Oва ви се вика талент на икс-фактор не тука штоооо пишеме ние. Oваа е талент-да се насмееме до солзи хеххехе јас пукнав од прв пат кога ја видов таленткава на икс-фактор........ http://www.youtube.com/watch?v=ncAc6oCNgAw
Прво и основно Илма не е дете,ами тинејџерка.Бркот е најмал проблем?целата таа еуфорија околу нејзините 6влакна на устата впрочем е започната надвор од форумов со вицот-Еј Илма,имаш малку уста на бркот.И да,може да се среди тоа,кога веќе нели не сме мазни родени ,си го средуваме тоа уште од пубертетот.за невоспитана - Е невоспитана,ако пратите на Фб ќе видите дека 90 посто негативни коментари има во однос на нејзиното НЕпонашање.Па ко малку да беше сега и Кикии е крив што она фалширала,мада јас и го обожавам гласот,всушност тоа е единственото квалитетно нешто на нејзе. Мора да си поработи на понашањето ама тоа сериозно,вие колку сакатебранете ја,секој има право на свое мислење,ма дај па Х-фактор бараме овде,се е битно! Пример мене може Алекса ми е убав,на некој бубуличав и сеа ја предавања да држам зашто тебе ти е бубуличав рецимо? Пффф глупости,кој што сака ќе си пише бе , форум си е ова,нека си го опраи карактерот па после ќе збориме,до тогаш Даниел ми е туто комплето од сите и не зашто е наш.... Уште не станале звезди,веќе перја пуштаат,абе ајде мислиш па кој знае па какви ванпланетарни таленти се таму Па така де ееее....
Илма има 60 посто од гласовите, ова е точна информација, така да она е потенцијален, ако не и сигурен победник. Има големо гласачко тело во Босна кои гласаат за неа.
Па така де, давајте мислење за други работи, а не изгледот. Грда е, страшна е, таква и била фацата, онаква и била фацата... Јас разбирам дека секој има фаворити и прифаќам. Мене ако ми се свиѓа како пее она, немора и на другите, јас не зборам за тоа. И мене нечиј фаворит не ми се свиѓа како пее и тоа е. Ама изглед не мора да се коментира и шала да се удира на нејзина сметка.
Јас мислам еднаш напишав еве уште еднаш ,не се сложувам дека нешто тинејџериве се луди за Доктори ,Алекса а најмалку пак за Лукијан ,тоа се виде и на настапот во Бања Лука каде беше присутна баш таа тинејџ публика кој е најпоуларен ,а уште помалку гледам дека им ги преплавиле фб страниците ,мислам јасно дека од продукцијава се гледа се ке направат да им се наметнат ,посебно Емина тоа го прави дури и нападно,али не верувам дека ке постигнат нешто многу ,може нешто со Алекса, како и Докторите кој мене лично ми се допаѓаат на сцена како функционираат и изгледаат иако се копија на 1Д,но несто значајно неверувам се што се наметнува неможе да трае долго за разлика од спонтаното освојувајне на публика ,а и повекето од тинејџериве сепак и тие знаат што е квалитет
Мене фаворити ми се Даниел,Тамара и Лукијан. Од овие тројца најдобро ми пее Даниел, не дека е од Македонија, но човеков навистина има талент.И Тамара убаво пее,но мислам дека песната на првата аудиција ја имаше многу вежбано и затоа се покажа во најдобро светло,се надевам дека во следниве лајв вечери ќе го откријат нејзиниот стил за песни кои треба да ги пее.Лукијан ме воодушеви со ``Sve moje zore`` и од тогаш стана еден од фаворитите. Илма убаво пее,но мислам дека славата навистина и` удрила во глава.Уште од judges house почна нешто многу да влегува во филм и многу да се фали.Вторникот кога и` заврше настапот девојчето одма почна да се лигави и готова беше да заплаче.Се случуваат такви работи на сцена,па еве не е крај на свет, на сите пејачи му се има случено барем еднаш. Многу ми е мило што Александра Секулич отпадна од ова шоу.Девојката е лична,убаво пее но мислам дека местото не и` беше таму. Сепак, на крајот ќе победи некој кој не очекуваме. Групата Доктори сигурно ќе бидат едни во првите 3 најдобри.Алекса не пее многу многу убаво,но има предност бидејќи е личен и знае како да шармира.А Емина премногу ги форсира, ги прави нешто што не се.
