Видете ја Бркович каква фризура фурала, а и стајлинг катастрофа.. http://www.youtube.com/watch?v=3-J9O4e4QGg А еве ги пак Лана и Алекса, на Први глас Србије. Алекса турбофолкер, не ми се верува што пее, а сега ќе ми глуми латино заводник http://www.youtube.com/watch?v=ZFfamoRnnDQ http://www.youtube.com/watch?v=BEHRFd0mrMI
Не сте ми јасни навистина.На другарка ми братучетка нејзина,средношкола,прва година и пратила 15 пораки за Даниел и 15 порааки за Алекса. Да плачам или да се смеам? Секако дека ке прави кој што сака ама ова е веке и за плачење и за смеење.Вкупно 30 пораки,по 50 ден. колку пари се тоа? И уште лудува по нив,а тие нит ја знаат,нит им е гајле за неа.Ако веке толку имате пари за давање дајте на сиромашни,на деца без родители,а не да се прават такви глупости.
Немој бе, така, како не и` беше срам дури и шлиц имаше ... убаво што испадна, аман, како што рече и самата „Изгледот во животот повеќе ми одгмогнувал одошто помагал.“ Дури и во вчерашниот фустан и нежна шминка и собрана коса успеаја да најдат провокативност па дури и настапот во поглед на глас не и` беше доволно вреднуван поради тоа според мене. Испеа многу попрецизно и без фалш од други од кои очекував многу повеќе од тој аспект, пример. Според мене, ако одиме за настап, да, требаше да испадне, но во првиот лајв во кој се појави. Харизмата ќе си ја искористи на овој или на оној начин. Како што рече некој погоре, со прав избор на песни, може далеку да дотурка. Прво беше Перчоли, па Александра, баш ме интересира кој ќе биде следниот не толку пожелен, и дали пак ќе биде некој од оние кои мене ми се допаѓаат како изведувачи.
Вчера сме испишале околу 50 страници тука. Живот слабо, м? Не знам која харизма ја има Александра толку па сте запнале харизма, па харизма. Синоќа испеа колку да се рече дека пеела, немаше никакви емоции, никаква енергија... Стварно ништо немаше во неа, Ж убаво и рече. Овој Алекса значи, смеење само ми предизвикува. Латино заводник, хах, не знае да мрдне, залепил некој мутав осмех на фацата и заводник е.
http://www.youtube.com/watch?v=VgK3N4VHVYA Ова се вика настап. БРАВО За Јелена п.с. погледнете го изразот на Емина кога почнува да паѓа вода
Тоа мене најчудно ми е. Кога веќе се промовираш на тој начин, барем 2-3 спота изгледај колку да се потсетиш, латино пејачите баеги жар на сцена оставаат, па плес па ова, па она... јес да му личи на гласот, фино пее, без нагласен акцент, ама ...
Леле овие 4U не можам да ги гледам значи, нека си сјодат другиот вторник, кој ги гласа не знам јас...
Што ви кажав јас не ме излажала сношти интуицијата,за следната семисија мислам можеби ќе испадни Харис Ч. 4U или Александра Б. Тоа го предчуствувам. Доктори ќе одат до финале тоа е сигурно.. Даниел и Маид се сигурни барем за до четири наредни емисии..Ако не одат и двата во финалел Ликјан е добар пејач и ќе истурка до некаде,ама Алекса ќе истурка повеќе заради харизмата Илма,Тамара за нив незбаш ама наредните 4 ем. мислам се сигурни,а и во финале можат да стигант,двете се изврсни. Овие се моите предпоставки
Не знам дали е до мене, ама поготово откако почна да и` паѓа дождот на Јелена, ми наликува на Сара Џесика Паркер. Ааа, значи оваа била таа Дорис, што цело време ко мала, и` ја слушав таа дискетата. Гледам позната ми е песната, а пеачката не. Мислам дека плава беше дискетата. Инаку јас бев за да излезе Брковиќ, ама ете... Можеби ако пак во наредниве се најде во песна-спас, конечно ќе си оди дома.
Ајде и јас да искоментирав за вчера. Даниел-ах, што да кажам,предобар беше.И изгледот и пеењето и сценскиот настап,се беше одлично. Александра Брковиќ-Ми се допадна,песната мислам дека и лежеше,онака забавна.Кај нејзе ми пречат оние фаците и движењата што ги прави,но ајде тоа не е толку важно. Aлекса-Супер беше,овој настап му беше според мене подобар од претходниот од причина што ваквите песни најмногу му одговараат. Маид-Добар беше,иако мислам дека песни како таа на минатиот лајв што ја пееше се повеќе за него.Инаку,добар настап,само тоа светкавото одело ми бодеше очи. Илма-За нејзе го имам истото мислење како за Даниел Лукијан-Песната мене не ми се свиѓа многу,но Лукијан ми се допадна како ја испеа. Харис-Симпатично дете,фино пееше.Песната ми беше малку досадна,инаку се друго беше добро. 4U-Катерина пак не запеа. Мене ми беа супер,песната одличен погодок. Доктори-Овојпат беа феноменални,се си беше на место. Тамара-Ова го чекав. Одлична беше,но и преубаво изгледаше овојпат,за разлика од претходно. Александра Секулиќ-Девојкава нема некој вау глас но има харизма,добар изглед и владееше со сцената.Мислам дека сепак не требаше таа да испадне. Друго,изгледот на водителките беше лош.На Снеже очите и беа,хм да не претерам,ама ужас. Плавушата ми изгледаше како да заборавила витлер во косата.
