И јас истово го реков, незнам зошто му дозволиле на Раденов на ова шоу, ама ајде. Инаку јас досега не гледав српски икс фактор, и јас како реин само настапите кои ги испофалиле, ама после она сношти и Даниел обавезно гледам, само поради него. Браво, предобро нешто, од сношти го скапав гледање видеото, душичка. Гласиште има, а и каква контрола, страшно нешто, професионалец бе. Уште еднаш браво
Ми се допаѓа Даниел што е ем квалитетен ем скромен (барем делува така). Но, по мое, да бидеме реални, животот во Виена си го направил своето. Со самото тоа што не бирал работа, се борел како секој човек таму, а не како нечие дете, тоа ти е на еден начин долгорочно воспитување. Да се надеваме дека, откако ќе се врати во МКД (некаде прочитав дека планирал, wow ептен храбра одлука ако се прашувам јас со оглед на нашиот живот наспроти оној во Австрија), нема да му удри слава во глава и да го добие оној негативен гастербајтерски синдром и да почне да се филма. Затоа што во тој случај, се` ова што сега го гради би му било пропала инвестиција. Искрено не сакам да верувам во тоа, затоа што време е нашата мила Македонија да има естрадни личности кои со нозете стојат цврсто на земја. А ги има, но не се многу.
Не ми е фаворит Даниел дека е македонец само , туку е навистина комплетен , глас , изглед , однесување на сцена и позтивна енергија шири некако коа го глеа човек.И што е најважно скромен е. Се надевам ке остане таков. И фалеше ваков човек на Македонија дефинитивно. Само да не биде иста песна ко со Белов да го држат до финале за да гласаат македончиња само (само шо овој пее преубво за разлика од Белов што лично не го сакав ) Али за тоа рано е да се збори ќе видиме понатака А ме бендиса и оној Милош Бајат дечкото е многу позитивен и гласот му е ко оној од Nickleback
Раденов после толку гали и настапи секој понеделник на А1, концерти, свирки му се тресеше раката како да е почетник кој прв пат фаќа у рака микрофон? own: Најнегативно ме изненади, здрвен беше толку многу како да прв пат гледа микрофон и на сцена со појавува. Даниел е предобар, толку е самоуверн како да имал којзнае каква кариера и искуство пред ова, секоја чест, има звезда во него. И Австралијанката Лена ми беше одлична, ретко кој да ми ја испее Витни по вкус, посебно I will always love you. Мене ми се допаѓаше многу и дечкото од претходната епизода со капчето што пееше некоја џез-соул нумера, феноменлен ми беше, ма наежи ненормално. Одлични натпреварувачи има, јас не знам како ќе се одлучат за еден најдобар, стварно не знам.
Го гледав настапот на Иван Раденов и брат му.Здрвени беа, без емоција,без ништо.Па раката на Иван Очекував нешто подобро од него, по неговите настапи на Идол. Х фактор не е само добар глас да имаш,треба и шарм,изглед,харизма и да се покаже некоја емоција додека се настапува. А за Даниел се најдобро.Прекрасен беше и што е најважно тој нас не претставуваше и не претстави во најдобро светло.Ама оној Жељко не можам да го смислам,а и овој другиов судија Кики ли се викаше исто ме изнервира.Како може да не станат пред таков талент ?
Јас мислев дека овој е македонец и дека овие се неписмени. Не знаат како да напишат Неготино. Ама излезе дека јас сум неписмена, ради тоа што не знаев дека има таков град Неготин. http://www.youtube.com/watch?v=ZEpr4A-3bD4
како бе не го спомнафме ова фраерчево шо пееше турска песна леле се утепаф от смеење а па и цвикери мораше да стаи дали ја неможам да го најдам дали го нема незнам
Добро луѓе само мене ми се врти во глава гласот и песната од Даниел или на сите? Значи дефинитивно најдобриот кандидат според мене, тој е мој фаворит за оваа сезона!
Дечкиве со хип хопот Mouse Miles ми се фаворит од групите! од 1:40 до 2:40 што настапуваат. Прејаки се. http://www.youtube.com/watch?v=TeMmtLsxSWM
А дечконо од Кавадарци само за сеир да си гледа балканов го пуштија да оди по натаму многу ми беше смешен,ако на првиов настап беше малце во филм влезен можам да замислам што ќе прави на следниот.сигурно ќе се отепа од вежбање да прави пируети ко тој Сакис Рувис Снеже му стави филм во глава пак да се претстави со грчка песна,и тој одма секако секако да ги споиме двете знамиња А Жељко па и он ме насмеа Сакаш бе икс факторче
Каков БУМ направи Даниел. Сакам да победи, има глас, изглед, движење на сцена и некоја посебна енергија, харизма за разлика од Илма, Тамара... Тие први ми паѓаат на памет и мислам овие 3ца ќе бидат во топ 3. Со оглед на тоа што досега не сум слушнала да победи македонец на ваков тип натпревар, се надевам, верувам дека овој пат нема да биде така... Јас мислам дека Даниел ќе победи, фаворит ми е, се најдобро му посакувам. Абре како да не го сакаш, машко да напише онаков текст и музика како - Не се враќаш - од Каролинчето Како?? Лелеее јас ќе се заљубам, платонска љубов.
http://www.youtube.com/watch?v=K0qWcnnO3Ro Посебно внимание ве молам на првиот коментар под видеото! Секоја пофалба и чест за Даниел, посебен и прекрасен глас!
Прерано е за фаворити, знам, ама сепак Дамјан Џуривич мене ми е фаворит.. Растури момчево. Инаку во претходното мое мислење на темава пишав дека нема да ги коментирам судиите, ама ете Жељко ми е стварно безвезален. Даде „не“ на Фифи и момчето што го напна со севдалинките, а на оној кој му речи дека не погодил ни еден тон даде „да“ Па добро, стварно непрофесионално од негова страна. Добро, разбирам, шала ово оно, бива понекогаш, ама па цело НЕ да дадеш на некој кој навистина го бива, а да да дадеш на некој од кого јас би испеала побаво (земајќи го во предвид фактот дека јас сум ви расипана касета )... И да, мнооогу изиграва Сајмон, знам дека ова не е еднаш кажано, ама човекот ептен си сака да биде како него и точка, не, заприка. И тоа демек не станува на некои царови кои ќе испеат поубаво од него му е минус... Толку од мене. Се читаме.
Кога го гледам видеото каде што пее Даниел се чувствувам како некоја тинејџерка кога се воодушевува на својот идол. Најсериозно. Си се чудам на самата себе како затреперувам цела. Луѓе, дечково е КОМПЛЕТЕН. Има се што треба да поседува еден човек пред се, па потоа и пејач. А тоа го имаше само Тоше според мене и никој друг. Се надевам дека и Даниел ќе постигне голема слава, навистина се надевам и заслужува. Веќе и има свои фанови, нека биде сигурен во тоа. И би било жалосно да не направи кариера, барем на Балканов. Само да биде паметен, да остане цврсто на земја и што е најважно внимателно да одбира со кого соработува. Јас одамна немам видено ваков човек на телевизија, што просто ќе ме воодушеви само со говорот и скромноста, па тек кога ќе отвори уста. Целосен професионалец. Па и каква харизма има, ау, ау, ау, тоа е страшно нешто...
следниот пат вајда со лимузина ке дојде до сцена и неколку женски онака да играат, да се филма дечкото