Еве ме и мене за вчерашната епизода 4U, најдобриот настап до сега. А ако вминателно слушате, ќе ја слушнете и како Кача пее соло На неколку делови во песната, после строфите изговара нешто Тамара, без зборови останав, баш дојде како шлаг на тортата.. Александра Бркович, и јас ќе се сложам со коментарот на Жељко, дека не можеше баш убаво да ја испее песната.. Александра Секулич, малку не ми се допадна изборот на песната -Браво за Емина која после 4 лајвова успева ниеден од нејзините момци да биде во последните двајца -Многу технички грешки во 4 лајв.. -Тие двете танчерки со кратките коси ама буквално беа во секој настап на кандидатите каде што се играше или мене така ми се чини
Даниел прв и најдобар, немам коментар најубаво испеа и има светски талент. Не ми се допадна тоа што настапуваше прв, јас цел х фактор го гледам за него и за тамара а за останатите не ми е толку битно да видам дали ќе испеат убаво или не, но сепак има некој кој ќе изненаде како минатиот пат Лукијан Тамара исто така мене ми се допадна многу како испеаа синоќа, има многу трема но се надевам дека ќе успее да ја совлада и да не се тресе така на сцена. Слушнав нешто таа не требало да настапува последна туку требало да настапува кога настапуваше Харис но тогаш таа плачела па затоа ја ставиле последна а Харис пеел на нејзино место, дали е вистина незнам 4U имаа добар настап синоќа, мене ми беше најдобар до сега. Ме изнервира тоа што Емина прекоментира дека на сцена не сака настап со стартки, па што има лошо во тоа тие се се уште аматери и не се професионални пејачки, минатиот пат Алекса носеше бели панталони бело сако и сиви стартки па никој не прекоментира за неговите стартки па сега Емина најде за тоа да коментира. Доктори одлични беа синоќа. Маид - супер избор на песна и ми се допадна тоа што минатиот настап му беше многу енергичен а сега покажа дека може и друго нешто, и така треба а не посотојано едно исто што знаеме дека веќе знае да го пее. Илма испеа добро, не беше убаво тоа што имаше мал технички проблем на крајот и кога кажуваше малку и фалеше да се расплачи. Иако има 13 години треба да се научи да го издржи тоа и да не плаче одма, во шоуто не треба уште една Емина Јахович. Александра Б. не испеа толку добро, гласот и беше малку фанат но сепак знаеме од предхнодните настапи дека таа има убав глас и мило ми е што остана таа. Харис добро ќе беше тој синоќа да си замине бидејќе не испеаа убаво. И на што личи Дино Мерлин на х фактор да го пеат, добро искоментира Криситна или кој беше ова не е кафана ова е шоу. И Лукијан синоќа не испеја убаво. Минатиот пат беше мноогу подобро и песната му лежеше многу подобро, исто така и Алекса не пееше убаво, него многу го форсира Емина. Добро е што испадна Александра С. не пееше убаво уште од самиот почеток. Нема да ме чуди ако победи некој од групата на Емина. Во нејзината група нема некој кандидат кој има феноменален глас но сепак таа ги форсира многу и нема да му биде никаков проблем на нејзиниот сопруг милионерот Мустафа да испраќа пораки и пораки за да победи Алекса или Лукијан, за Харис се надевам во наредните лајф шоуа ќе испадни. Минатата недела незнам ни јас колку пати го изгледав настапите на Лукијан и на Даниел, Лукијан посебно ме изнанади. Оваа недела Даниел ќе си го прегледувам по 7/8 пати на ден. Најубав настап имаше тој! http://www.youtube.com/watch?v=_lrSTud6EK4
Нема да ги рангирам. Live 1 Најдобри: -Илма -Даниел Live 2 Најдобри: -Александра Б. -Доктори -Илма -Даниел Live 3 -Илма -Тамара -Даниел -Маид Live 4 -Тамара -Даниел -Илма -Доктори -4U Вака некако...
Дефинитивно требаше Брковиќ да испадне, не дека лошо пее ама напорна и досадна е за слушање, а Секулиќ ми е ептен мила и шармантна и попријатен глас има. Како и да е, Брковиќ лета во следното 100 % гарантирам. На крај во топ 5 гарант ќе останат Маид, Даниел, Илма, Алекса и Тамара.