Што прави будала која нема работа? Текст на шпицата на Х стар. Спојлер Х СТАР Добар дан. Где гледам? Ја сам један четри нула два долазим из Земуна, музиком се бавим од кад сам се родила и кажу да сам прво запевала па проходила. Као птица лане моје, свртиш у круг на мом длану пиле моје миле сањам да си ту. Колена, ми клецају јер није љубав ствар. Тело вртено, дал она зна нисам ја супермен ја сам твој икс стар. Четри „НЕ“ !? Монитори вам је тако ја ништо ни сам јела до шо сам била болесна ја нако нисам могло хтела. Не, нису то сузе нешто ми упало у око, ма сви сте ви ментоlи, фали ви мароко. Када снимим нови албум нечу живити са бабооом. (бабоом, бабооом) Када снимим нови албум нечу живити са бабооом. (бабоом, бабооом) Брзиот дел не е така ама ај...
Ама организацијата на шоуто им е катастрофа, на тој буџет што го имаат не можат организацијата да ја постават на задоволително ниво. На Доктори матрицата скока, кај Илма технички проблеми, водител прифаќаат еден па го мењаат, на некои настапи матрицата ептен нечујна едвај се слуша, па повишуваат па пак намалуваат.. Катастрофа од технички аспект. Има музички шоуа со трипати помал буџет, па многу подобро организирани. Следно очекувам некој сценски реквизит или рефлектори да паднат по глава на некој натпреварувач, уште тоа не сме виделе, а и нема многу да ме зачуди со оглед на сите пропусти.
Јас повеќе бев за Секулиќ да испадне, можеби има харизма и добро изгледа но според мене Брковиќ има многу подобри вокални способности и далеку подобро пее
не го гледав шоуто,ке може некој да ми каже Кики за кого гласаше да испадне? И што се случило на настапот на Илма?
Кики гласаше да испадне Александра С. А на Илма и испадна слушалката од уше и кутрата се здрви, тоа се вика неискуство
Секулич иако добро знаете дека не ја мирисам многу, сепак морам да и честитам на тоа колку стоечки го поднесе поразот. Да беше било кој друг ќе се правеа драми а тоа е нешто кое што најмногу ме иритира во ваквите шоуа, за разлика од сите останати таа мирно си прифати дека до тука можела да иде, свесна е дека нема некои големи квалитети, си кажа фино дека реално Бркович е подобра од нејзе и честита, си замина насмеана, што секако е за пофалба, ако некој сака да се занимава со оваа работа треба да е професионалец како неа, навистина ме изненадува позитивно со нејзиниот став ама што се однесува на другото и понатаму си стојам зад тоа дека не е некој талент и дека ни до овде не требаше да дојде. Бркович никогаш не ми била симпатична ниту пак пријатна за слушање. Ја искасапи вчера песната, толку чудно пее што неможам ни да го разберам текстот, сето тоа многу лошо звучи, не и го негирам талентот ама мора да поработи на техниката. Даниел, го гледав прееска видеото и морам да признаам дека секогаш на снимката ми е подобар отколку на настапот, знам дека е едното исто ама мене тогаш подобро ми звучи. Она што секоја недела ме фасцинира е што секогаш успева песната да ја донесе на свој начин и воопшто да не звучи како оргиналот. Си ја пее како тој што си замислил во глава, си додава некои негови украси и воопшто не делува дека сака да ја симне правата верзија на песната или пак да имитира некој. Навистина е за почитување тоа. Докторите за разлика од оние кокошките 4U многу ми се допаднаа. Некако интересни ми стануваат,позитивни се, се гледа дека нема некоја нетрпеливост помеѓу нив, може не се најдобри ама се гледа дека се трудат и искрено ако во почетокот бев индиферентна спрема нив со текот на лајвовите се повеќе ми се допаѓаат. За овие девојкиве 3U би требало да се викаат зошто оваа не пее. Некој пиша предходно дека можеби не е таа крива затоа што сепак менторот одлучува кој колку ќе пее и дали воопшто ќе пее. Некако почнувам да и ја препишувам грешката на Кристина, настрана фактот што Катерина е крајно препотентно и иритантно суштество и искрено се надевам дека во следната емисија и они ќе си заминат дома. За овие на Емина доволно кажав вчера, да не се повторувам. И една ОГРОМНА замерка оди до продукцијата. Може некои од нив и не се толку лоши колку што им се лоши матриците, па уште со тие бек вокали, еве пример вчера мислам дека на Даниел не му ја погодија баш, некако беше прегласна. Мониторингот исто лош. Во глобала сета вина за оваа шоу ја наоѓам во продукцијата, прво заради изборот на судии па тука произлегува и лош избор на кандидати па се до тоа како изгледа една лајв емисија. За стајлингот и шминката да не почнувам, мислам дека на сите ни е јасно колку се очајни. Водителите - без коментар. Во иднина повеќе нека поработат на тоа, се надевам дека следната сезона ќе е подобро организирана.
Во право си за ова. Ме нервирале во двобоиве откако ќе се одлучи кој останува а кој си оди, па дее мајку му можеш со другиот да се поздравиш ако веќе не ти дава душата да честиташ, да пуштиш една рака, нема да се скршиш. Дури помислував дека од продукцијата ги брзаат да не се задржуваат на сцена. Фино, фино се испонаша. Додуша, кога веќе збориме за колегијалност, си беше она таква цело време.