Детево е така растено, многу е добар, наивен, простодушен, воспитан по старинското, па затоа можеби ти изгледа како сељачки. Чешки повеќето машки да беа како него... Па, можеби можеш во спојлер да напишиш, вака да не те затрупаме со пораки.
Не е за во спојлер, си знам по мене, љубопитноста ќе не победи и ќе мора да го отвориме, а така поарно. Е сега за пораките, сама дека си мисли. Инаку едвај чекам да ги видам истите фацки во следиот круг како Перчоли, оној што играше, Лука и Јана, Даниел, Дамјан и сите останати... Се надевам ќе поминат во дванаесетката.
Даниел беше С-О-В-Р-Ш-Е-Н. И нема врска што имал претходно една песна или што гостувал во емисија, ене и Иван Раденов цели аудиции, свирки, интервјуа има поминато, па овде ужас беше. И голем број други кандидати што се на шоуво. Таа самодоверба некоја што ја има, а не прераснува во препотентност и изглед и глас и се, се, се освојуваат. Ти доаѓа да го клонираш и да и пратиш на секоја жена по еден, да видат што е вистински МАЖ.
Е значи гомца се стварно,толку време чекав за bootcamp-от и сега даваат од старите аудиции!Епа не е фер!
Значи не сакав да избрзувам со заклучоци, да не испадне дека секогаш плукаме по она што е наше, а туѓото го фалиме, ама реално организацијата на нашево шоу не може ни да се спореди со Икс факторот на Американците и Англичаните. Менторите мислам дека веќе треба да се избрани, а они вметнале пораки пракање за предлог кој кому ментор да му бил, не знаат како да извлечат пари, дека ептен вишок пари имаат луѓето на Балканот. Наместо да ги даваат аудициите од регрутниот камп, они ретроспектива даваат од аудицииве, мислиш малце ги изнагледавме на youtube, па да погледнеме уште еднаш. Тоа на страна, да не споменувам дека пола и повеќе од учеснициве и не им беа прикажани аудициите, дури и на некои кои се поминати не ги видовме аудициите, мислам дека има повеќе поминати од бројот на тие што се прикажани. Ако ништо друго можеа сега наместо цело време истите, да ги прикажат накратко како едно заедничко видео со импресии и другите кои се пријавиле, да видиме конечно нешто друго и да споредиме дали ова е навистина најквалитетното. Десетмина дали прикажаа што не поминаа, како можеме ние да направиме компарација на тие што поминаа и тие што не, да оцениме дали навистина е избрано најквалитетното. Згора на се и од самиот старт испадна дека продукцијата намерно или ненамерно некои кандидати ги фаворизира со тоа што им ја прикажува целосната аудиција и овозможува да стекнат симпатии кај публиката, а другите ги претставува по повеќе натпреварувачи одеднаш, додека тие пеат истовремено и од жирито коментарите ги пуштаат, па не може да се запомнат или оценат нешто посебно колку се добри. Нема врска дали биле дуети, Македонци, млади девојки или било што друго, сите се борат за иста титула и за сите трема да има ист третман. А не некој ќе го прикажат 5 секунди, некој 15 минути, не оди тоа така. И шлагот на се, чекаме сите bootcamp, они си даваат минати аудуции гајле си немаат. А во најавата стопати рекоа, гледајте ги новите настапи. Да бе, како не Безвезална работа.. И се е некако забегано, се знае на другиве шоуа, си има ред. Тука којзнае следно што ќе даваат.. Ние да сме прателе порака да предложиме ментор, ми ај и ние да дојдеме жири да бидеме, може ли
Се согласувам со karina8 некои ќе си дадат детална психоанализа за себеси и за тоа каде одела мајка им четврток попладне, а друг едвај 5 секунди ќе го погледнеме. Да одеше побрзо процесов, без најави и други срања, мајмалку уште 10-тина ќе беа прикажани, а наместо овоа денеска глупостиве, ко да не сме ги гледале најубавите, можеше да стават уште една емисија плус, па макар и со детааални најави на кандидатите. Не оти сум се утепала гледајќи х фактор од странскиве, ама 2-3 настапи што имам погледнато - се гледа дека е фала богу поорганизирано, а овде повеќе се претставуваат кандидатите отколку што пеат. Разбирам сеа за последните кандидати, ај нека проџе, ама пак не знам кого го интересира од кое село бил натпреварувачи и дали таму береле повеќе ајдарет отколку делишест јаболки и кои повеќе се продаваат, и дали возат кола... итн. итн. итн. Не ме интересира! Чао!