Не е фер овој Чато сеуште се натпреварува а некои други си одат,кои се подобри од него. Двете девојки кои останаа во дуел ми беа мили, А.Брковиќ е далеку подобар вокал од Секулиќ. Не ги сакам фор ју само затоа што Катерина не се истакнува воопшто изгледа е ставена само за лепота во групата. Илма ми е многу детска тоа и се покажа по нејзината реакција,што не е својствено за нејзините години..добро можеби тоа докажува дека не е дорасната за вакво шоу,а и многу се дигна бе. Фаворит еден и единствен нашата гордост- Даниел!Алекса и Лукијан ми се многу здрвени на сцена,а нашиот го бива и да заигра и се,иако некои го хејтаат дека незнаел како пред камера.Мислам стварно Истото и за Тамара важи,убава е знае да пее ама нема стас..многу потресена,збуенета и поради тоа и не ја обожавам. Менторите особено Емина и Жељко секоја чест Кој што сака да нека рече за Емина ма она е супер.Секогаш ги бодри не само своите кандидати туку и према сите е пријателски настроена,позитивна и премногу убава.Исто и Жељко одсекогаш сум го сакала човеков и не за џабе. Од водителките Ана е преслатка а Снежана е промашај..фујј
Еве ме и мене накратко да напишам за вчера На Даниел ова му беше најдобар настап досега според мене. Нема нешто што не може супер да го испее, ама ваков тип на песни баш најмногу му лежат. Има дефинитивно светски талент, за класа е подобар од сите останати. Докторите ми беа ептен симпатични вчера, супер избор на песна и многу им беше весел настапот. Алекса исто ми е ок, му лежат ептен овие шпанскиве, ме густа.. Лукијан е стварно некако здрвен на сцена, и претходниот пат многу подобро испеа. Тамара беше добра овојпат, ѝ одговараат вакви песни и супер испеа. За Александрите си кажав, мислам дека Брковиќ е подобра и заслужено остана вчера. Харис... мислам дека стварно му е време да лета, најслаб е од сите што останаа. И така... на рипит ми се настапиве, особено на Даниел... http://www.youtube.com/watch?v=_lrSTud6EK4 http://www.youtube.com/watch?v=Ub2-trPIj0o
Незнам само што ти прават 4U... Си ги видела некогаш?Те виделе тие тебе? АААА да и кога прашубаш кој гласа за нив,ќе ти кажам ЈАС!
Јас пак ќе се обидам да дадам еден краток коментар за сите. Даниел ..Наш, океј мене ми е чоекот, добар пејач то е докажано, мене претходните настапи ми беа подобри, вчера ми беше просечен, за убајна ќе речам не ми е толку убав, можи има некоја харизма, ама мене не ми е нешто посебно убав. Океј како и сите други момци во шоуво. Скромен, то најмногу ми се бендисва. Александра Бркович ..Типката ми е ок да речам, двапати се спасва во шоуво, мислам дека наскоро ќе си оди, ко ќе пеј јас некогаш и не ја разбирам шо пеј буквално. Немам нешто коментар за девојчево поќе. Алекса ..Алекса е најубав во шоуто, според мене, можи некогаш врви на убајна и се друго, ама да не беше добар вокал, сигурно немаше да стигни дотука, со шпанската песна ги фасцинира сите, и сите очекуваја нешто поќе од него, Алекса мене ми е створен за балади, одлично му лежи та врста на музика. Се надевам дека во наредно шоу ќе го видам со песна од Сергеј Четкoвич. Има преуба насмевка, и стварно ептен е шармантен, се надевам дека конечно ќе пронајди песна шо стварно ќе му одговара. Доктори ..