Фифи ќе пее со Лорен ? Ма немој да ме зезаш бре! Како би звучела Фифи заедно со Лорен баш ме интересира Инаку мислам дека Даниел подобро би се претставил со Mirrors отколку со Wake me up. Инаку незнам за вас но мене Тамара и Лана ненормално многу ми личат
^И мене многу ми личат еј,од почеток ги мешав Убаво ке ја испее Wake me up бре,не бидете песимисти,со таков глас се убаво ке испее
Јас на почетокот се чудев од каде Тамара (кога не ги знаев убаво) во група да пее Циркузи сум знам Лана е поубава од тамара сепак, Тамара со веѓите УЖАСНИ и се
Баш очекувам да распали вечер Даниел ако ја пее Avicii - Wake Me Up. Му треба некој таков настап да здрма и сите да ги засени да покаже и зацемнтира дека е најдобар. Да не биде супер настап туку екстра супер, бомба настап, да ја запали публиката. И незнам зошто сител не организираат некој автобус да појдат навивачи за Даниел таму, верувам дека би го мотивирало да биде уште подобар, сакам да чујам дека салата ечи за Даниел.
Фифи не пее со Лорен, туку ќе пее на исто место и во иста вечер со Лорен. Овде голема разлика има од perform on same stage и perform with А инаку на X Factor Вип парти ќе пеел Фифи, а и Лорен исто. Што значи нема да биде Фифи на главниот лајв, туку отпосле на некоја забава, така нешто.
Ок е песнава што ја одбрал Даниел, но како одат понатаму настапиве очекувам да извади нешто поенергично и емотивно, без разлика дали ќе биде балада или не, сакам да грми цела сала. Значи тука не ми спаѓаат песни од Авичи или Тимберлејк. Како и да е мислам дека пак ќе има одлична изведба вечер, веќе почна да ми се врти имагинарната верзија на песнава низ глава
Мислам дека вечер ќе има доста фалшови...не ми се верува дека 4U ќе заблескаат со оваа песна...исто важи и за Тамара..како и да е Даниел ке распали, му прилега да си пее ваков стил на песни..
Карина и јас разбрав така,самата Фифи го разјасни тоа на фб. Фалангата да му ја пуштиме,најмногу ќе се слушаме од сите
Ако вака настапуваат вечерва Особено косата Претчуствувам дека утка ќе им биде стајлингот https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =1&theater
Време е да лета или Чато палентата или некој од групите, мене ми е права глупост тоа со групите, а посебно па и колку не ги бива, на почетокот мислев дека докторите се боље, ама жими газот. Девојките се катастрофа, немале ни еден добар настап, а да не збориме за катастрофалната лоша распределба со стиховите кој да пее, а кој не, единствено ми е жал најмногу за Вања, ем убава ми е, ем има прекрасен глас, но не може таа цела група да ја спасе, така да навивам тие да испаднат, иако со оглед дека се група па, сепак имаат повеќе гласови од овие кои пејат поединечно, мислам. А докторите ми се за нијанса подобри, ама читај тенка нијанса, некако послободни се на сцената, имаат некои подобри изведби ама сепак, не е тоа тоа, и сметам дека ќе останат до самиот крај докторите, ама победата релна одамна им е избегана. Даниел сигурно добро ќе ја испее песната, но колку ќе се издвои од другите изведувачи незнам, единствено што може некој да е подобар во настапот од него е ако на некој му се погоди страшно песната а тоа сигурно нема да е Тамара, значи прва ќе пее, осеќам ќе ми ја уништи вечерта, боже господе, дали тој Кики има грам мозок, и со кој ум ја пушта на сцена со таа песна, ама очигледно створени се еден за друг, оваа толку ли незнае бре што песна да избере, има премоќен глас, затоа и уште се надевав на неа дека ќе се подобре, ама многу ме разочарува, џабе ти талент и глас кога не даваш макимум од себе, кога упорно и упорно сам се закопуваш со плиткиот избор на песни кои се друга бранша од тоа што на неа најдобро и лежи. Одам да си купам пуканки, да се наострам за вечер.
Хахахахах јас помислив дека Тамара е на 2те слики ама некако поднаправена сликата со различен изглед После тоа сватив дека Лана е едната многу личат навистина