е сега ти најде да судиш кој е за грев, а кој не....ако гледаш гледај ако не немораш, никој не те натерал со сила. (За греота е и таа , ама и тие што и се смеат заедно со неа.. ЧУДЕН НАРОД ). види колку гледност има видеово прво, за сите е смешно, а ти како паметна кажуваш приказни. ова е демократија, никој со сила не те натерал на ништо, ако тебе не ти е смешно на други еееееееее.ај папа сега
Знате јас не се согласувам со Маид кога рече на едно интервју дека треба да се пее на свој мајчин јазик, дека на крај краева сите ќе останат во својата земја и ќе пејат таква музика. На тој начин се вадеше тој бидејќи не му лежи странска музика. Затоа ја разбирам Кристина Ковач на што мислеше уште на почетокот. И затоа во очиве Даниел го гледам како победник, но од друга страна има едно непишано правило дека вториот секогаш успева повеќе од првиот. Се нервирам заради србиве и босанциве кои мислат дека Даниел го форсира продукцијата. Реални да бидеме па отсекогаш ние Македонците сме биле поттурнати, а не сега толкава моќност да биде местено македонец да победи. Само тоа е, додека ние овде правиме муабети за бркот на Илма или некое смешно видео, другите му ја туркаат на некој начин цената на Даниел. Не знам дали јас реално не гледам на работите бидејќи го сакам Даниел како човек кој ветува дека ќе има надеж во музиката. Емина намерно му даде на Харис да пее песна од Дино Мерлин и после негативните коментари таа да му вели на детето сакај го својот народ, она што си и бла бла муабети. Се тоа беше само за да ги привлече босанците да гласаат што повеќе. А дека Х фактор не е за такви песни, не е, особено и онаа турбофолкерскана песна која ја пееше Лукијан со која наводно се прослави. Што е следно? Да се пее поздрави, је поздрави ?
и јас така мислам, девојкава има добар глас, но може да пее само еден стил песни ништо повеќе. минатиот настап воопшто не беше ок, не ми се допадна http://www.youtube.com/watch?v=S9bWmHwfE9s
Изгледа сум единствената, но мене искрено никој од натпреварувачите (вклучувајќи го и Даниел) не ми се ништо посебно. Ми се допаѓаше Милош, но отпадна уште кај Емина. Дефинитивно судиите направија многу лош избор. Не знам зошто така наеднаш ги одбраа кандидатите за лајф шоуата. На Американскиот (додека уште одеа по џарџес хаус - концептот), после аудициите сите пееја уште по една песна, па одбираа групи кои одат понатаму, кои уште еднаш пееја по двајца една песна за кој ќе продолжи во куќите на судиите. А овде без да испеат ги елиминираа и ги ставија по десет души во една минута, како по 5 секунди и една песна од аудициите да може да се прсуди колкав е какпацитетот на еден изведувач. Во глобала се ми е некако на бефтана шоуво, колку да го има, колку да се случува нешто, воопшто не е професионално изведено. Започнувајќи од техничките проблеми, матрицата многу пати е прегласна и натпреварувачите не се слушаат, пратечките вокали во глобала повеќе одмагаат одколку што им помагаат, па се до составување то на групите, кои дефинитивно се составувани колку да состави група, затоа што така составуваат во другите х-фактор шоуа. Членовите воопшто не си одговараат вокално, што особено ми беше изразено Фифи и Маријанела, па и кај 4ју е доста забележливо, машкиот бенд некако се провлекува, иако сепак не се баш добра комбинација. Кристина ми е дефинитивно најдобар, најкомпетентен судија, но за жал не можам истото да го кажам и за ментор. Се гледа дека воопшто нема искуство со групи, не знам зошто воопшто неа и ги оствија, мислам дека требаше групите да и ги остават на Емина, затоа што сепак мислам дека никој над 25 години не слуша бој(или грл) бенд, целна публика се тинејџерите, а за тоа Емина е дефинитивно најкомпетентна. Баш е штета, мислам и дека Кристина би се истакнала многу подобро како ментор доколку имаше друга категорија. Во однос на натпреварувачите Даниел ми се допадна на првата аудиција, на лајвовите и со when I was you man (можеби дека сум навикната на оргиналната