Ах овие групите, ахх од такт ме вадат, не ми прат ќеф ама ич, но искрена да бидам вчера со изведбата на Happy бев стварно воодушевена преубо се претставија. Нема ништо поќе да коментирам, не ми се нешто посебно во споредба со другите, зашто стварно не е фер некој сам да се мачи, за разлика од нив 5 души. Опасни се овие Докторите за сите соло пејачи. Илма ..Илмето, ахх дете во пубертет, неискусно, добар вокал пред се, вчера готова беше да се расплачи ко му падна слушалката од уво, е то ти е неискусно, јас искрено не ја поднесвам. И не ми е ни за финале а нити па за победа. Маид ..На дечково страшно добро му лежат песните од Здравко Чолич, и ептен сум фасцинирана од неговите прва изведба, Пишачу јој писма дуга, кој патем преубо ја испеа, предобар сценски настап, дечково ми има се шо треба да има еден победник да бидам искрена. Мене ми е ептен интересен и сасвим океј. 4U ...Не ги можам, не ги можам и не ги можам.. Добро бе како опстојват во шоуто? Мене стварно не ми е јасно, Вања му е најдобра во групата, и тука можам да кажам дека и Лана е океј, другите категорично Не. Не за Катаринчето кој патем е барбиче за само на сцена. Ужас, набрзо си одат осеќам. Лукијан ..Мене дечково ми изгледа ко тотално да е мрза во живото. Некогаш ко ќе го гледам на интервју ми е ок, некогаш ко да му е мака да зборва али ми е малку симпатичен така. За вокал, предобар е. Све моје зоре и Лејди му беа предобри изведби. За вчера ми беше просечен, онака. Харис Чато ...Ајј жутото пиленцее, колку сум се смеела само Детево почна страшно да ме иритира значи и не знам зошто, вчера настапот му беше катастрофа, ама буквално катастрофа ја испеа песната. Единствен е откај Емина шо страшно ме иритира. И мислам дека набрзо бај бај. Тамара ...Немам баш некое посебно мислење за оваја, не ме фасцинирала никогаш. Ми се бендиса првиот настап нејзин Додирни ми колена многу ми беше добра тогаш. И зошто не ми е јасно морало на секој настап Хвала и липа ко крава Чупо соземи се жити се голема си. Типувам дека ќе останат Даниел, Маид, Лукијан, Алекса, Тамара, Илма. Е тогаш ќе биди стварно жустро, и ептен ќе биди јако
Ок девојче, никој ништо не те праша. Ади си даде мислење, има право на тоа, тоа е нејзино мислење и нема ти што да реплицираш со негативност и одбивност. Фала чао.
Готово умрев! Се преродив 3 пати по ред, додека 3 пати едно по друго го гледам Славко! Абе како да не се расположиш и насмееш, е алал да му е! НЕМОЖАМ! http://www.youtube.com/watch?v=d5Amj1hZK_U Случајно ми текна додека размислував кој како помина на првата аудиција, леле кога ми текна на шоуто шо Славе го приреди, посебно од 2.06 минута, срце ми је искочило људи!! Ако сте даун, или нерасположени, ве поздравувам со машката Бијонсе - Славко. Одам сега да си симнам некој амерички х фактор, осеќам ќе се помочам вечерва.
Секулич испадна-ми олесна, уште Чато да испадне Инаку 3от лајф ми беа сите некако многу подобри од вчера. Даниел ми се свиѓа како испеа на свој начин, Тамара исто беше многу добра и Доктори мн ми беа весли и супер испеаја. 4U вчера најдобар настап досега, посебно Вања- алал да и е како ги вади на секој лајф (без разлика на вчерашниот настап). таа девојка не треба да биде во група. Има преубав специфичен глас кој треба соло да го истакне. Вака и го покриваат у групава Се на се, не беше лоша вечер, меѓутоа и не нешто посебно. третиот лајф дефинитивно најдобар до сега .
