Мора секоја емисија да се случува нешто, не може една да помине без некакви пречки. Каква неорганизација.
Спремни за коментирање? Што замараат со веќе гледани снимки од Х Патрола? Ова касни само на Сител или генерално не е почнато Х Фактор и на останатите телевизии што вршат пренос? Ајде нека се јави некој што има сателитска?
Темата на вечерашниве настапи е DANCE. Добро е да се видат кандидативе размрдани, посебно Тамара. Таа ми е најздрвена.
Значи оваа Кристина од кај ги копа тие фустани секој лајв и се чудам,ко од алиса од земјата на чудата да излегла.
Еве го овој со С факторот. Ај прв нека помине и нека се губи. Не ми се свиѓа баш песната што ќе ја пее Даниел, а и не е баш нешто денс.