верзија (Даниел многу грубо ми ја долови)) и не ме фасцинира баш, баш. Тамара исто. Алекса ми е како восочна фигура. Ми изгледа како личност без свое јас. Како ќе го наместиш - така ќе седи, како ќе му свириш - така ќе игра, барем мене таков впечаток ми остава. Безличен ми е. Не знам ни што би коментирала повеќе за него, од настапите до сега не можеш ни да откриеш каква музика сака и каква би правел во иднина, ама баш ништо. Вокално ми е просечен и невпечатлив, кога Емина го одбра за во Лајф шоуата, ги прашав моите кога пееше овој, оти не го видов досега, кога помина, а аудицијата му ја дадоа некогаш!? Лукијан ми е како Алекса, просечен и невпечатлив, недоизграден, ни кај него не можам да забележам во кој правец би продолжил. Бркович органски не ја поднесувам. Многу лош впечаток ми остави на првиот лајф кога ја пееше Nobody's perfect и измисли нов текст(т.е и нов јазик всушност) а на сцената се однесуваше како песната многу да ја погодила. Толку вештачки ми изгледаше, што и самата не е свесна. Во моментот се застрамив што сум кажала претходно дека ми се допаѓа песната. Редовно менувам канал кога таа е на ред. Маид - факт е дека не го милувам правецот на музика кој тој го милува, иако во глобала не судам никого според музиката која му се допаѓа на моменти ми е смешен, понекогаш малку одвратен, но како и да е не се чувствувам компетентна да дадам било каков коментар во врска со тоа каков е (или каков би бил) како музичар, затоа што никогаш не сум ни слушала таков тип музика. За Илма и Чато искрено ми е жал вака кога ќе видам толку мали деца на вакви шоуа. Покрај другото, пеењето е бизнис и работа, не се доволно зрели да се дел од ваквиот свет. Доколку би успеале сега само негативно би влијаело на нив, така е речиси со сите млади "ѕвезди", едноставно на тие години не можат да ги сфатат некои работи, многу работи се земаат здраво за готово. Чато е колку толку позрел од Илма(додуша и од 90% од натпреварувачите, но сепак), на Илма уште од сега се гледа дека се ова негативно влијае на неа, а пак за неколку години .. Не знам зошто родителите од дома ги оставаат вака мали да се изложуваат на вакви работи, има време за се, нека си уживаат во детството. Групите искрено мене повеќе ми изгледаат како натпреварувачи кои се натпреваруваат меѓу себе, пеејќи иста песна одколку група. Солата им се предолги, не се баш хармонични, гласовите не им се совпаѓаат, на моменти (особено женскиот бенд) се крајно досадни. И покрај тоа што не се идеална комбинација мислам дека може малку повеќе да се извлече од нив. Прво Кристина мислам дека треба да им дава помали делови за соло, не еден да пее од рефрен до рефрен, многу досадни звучат вака, што во никој случај група од 4-5 лица не смее да си дозволи. Дефинитивно останатите би можеле да акценитираат клучни зборови(делови) додека еден пее соло, додуша за тоа треба да се баш ускладени, а тие се далеку од тоа, но доколку би се потрудиле, би можеле. Па кога ќе размислам подобро мислам дека секој од нив ќе си го фати својот пат после Х фактор (особено членовите од женскиот бенд), се гледа дека не се сложуваат најдобро, па така да не вреди ни да се трудат како група .. За Секулич искрено ми е жал што испадна, не беше вокално нешто полоша од другите, а многу ми се допадна тоа што пред се беше искрена, не глумеше лудило и играше со отворени карти, без драматизирања како повеќето. Изградена личност, знае што сака, како да се однесува на сцена, баш штета...
На минатиот настап беше многу болна,одвај збореше.Иначе на би рекла баш дека пее еден стил на песни,ако е така што би рекле за Алекса кој до сега не го видовме во некое поинакво издание? Јас не викам дека тој пее лошо ама мислам дека повеќето го сакаат затоа што е убав (не мислам ни јас дека не е) ама сепак ова е шоу за пеење и има многу подобри од него,а не би било чудо тој ни да победи.Сепак да не се разбереме погрешно,немам ништо против него,само мислам дека има многу подобри од него..
