на човек негативно да ги искритикува. |(

    Друго за Емина, многу притисок им прави на дечкиве, верувам дека им наредува за песните, сака да ги стави во свој калап.

    Ова со менторствово како поседници да ги направи на членовиве од жирито. Кој е мој, кој е твој. :^)

    **********************************************************************

    Фустанот од Емина беше многу провоцирачки, изгледа успеа во намерите сите да и зјапаат во градите. :tmi: Дури и татко ми се зачуди: каков е овој фустан бе. :lol:

    *********************************************************************

    Илма кога запеа, не беше тоа што беше. Како друг глас да беше... Сепак се покажа дека е дете и има уште време за неа, не требаше да ја пуштат.

    *********************************************************************

    Двете Александри ме изненадија негативно, како други жени да беа, толку беа стегнати, згрчени, испееја лошо и очекував некоја од нив да излезе.
    Кај Брковиќ се прашувам кај и избега тој моќен глас што го имаше ?
    А, кај Секулиќ таа самодоверба и кокетност. Претходно ја биваше на сцена барем, ама сношти ни на сцена, ни во пеење.

    *********************************************************************

    Жељко беше многу коректен со целокупното однесување. Многу се подобри човеков. :clap:

    ********************************************************************

    Снежана - катастрофална шминка, едно асално интервју не знае да направи... Немам зборови. :x
     
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.862
    Допаѓања:
    23.747
    Пол:
    Женски
    Не ме држи срцево а да не прокоментирам бе!
    Александра Секулиќ заслужено испадна!Знае да пее,не дека не но,има просечен глас,и има милион како неа и на балканот и понастрана има слични речиси и исти гласови како неа!За разлика од неа Александра Брковиќ има специфичен глас,не толку чест во музичките води и не само тоа знае да пее!Специфична е и во изглед,и во ставовите во нејзиниот живот и емотивна,скромна особа е!Што уште да се бара?Можда ке си створи кариера и ке пее песни складни со нејзиниот глас,па никој друг нема да може да ги испее.Не е некоја лепотица,ама како што реков има специфични карактеристики.А и зар вреди заради Александа Секулиќ која беше испадната да се елиминираат други?Штом веќе била испадната значи дека таму би требало да и биде местото,а не поради неа да испаѓаат други квалитетни пејачи!Но ете денеска си се врати таму каде што требаше да си остане!
    Тамара Милановиќ ми е фаворит.Има прејак вокал,ангелски глас.Но нешто ми се вообрази многу овие неколку лајва!Убаво си кажа Жељко „Како да не те интересира што ние мислиме“.Иако кажа таа на шала во право беше дека x-factor прави чудовиште од неа!Ама ако јас верувам во неа,ке ни се врати Тамара од аудициите!
    Лукијан толку убаво ја испеа песната „Све моје зоре“,толкава емоција внесе,ненормално добро испеа.Неговиот најдобар настап беше во третиот лајв.Вчера и не ми беше нешто нај,нај.
    Незнам зошто толку го осудувате Харис мене баш ми се свиѓа,пријатен ми е.За џабе не стигнал таму кај што е.
    Алекса Перовиќ ми е најодвратниот од сите таму!Неможам да опишам колку изгледа дигнато |( Ке биде он балканскиот Џастин Бибер,прославен од убавината,не од што знае да пее!Убаво му кажа еднаш Емина „Мислиш дека шармот е најважен...“
    Доктори ми беа интересни,имав неубаво мислење за нив,но ми се смени на позитивно после вчерашниот настап!Само ви се молим не ги споредувајте со Ван Дирекшн,бидејќи Хари,Луис,Зејн,Лиам и Ниал можат само вода да им носат на Доктори. 8)
    Маид досега е најпозитивен на сцената.Има длабок глас и многу добро се справува со него!Еден од омилените ми е!
    Илма има јак вокал,навистина добра пејачка е.Но има 13 години.Во пубертетот којзнае колку ке и се смени гласиштето.Требаше да ја остават неа за наредна година.Сега да им се даде шанса на позрелите да успеат!

    Од жирито најреално оценува Кристина,Емина рове цело време,Кики незаинтересиран потполно,Жељко незаинтересирано,расистичко идиотиште!

    Поздрав!
     