Колкав ентузијазам имав за шоуво, како голем фан на американското и британското, а сега они што прават... Искрено ми се одмили концептов, ако воопшто можеме да зборуваме за концепт на балканскава верзија. Убаво кажавте погоре, наместо да снимаат 4 часовни материјали за тие што не „воодушевиле“ можеле фино лепо да пуштат и снимки од некои други кандидати, нешто од жирито интервјуа едно друго, а не ова фаворизирање на што личи. Сега случајно да не ќе биде неизвесно кои ќе одат понатаму? Ма што и да прават, нема шанси. Второ нешто што не ми е јасно(мада претпоставувам како ќе биде), како што прочитав финалните 12 се веќе одбрани, а менториве не им се знаат, тогаш како ги одбрале? Нема judges homes? Или тоа со столчињата? Малку глупаво е во bootcamp od 100 веднаш 12 да одберат, а и плус оваа фаза што најверојатно ќе ја прескокнат некако најомилена ми беше, ќе видиш и емоција и се Од судиите најкомпетентна ми е Кристина, и од се срце и посакувам да и се паднат машките кои според мене се најсилна категорија, а и сака жената. Емина не дека ќе има нешто да ги научи, може она нешто од нив ќе научи, типувам дека групи ќе и се паднат. Кики мислам дека е ептен срцка и дека најверојатно ќе има што да ги научи само сега на аудицииве некако срамежлив беше За Желјко не ни коментирам, изгубив секаков респект за човеков, невидена ароганција... Како и да е, ако има некои информации дали ќе ја биде фазата со џаџес хоумс нека пише
Желката на Твитер: „Siguran sam da Makedonija vec sad ima izvodjaca za #esc 2015. #kajmakoski“ Барем Даниел да го поддржува,остало небитно. Judges Houses ке има после bootcamp-от.Од кампот се бираат 24 кои продолжуваат во куќите на судиите а после тоа се бира последната 12ка.
Не знам зошто ова повторување на аудициите,кога сите клипови ги има на yоutube.Реално ова изгледа на форсирање на одредени кандидати,посебно што не ги даваа редоследно.Бидејки во досегашните емисии најдобрите ги оставаа за на крај,од епизодава може да се заклучи кого продукцијата би форсирала како фаворит.Се плашам дека и мене овој XFactor ќе ме разочара имајки во предвид како регуларно поминуваат реалните шоуа на Балканов,ама ајде рано е ќе видиме. И најнелогично од се како публиката да гласа за ментор,кога како што се зборува bootcamp i JH се одамна снимени и се знаат оние кои ќе настапуваат на лајв емисиите. Освен ако не планираат се да преснимуваат. Инаку од она што овие два месеца можев да го прочитам и соберам како информации-спојлери по српскиве портали,форуми,ова го знам во врска со шоуто. Спојлер Наводно категориите се вака поделени Кики-девојки Емина-момци Кристина-групи Жељко-над 27 години(тешко на наш Даниел ако е вака) За Кики скоро да е сигурна информацијата,бидејки има доказ.Гостин во JH бил познатиот водител од BBC радио Скот Милс кој прикачил видео од гостувањето. Нормално без да се открие идентитетот на шесте девојки. http://www.youtube.com/watch?v=VO63rzgp4AU Толку информации засега имам за шоуто.Плус она инфо од АК за нашите кои се веројатно меѓу првите 12(или 16).
Да де,тоа се се знае веќе и е снимено дури,само настапите во живо допрва доаѓаат! Не ми е јасна тогаш емисијата вчера,као демек публиката да учествува со предлог за менторите... Само колку да се крева прашина,да се пишува,да биде активна страната и да се збори за тоа...а уствари народот кој (никој) не го тркала... Се надевам нема да биде така и после со гласањата коа ке почнат!
Моментот кога Спојлер Scott Mills го прекрсти „Бане“ во „Бејн“. Малку ми беше непрофесионално, ко сеа они да го викаат Сцотт. Шознам.
Како мутави да сме, па сега на рипит ќе гледаме аудиции, веќе видени натпреварувачи. За некој што не сфатил, сега да сфати. Имаме време за денгубење пред тв со нивниот Х фактор да го гледаме веќе виденото. И малку кандидати покажаа, не е фер и не е интересно вака. Е, де, не е до толку валда. Мислам, дечково може си е ок, ама додека не го запознаеш од каде знаеш каков е? Не може во 5 мин. претставување (каде секако ќе се претстави најубаво што може) да се тврди дека е вистински маж, идеал, не знам што. Реално, да не претеруваме.
Се разочарав од последната епизода, тоа беше напревено како ете да има плус уште една епизода... глупости. Едвај чекав да ја видам новата епизода, кога ќе пејат повторно... ништо. Сега дури другиот вторник... ако не им текне уште една глупа епизода да направат.
Помеѓу 24 кандидати кои продолжуваат со натпреварувањето во Х-фактор има дури 9 Македонци, пишува порталот vistina.mk. Спојлер Тоа се: Даниел Кајмаковски, кој живее во Виена, по потекло од Струга, Лена Златкоска од Скопје, Марија Ичкова од Богданци, скопјаните Фифи, Мања Софрониевска и Ангела Митева, Мартинијан Кириловски од Куманово и Иван и Кико Раденови од Гевгелија.