Да бидеме искрени алекса го преовеличуваат ептен! Убав е, да. Пее убаво исто таака, ама за разлика од Даниел или Лукијан или Илма е ништо. Ама сеекогаш било вака. Па и на македонски идол беше иста приказна. Видат еден убав, ајде сите попалени тинејџерки ќе го издигаат. Демек знае да пее и слично. Пола од гласовите се од тинејџерките. А Даниел, не дека е македонче ама најдобар е.
Потенцијални се сите, или минимум 3-ца. А точна нигде не стои дека е, не шири небулози и "точни" непроверени информации.
Тамара ми е идол уште од првиот настап.Но и Даниел и Илма убаво пеат.Последната песма Александра Секулич многу убаво ја испеа, секако неможе да биде како Тамара! http://www.youtube.com/watch?v=NpQnYA5OwNU
Јас пак прочитав дека Даниел има 60% од гласовите, ама не тврдам дека е точно, така да немој и ти. Ако си го причитала некаде не значи дека е точно Илма и Даниел јес да имаат многу обожаватели, ама 60% не верувам
Го следам Xфакторов од почеток, ајде и јас да ви кажам мое видување, со дел оттука се согласив, за дел од вашите фаворити искрено ви се чудам, ама нема врска, секој со свое гледиште Мене ми е жал за децава Им се дала лажна надеж дека ќе станат некој и нешто, а сите добро знаеме дека од вакви шоуа не излегол ниту еден кој достигнал кариера, макар и до пола, а камоли па врв Доказ ви се и сите снимки досега шо ги пуштате од нивни постари учества, те на Талент, те на Глас Србије, речиси истите се повторуваат. Мене лично, во сите натпреварувачи, ко да го чујам Даниел Кајмакоски, на сите лајвови испаѓа како тој да се натпреварува со сите останати(а од сите останати еден одвај да изделкаш) и секогаш тој победува. Ги почитувам нивните таленти и напор да се докажат и да покажат што знаат, и дај Боже сите до еден да дрмнат по некоја песна, ама јас лично би сакала еден ден да застанам на концерт на Даниел, да слушам негови песни, зашто ми ја има онаа харизма заради која го сакав Тоше, кај Џон Леџенд, кај Сантана, Бон Џови, шознам, во сите стилови на музика си имам еден омилен изведувач па така го гледам и Даниел, кој навистина допрва треба да си изгради сопствен стил, допрва треба да пропее нешто негово, лично и персонално, ама ете, покомплетен не сум видела досега. Е сега, реално, бил прв или последен, во неговата идна кариера му требаат навистина добри текстови и музика, за да излезе од него максимумот, за да биде навистина тоа тоа...па така и се надевам дека за скоро повторно ќе се вратат на репертоар песните кои замреа Илма, и покрај гласот на кој дедо Боже кај нејзе не штедел, се друго така ме одбива и се чудам зошто нејзините родители дозволуваат да ја билда самодовербата до ниво на егоизам и себепреценување Дете е бре, има време, за секој збор од жирито таа има реферат да отчита, и пази, секогаш некој друг е крив!? Алекса, освен таа мачо улога, демек убав сум, висок сум, окатен од 8 до 8, на мене паѓаат тинејџерки...ни посебен ни ништо, ми се допаѓа шо си стои на лесни певливи песни, не се мачи и напнува со песни кои нема сила да ги интерпретира. Лукијан на пример, така флегматично и пасивно створење, амин за повеќе. Без разлика што ми се допадна изведбата на Све моје зоре, не можам да сфатам како може толку да се измори пеејќи и напрегајќи се. За време на пробите ко полузаспан ми е, за да на лајвот се препоти и напрега ко да ора Тамара, дај нека си ја сфати сериозно работава, досега не ме воодушеви, исто е пасивна и тотално збркана, Тамара од аудициите и оваа врска немаат, пее колку да отпее, а секој настап и е ко пред испаѓање. Бркович, специфичен глас, лош стајлинг ама баш секогаш, досега не испеа ниту една песна со која ќе го изнесе најдоброто, Кики некако слабо стои со изборов на песни. Маид...има убав глас, да викне и да здрма, ама тоа што си влече кон турбофолк... и згора на се, Маид е веќе добропознат во тие кругови, се смета за професионалец...не му е место тука, не би му купила албум Хм, Доктори, ги запустија деава, не можат да се истакнат, скорс различничетири гласа, делка Кристина од топола кавал, ама слабо некако. 4u, Тоа девојчето со виткана коса, не знам како се вика, да беше сама можда ќе им беше конкуренција, ама вака, се знае, четири се, па од сите четири тел. гласови таман за еден. Харис, ептен не припаѓа тка, џабе му го фати местото на Милош. Кој остана...Секулиќ, браво за неа што стоечки ги издржа и трите настапи, и самата беше свесна дека сосила турка. Со пеење слабо некако,ама со држење, дури и јас и пољубоморив Доволно е,ова се натпреварувачите кои јас ги следам, и пак ќе си кажам дека за мене Даниел е веќе победник, далеку сум од патриот, не дека е наш, ама дај нешто светско нека мрдне и од Македонија. Не се сомневам и дека Жељко ќе застане зад него па си очекувам добро песниче Тако, ќе си чекаме вторник, и ќе си дремеме пак тука
Хаххахаххахахах лелеле како паднаааааа. Коментари од жирито: Јас сам как тресната од камион, смачкана! Как магаре да пее. 1.....2.....3.....4.....НЕ!