  10. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    824
    Епа Дарко Димитров ја продал низ Балканов една песна на којзнае колку души
     
  11. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.252
    Допаѓања:
    91.906
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да ви ги кажам моите мислења за сите од синоќа :)
    Даниел - не го коментира,се најдобро за него
    Александра Б-Ми е меѓу омилените,ми има специфичен глас,свој стил мило ми е што остана !
    Алекса -Големо дете што не знае да се понаша како изгубен ми е... а има вокални способности
    Александра С -Кажав и поназад во темата,ми личи на Александра Пилева,на Дани,добра е но не за во Х Фактор има премногу што се 1000пати подобри од неа,и навивав за да излезе
    ДокториСите ми се срцки ги обожава ама некако ми се бледа копија на One Direction ми се допаѓа тоа што во песните што ги пеат сите учествуваат т.е сите пеат по некое делче
    Илма Значи толку многу ми е антипатично оваа девојче што не можам да го гледам.Има талент да но нема никакво понашање.Се замислува како да е веќе ѕвезда со нејзините коментари со тоа што го кажува,мислам дека треба да поработи на одесувањето нејзино а потоа на се друго ...
    Маид Да го слушаш да не го гледаш :D Убаво пее преубаво и навистина мислам дека е конкуренција,кога ќе го слушнам како зборува и како ги оптега зборовите ми се :puke: али како пее и колку зрел машки глас има алал да му е :lol:
    Харис СТРАШНО во секоја смисла на зборот.Па уште во една емисија кога го слушнав што зборува т.е што кажа.Водителот му вели као демек кога го слушнал на аудицијата помислил дека плаче,таков некако му бил гласот и овој вели : ЛОЛ лелле коа го слушнав уште толку ми се згади од него ... Во пубертет е детето и гласот многу му мутира така да ...
    4U Грев ми е што Вања западна со овие во група ,тешко неа :D Синоќа ми беа катастрофални ја рецитираа песната не ја пееа -.-
    Тамара Ми е меѓу омилените со нејзиното пеење посебно мислам дека синоќа беше нејзнина вечер преубаво испеа,само и таа треба да поработи на нејзиното однесување пред камери да не делува како изгубен Германец :D
    Лукијан-се чудам како го обожавате бе ... абе катастрофаааа ! Како збунет ми е само се врти никако не ми реагира па и синоќа ја упропасти пената искрено мислев дека ќе остане во дуел тој ...

    Жељко ми е оргинален т.е најреален во неговите критики ,Емина ми е лигуш невиден ... Кики почна да зборува малку повеќе добро е и тоа ,Кристина ми е омилена од жирито и неа нема да ја коментирам :)
    Ана ми е добра водителка но за Славко сеуште тагувам што го нема [​IMG]
    Снежана и Уна ме нервираат сакат да се направат премногу интересни но не баш им успева ...

    Оваа се моите мислења оваа финална вечер !
     
  12. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    :o Испаднала Александра С. ;(
    Даниел-Прекрасно како и секогаш,ја промени песната целосно.Оригинално .....од 1-10..чиста 10 .
    Александра С.-Убаво пееше,само песната утната ептен.Искрено не заслужуваше да испадне според мене.
    Алекса-Па...онака.Гласаат за него пошто е убав. (но ,овој пат ми се допадна)
    Маид-Кога пее јас бегам од соба..толку дигнато створење не сум видела до сега .Пукнииии :@ :@ Ужас
    Харис-Детски глас,но супер испеа .
    Лукијан-Значи оној пат кога испеа,по 100 пати сум го слушала.Ама сега нешто не ме возбуди/воодушеви.
    Тамара-Многу арогантна се покажа на почетокот ,но сега се надмина себе.ПРЕКРАСНО
    Александра Б.-Прекрасно пее,ама од настинката гласот многу пречеше..
    4U-Мој фаворит,ја пееја мојата омилена песна.. :clap: :clap: :clap:
    Доктори-Не беа лоши
    Илма-Супер беше девојчето,се насекира ама тоа е се случува
    Фаворити ми е Даниел и 4U
     
  13. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    11.758
    На Someonespecial и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Oде Секулиќ-ка. Се надевам пораат и по-friendly ќе биде темава сега. :D Tуку ај да си оставам мислење како верен гледач на чудово за синоќа.

    Доктори: Ме одушевија. Дури од многу аспекти можам да кажам дека беа најдобри. Море најдобри и беа. Настап, глас, кореографија, шаренило, младост и веселост на сцена. Ќе заборавев, и гласовите им беа супер усогласени. Сите пееја, сите дадоа свој печат на настапот. Ми раздвижија крвоток дефинитивно.