Според мене, Тамара нема глас. Ја извика првата песна, и после излезе на површина нејзиниот "талент". На настапиве во живо е ужас, фалшира, пушта некои крици на краевите од стиховите, а и многу антипатична ми делува. Немањето вокални способности е проблемот кај неа, а не изборот на песни. Харис ужас такоџе. Детево наместо да се мачи со гласот, во пубертет влага, нека оди и игра фудбал, па после мутирање и потсозревање у главата нека се пријави. Го памтам како зелено се испонаша во куќите на судиите кога Емина му соопшти. Сам покажа дека е мал, незрел. Лукијан и Алекса во ист кош, кој помалку, кој повеќе, некои шмекери глумат. Вокално просек накај слабо. Се уфилмуваат со секој лајф настап, и мислам дека за жал се најопасни играчи за победник, не ради глас, и не толку ради мама драма Емина, туку ради девојченцава од 7-17 и нешто више што урлаат по нив. Илмица со Харис под рака и по дома. Вчера кога заврши со пеење, само си реков аман немој да плачеш, малава стварно незнае да се носи со критики и непредвидени настани, како оној вчера. Затоа се треба зрелост и години, да можеш да се износиш со се. Вокално не е лоша, високите тонови ги владее посебно. Маид ми е срцка, со се Даниел и Маја НОвакович се моите фаворити. Убаво и одговори на Уна вчера Маид дека не е самоувереност проблем, туку дека на 29 год логично е да си самоуверен и оформена личност. Сепак, од Даниел ми се двои зошто е шоумен за забави, и му лежи балканкиов стил и музика, инаку страшен е вокално, точен интонативно, убава боја на глас. Даниел, Даниел мил наш.Не дека е наш, ама посебна топлина и боја на глас има, незнам како да го објаснам неговто пеење и боја. Чист глас, интонативно точен, не го приметив да фалшира ниеднаш досега, и мислам дека повеќе му лежат странските песни, балкансково послабо. И на македонски послабо звучи само ради јазикот кој не му е легнат, исто и со српскиот, иначе нема нешто што нема да го испее. Многу емоции и енергија. Има и држење на сцена, не е држач статичен за микрофон како Алекса на пример.И ич не личи за 30 год бе, најличен е од сите . Доктори се ок, на вчерашниот лајф беа феноменални, девојкиве од 4U се далеку послаби. Сепак се групи, се покриваат и надополнуваат, ми нема рамноправност во такмичењево во овој поглед. Едно е 5 семејства да гласаат од старт друго е 4, а трето е едно. Бркович е квалитет, вода можат да и носат 50% од останатите, а мене многу и Секулич ми се свиѓаше. Тип на Алекса само во женска верзија. Глас просек и фин стас, ама кој е реален да ја направи таа споредба?! Ми се допаѓа односот на Даниел и Жељко, премногу го засака, само го фали, се гледа дека се бори и за Маид и Даниел, во негоиот тим беа најквалитетните вокали, само тоа пиленцата од широкиот аудиториум како Харис, Алекса, Тамара толку разбираат и толку слухот им служи. Инаку, мислам дека Н2О треба да останат група и да почнат двете сега после шоуво што поскоро со заедничка кариера. Имаат многу обожаватели и мислам ќе успеат заедно.
1:37 умрев од смеаааа со на Емина фаците и како та играаааа, хахахахахха. 1:44 Како Кристина рипна од стол, хахахахахахха Се акнав од смеа
Не знам дали некој/а го гледаше х стар синоќа....Тој беше снимен одма после лајвот. Едно огромно Браво за Александра С. На достоинствен начин, и без плачење и сл. некој сцени излезе на бината и даде интервју на Тулумбата (водителката со тулумба шишка ) Едно од прашањата беше Што ти донесе овај х фактор? и ја замоли да не и одговори како Тамара дека не знае. А таа тамара глупачата рече дека и донесе јафаа ресани... И тоа мртва ладна Па како мори краво една неблагодарна ресани? ..Шо демек немаш јадено ресани па требаше на х фактор да се пријавиш за да пробаш ресани...Лугето те гласаат за ти таму да ждериш ресани? Убаво и рече Жељко дека си се понаша како да не е на овој свет туку н некој друг...Страмота, па колку години има за така да одговори пред камера.. Исто така синоќа забележав дека има многу луѓе кои работат за тоа Х Фактор да изгледа онака како што изгледа..Но не ми е јасно како е можно секој лајв да се случи нешто...Дали ќе скока миксетата, натреварувачите и жирито не можат да се слушнат едни со други... Ај можи до финалето ќе се поправат
Си го сакам јас Даниел, ама повеќе од јасно е дека се претстави многу скромен и загреотичка, млад татко, бла бла , а нема врска од тоа. На овој Х Фактор, многумина се претставија со нивните жалосни животни стории. Да знаев и јас ќе се пријавев.