Не ми беше воопшто смешно туку жално кога запеја, единствено кога изведе слободен пад ме насмеја убаво... Никогаш не ми било јасно дали се овие луѓе, како девојката во клипот, оперирани од слух? Ај тие да си умислиле нешто во глава, да гаат некои лажни илузии, но што е со нивната околина, пријатели, родители, браќа,сестри? Дотолку ли нема кој да им каже, чекај врати се назад, кај си пошла...Па да ми е другарка или сестра прва би и кажала.Ова се граничи со ментално пореметување... На моменти стварно помислувам дека вакви пријавувања се местени.
Се сложувам дека се претера со ‘бркот‘ од Илма. Но, кога веќе се оценува целосен изглед: пеење, костимографија, среденост, движење, однесување, ИТН. требало и бркот да и го издепилираат. 1 минута работа е, не е страшно. Можеби нема кој да го поучи момичево, а и во нивните семејства кај повеќето е нормално жените додека не се мажат да не депилираат ништо на себе. (Другарки муслиманки ми кажувале дека од дома не ги оставаат ни веѓи да средат, ни ништо) Но, Илма ќе се соочи понатаму со исмејување и слично, можеби кога ќе потпорасне ќе се вртат тие слики од Х Фактор со бркови. Затоа, за да ја заштитат од сите тие коментари, сегашни и идни, нека и ги издепилираат. Јас на времето имав страв да ги издепилирам (но, ретко кој го правеше тоа тогаш на помала возраст) се додека едно дете (кое беше зајадливо со сите) не ми рече: ејјј Гоце Делчев... И истиот ден ги издепилирав, и не беше ништо страшно и тешко. Колку да ми падна незгодно од детето, толку и услуга ми направи. А, кај Илма не е еден, охоо колку души ја зедоа на мајтап. И, да, се сложувам, тоа уште на почетокот го напишав, дека се гледа дека е кренато детево.
^^ Не е кај повеќето. Како тоа кај повеќето. И има разлика од муслимани до муслимании- значи по националности. Обичаите и верувањата не се исти кај сите муслимани. Кај нас не е така. Кога сакаме можеме ад се издепилираме или чупаме или незнам што уште, нема врска тоа со мажење.
Мислам дека си нема врска депилирањето со религијата. Јас пак баш напротив знам многу муслиманки кои што се редовни по козметичките салони и се средуваат и депилираат повеќе и од нас. Тоа можеби порано постоело но сега мислам дека е искоренето скроз. А кај Илма конкретно сигурно не и забрануваат од дома да издепилира надусници а и дозволуваат да се шминка, според мене нема врска тоа со некоја забрана или нешто такво иако ќе се сложам дека се претера малце со бркот, да беше некој повозрасен па ајде ама сепак е дете. Инаку за Даниел да си кажам, мислам дека полека почнува целата онаа еуфорија околу него, барем во Србија да спласнува. Некако стварно го исфорсираа и тамошните медиуми па кулминира по разноразни негативни коментари за него, дека е наместена победата, дека почнал и од фрижидер да излегува и сл. Пример, гледам дека на официјалната страна на Х фактор се спукале баш околу Даниел, па и на еден портал што објави нешто за него исто така. Се чини дека Даниел полека ги губи симпатиите кај северните ни соседи. Не е он крив, баш у медиумите нивни ја пронаоѓам кривицата, во секој текст кој што ќе го напишат за него иако добронамерно сепак во некоја завиена форма како да сакаат да му наштетат. И се разбира дека со толку форсирање и пишување само за него ќе им здосади на луѓето и ќе помислат дека продукцијата го форсира.А што се однесува до нивните кандидати ги нема нигде, или барем јас досега не прочитав ништо за Лукијан, Алекса или некој др. Само за нашиве и Босанците се пишува. Убаво си кажа тој, не ме форсирајте да не ја згрешиме работата. Да се надеваме дека нема да се одрази тоа на лајвот кој следи.