    4U: Не ми се допаднаа. Како друга песна да слушав.

    Даниел: Не знам дали избра песна која е голем предизвик па не можев да слушнам тоа што очекував да слушнам од него... веројатно тоа е.

    Алекса: Ништо посебно ... се гледа изгледот најмногу му прави услуга да продолжи понатаму.

    Маид: Маид како Маид, пренагласен и во глас и во настап и во она светкаво сако. Едноставно Маид. Многу му пререкуваат за „драмата“ мене баш таа ми го прави препознатлив и различен. Човекот секогаш убаво пее па нема ни да коментирам понатаму. Колку и да ми оди на нерви, слаба сум на луѓе кои веруваат во своите квалитети а мнозинството ги гледа како препотентни. Ми има нешто интересно во таквите луѓе. А и убаво си рече самиот: „Ако на 29 години не се познаваш себеси...“

    Александра Секулиќ: Жал ми е што испадна затоа што далеку беше од најлоша вечерта. И жирито и` замери на сексапилот, а кутрата, само Илма беше позатворено облечена од неа. И ракави пуштени и деколте стеснето и коса собрана па ете, пак беше дама. Тоа што го има го носи во главата и затоа и се рефлектира врз изгледот, без разлика што и да облече.
    Се согласувам со Жељко, на првиот настап испеа и настапи воопшто подобро од Брковиќ, а во песната спас беше за нијанса полоша. Но тоа е, не смееше да дојде до ситуација да се натпреварува со Брковиќ. Ретко кој би го преживеал тоа. Но како достоинствено си рече на крај „Па ко је бољи, бољи је, сад...“ и не знам дали после тоа остана уште некој кој мисли дека била препотентна и самобендисана. Добро се покажа. Како последна анализа, оваа малку подолга но добро...

    Александра Брковиќ: На почеток се гледаше дека си има некоја мака, но потоа бргу-бргу се врати во колосек. Добар глас во сите ситуации победува и излегува на површина. Стајлингот комплетен, од облека до фризура беше супер. Во песната за спас се покажа и кулминираше синоќа.

    Тамара: Оди на нерви искрено. Некогаш пее некогаш не пее како што треба. Треба да си постојан ако си веќе ѕвезда.

    Илма: Мораше еднаш да има и неславен лајв што да се прави. Не ми се допадна. Барем не викаше толку. А оние додатнине коментари на коментарите на жирито ме извадија од кожа. Се убедува со нив дека не било до неа. Па ваљда они знаат бе мала.

    Харис: Браво за дечково. Ни повреда, ни години ни ништо не му е изговор. Капа му симнувам на однесување, духовитост, пријатен муабет, а и за пеењето, нема што.

    Лукијан: Тоталка ме разочара. Што му се деси, минатата недела наежи цел Балкан шо се вели а сега... ? Толку убава песна му дадоа...

    Нејсе, ептен ми падна жал за Кики. Најтешката одлука досега жирито што можело да ја донесе од boot камповите навака. Од двајца свои една да бираш...
     
  15. perihan

    perihan Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Даниел Кајмаковски најдобар :inlove:
     
  16. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Е да си кажам и јас мислење за вчера..Што сакате зборувајте за Емина,ама како ментор мислам дека е прав борец за групата,не дозволува ниеден член од нејзината група да биде навреден и тоа ми се допаѓа... :) Тоа што е лигава тоа е друго

    Најпрвин мило ми е што летна Александра С...Џабе и беше чепатењето на сцена и шлицот..Глас треба бе чупее :)


    Илма вчера нависитина ја претера,фати фалш фати ок здравје ама не ги остави овие од жирито да дојдат до збор..Готова беше да почне да плаче а и ако испадне на бина ќе пишти ке се прај резил пред сите...Не е ова шоу за неа :)Иначе добро што овој пат и дале песна како за нејзина возраст

    Харис- ок ми испеа детето..Мене лично ми се допаѓа :)

    4U-Супер беа сите :inlove:

    Тамара-нејзинииот настап навистина ми се допадна и башш би сакала да победи...На место си е девојката,знае дека треба глас за шоуво,прибрана си е,прикладно се облекува немам зборови прекрасна е :inlove:

    Инаку мислам дека во следниот лајв ќе испадне Бркович :)

    За гостите...Розга малку со првиот фустан го претера сака да се направи нешто посебно ама преглупо беше облечена како најлон да носи...Иначе јас и ги сакам песните што ги пееше со Магазин овие новиве и се срање..Дорис Драгович не ми беше баш ништо посебно како спавача да носеше
     
  17. Mosquiita

    Mosquiita Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    663
    Која и да сакала песна да им ја даде да својте кандидатие веќе Даниел ја земал... Песните што ги пеат нејзините кандидати од Тропико Бенд,Дино Мерлин немаат никаква врска со оние кој ги изведуваше Даниел :D ... Зарем оди од крајност во крајност кога бира песни ?
     
  18. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Па, да си кажам и јас што мислам. :D
    Даниел Кајмакоски- мислам која песна да му ја дадат ќе ја испее перфектно! Најдобар е од сите! :l:
    Маид Хечимовиќ- е, вчера ко од К-15 да искочил со тоа палтото, светкаво л`шти! :D Не ми се допаѓа баш како пее. Се сложувам со коментарот на Кристина Ковач што го кажа вчера за него. Само чекам да му дадат англиска песна да испее, можеби тогаш ќе го сменам мислењето, но во врска со неговата самоувереност тоа нема да го сменам. [​IMG]
    Лукијан Ивановиќ- не знам што добро гледаат некои во него! Па човекот не е ништо посебно, вчера мислам дека му беше еден од најлошите настапи (мислам, до сега не ми се допаднал ниту еден).
    Алекса Перовиќ- вака, мене ми се допаѓа момаков :D Ама, не сум ко некои девојчиња што паѓаат во транс по него, и да убаво пее, ми се допаѓа. :up:
    Харис Чато- фино испеа, не е толку лош. Само дали добро слушнав, одкога дошол се извишил 12 cm ? :^) Мислам дека нема шанси. Добро испеа..
    4U- јас веќе не можам да ја смислам Катарина, девојката можеби не ни пушта глас, само со микрофонот се шета. Мислам дека најдобра е Вања од цела група. Песната ми се допадна и онака солидно ја испеаа.
    Доктори- песната им беше одлична и одлично ја изведоа, многу ми се допаднаа. :D
    Илма Карахмет- песната не беше ништо посебно, во врска со изведбата не беше лошо.
    Тамара Милановиќ- супер беше песната и убаво испеа, немам некоја посебна замерка. :)
    Александра Брковиќ- се сложувам со коментарот на Жељко што го кажа вчера, гласот како да и беше „престегнат“. Меѓутоа убаво испеа, има некој специфичен глас.
    Александра Секулиќ- не беше толку лоша, ама ете испадна. :D
    И само да кажам, ако некој не се сложува со моите мислења, не мора да почнува расправија, јас само кажувам мое мислење и не сакам да се карам со никого. :wasntme:
     
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    А мене не ми е јасно зашто се чудите за Емина?Па тоа е нејзин каприц да победи некој од нејзината група,и ништо чудно и да се деси :) Ако ги пратите на Фб ќр видите кој лупа слики цело време,и кој вели на сите страни Кај мене е победникот.Сто слики има со нејзините 3ца мускетари ,а и реално пример 3000е е смешка за нејзе да ги троши неделно заангаќирајќи луѓе да гласаат.Мислите дека НЕ? :) ХАХА,абе богаташки каприц.А највеќе пуца накај Алекса.....Мислам дека и е омилен.Абе кај има пара нема правдинс.Не дека е наш ама Даниел е комплетниот Х фактор,а на базљ на квалитетен глас Илма.Колку и да ми е антипатикус талентот и е неоспорен,ама само со талент не си комплетен Х фактор.... Се надевам еднаш ќе не стигне правдината и
    р победи реално тој што е најдобар-
     
  20. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Баш ми е жал што отпадна Александра
    Девојката можеби нема толку моќен глас ама има неверојатна харизма.

    Инаку вчера Јелена Розга имаше провокативен настап, па никој не ја нарече спонзоруша како што тоа беше случај со Александра минатата недела


    п.с. Не е важно кој ќе победи, туку е многу поважно кој како ќе ја гради својата кариера после ова шоу.
    Колку за потсетување и Ана Бебиќ не победи на Операција триумф ама затоа направи кариера како никој од тоа шоу.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.