Стефан Коковиќ – Најголемата фан база ми е во Македонијa http://fashionel.mk/87698/fashionel-vo-belgrad-moden-koktel-so-dizajnerkite-ana-i-tijana/#1 Овде можете да прочитате за неговата примарна професија и за искуството во х фактор. Само да ве потсетам дечкото беше во групата на Емина ама испадна.
девојкава е ок, има глас...Aлекса како и останативе од кај Eмина, посебно Aлекса -Eмина на почетокот искоментира дека е нај најсимпатицен и најубав дечко и бла бла од таму дојде таа цела фама као дечково кога ке се појави зрачи од убавина и паѓаат девоките во несвест искрено не е ништо посебно. Nезнам дали се сеќавата во куќата кај Eмина кога беа, таа сама кажа дека се борела ALEKSA да го земе во нејзината група, затоашто тој најпрво беше во групата Dоктори кај Kристина, после Eмина успеела да го замени Aрмин со Aлекса.Tака бил распоредот прво Aрмин е заменет со Aлекса и затоа е толку го воздигнува Eмина( као детево лепотан преталентиран). Pобарајте на YOUTUBE ке видите. Mислам дека имаше многу појака вокали и таленти, што за жал не се сега присутни во шоуто. имаше многу поталнтирани лица кои заслужуваат и те како да бидат на нечиво место...на пример Mаринела и Fифи ????? па може ли да се споредат со Jана и Lука, Mладен Lукиќ, Mилош V и мн. други. Tоа е тоа, ке видиме на крај што ке се случи...да не прогнозираме пред време и да се разочараме.
kojznae u idnina kolku ke vrede lopatata so koja daniel kajmakovski meshal malter АХАХАХААХАХАХХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХА Абе не се можни нее.
Маид ќе биде смешки ако утре е интернационална вечер и се пее на англиски. Типот е дааааалеку од х фактор, го има само факторот кафански глас, што е ок, ама за во кафана да се кршат чаши. Срамота е да учествува на интернационално шоу да вели дека (парафразирам!) нема потреба од англиски, и онака секој ќе си остане во рамките на својата земја. Прво, поентата на шоуто не е таа, ако мисли дека е - не требало да се пријавува, го познаваат во Босна. Второ, што ако победи и добие награда да сними песни/албум со Сони? Допрва ќе учи англиски? Срамота е за млад човек во денешно време да биде понесен од националистички побуди, да биде затуцан, да не проширува видици. Само Балканов може да се пали на такви работи.
само ова ништо друго немаат објавено...Jас на https://www.facebook.com/XFactorAdria?fref=ts читкам и само ова е објавено за во вторник http://www.svet.rs/najnovije-vesti/x-fa ... ceri-lorin
Видејте Даниел шо објави на инстаграм..конечно http://web.stagram.com/p/647108295429068171_845804228 знам дека е убав остајте тоа, ама видете во ,,опис,, шо има напишано..дали то значи дека ке ја пее hallo?
^^Мислам дека нема врска тоа со песната. Инаку се надевам ќе испадне некое од жутите пиленца на Емина.
Кратко ке искоментирам само неколку.Даниел значи ми е одличен не дека е наш ама човеков си има талент.Илма пее девојчево ама мала е за ова шоу со тие позитивни критики девојчево цело е во облаци па можам да замислам што ќе биде понатаму ако продолжи.Бркович не ја можам не ми е пријатна за слушање па ни за гледање стварно ржи се напнува како да се бори со сама себе и гласот кога пее, додека другава секулиќ ми беше ок убава знае на сцена како има харизма девојкава може нема некој глас ама е пријатна за слушање па и со тек на време ако продолжи ќе се усоврши.А Чато??Не разбирам што бара детево тука.Значи кога го слушам и ако замижам мислам дека пее женско стварно детево треба да седи дома и да си игра со другарите.